ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура

КОН СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА НА ОПЕРАТА „ЛИДИЈА ОД МАКЕДОНИЈА - ПРВАТА ХРИСТИЈАНКА НА ЕВРОПА“ ОД РИСТО АВРАМОВСКИ, ВО ИЗВЕДБА НА СОЛИСТИТЕ И АНСАМБЛОТ НА МАКЕДОНСКАТА ОПЕРА (ЛИБРЕТОТО Е НА ГИЈ ШЕЛЕ И ДОРА ПЕТРОВА, А ПРЕПЕВОТ НА ЛИЛЈАНА И ЈОРДАН ПЛЕВНЕШ)

Со големо исчекување и нетрпение ја очекувавме оваа премиера. Најнапред поради големиот интерес во меѓународната јавност со појавувањето на книгата „Заборавените жени на Библијата“. А, за нас значајниот момент: Лидија Македонката, првата личност која апостол Павле ја покрстил, во римската област Филипи, со што почнала една одисеја која трае веќе две илјади години.   Уметникот е тој кој прв реагира на сите случувања околу нас. Во ова дело од Ристо Аврамовски (1934), можеби, ја очекувавме нему својствената сонорика, наслојувањето на тембри... Но, Лидија од Македонија е музички еп (во неговото богато творештво, ја класифицираме заедно со операта „Болен Дојчин“). Авторот се определил кон класичните тенденции на оперскиот жанр и драматургијата: четири чина, главни ликови кои го носат дејствието, нивни придружници, хор - народот и оркестарска подлога. Од една страна, тука е конкрениот момент - времето на почетокот на христијанството и вонвременската и секогаш актуелна димензија: духовниот момент на примањето на верата, преобразувањето на човековата природа и постојаноста на борбата на невербата и вербата, толку присутни елементи во човековото живеење отсекогаш. Разумен и очекуван е и изборот на сопранот Весна Гиновска - Илкова како Лидија, главниот лик во операта. Пред се, затоа што сопранската делница композиторот ја осмислил со низа екпресивни моментни, најнапред примањето на Божјиот дух и осознавањето на едни чисти, топли, хумани размисли и емоции. Токму ова Весна Гиновска го предаде со една изведба исполнета многу емотивно, со голема пластичност, широк динамички дијапазон и само нејзе својствената експресивност. Улогата на апостол Павле е улога која бара одредена одмереност и величественост. Иако млад, басот Игор Дурловски во изведбата на оваа улога се претстави зрело и уметнички сеопфатно, потврдувајќи се како пејач со солидна вокална култура и особено изработени длабоки тонови од басовиот регистар. Силас и Тимотеј - Томислав Бекиќ (гостин од Хрватска) и Марјан Николовски, придружниците на Павле, беа вметнати во севкупното драмско дејствие, претставувајќи го солидно. Сепак, му дозволија на Дурловски да се истакне со своите гласовни квалитети. Трите жени блиски на Лидија беа улогите на Асија - Ана Ројдева, Агија - Александра Лазаровска и Дина - Марика Поповиќ. Овие певици од младиот кадар на МОБ солидно ги изведоа улогите, а со своите гласовни квалитети се истакна сопранистката Александра Лазаревска. Емилија Аврамовска ја играше улогата на Икија, лажната проповедничка. Неоспорно е нејзиното богато вокално сценско искуство, таа со својата појава донесе своевидно раздвижување на сцената.   Хорот го претставуваше народот - една шаренолока толпа на војници, трговци, гатачки, танчарки, што го подигна нивото на драмското дејствие. И покрај големите режисерски барања во поглед на динамиката на движењето, хористите приредија едно сугестивно тонски диференцирано музицирање (хор-мајстор Алгис Заборас, Литванија). Хорот и оркестарот (концерт-мајстор Михајло Кифојанакис) се претставија зрело, ангажирано и со посебна одговорност во изведбата на ова дело. Очигледно е богатото сценско изведувачко искуство и самоувереност на диригентот Јануш Пшибилски (гостин од Полска). Работата со овој диригент се покажа полезна за нашиот ансамбл.   Костимографот Елена Дончева прикажа една занаетска, богато изработена, шаренолока, стилски определена костимографија, со уфрлени симболични елементи. Сценографот Панче Минов реагирал соодветно на зададената тема со модерен ликовен израз. Вистинското внимание сценографот го насочил на кругот, како главно средиште каде се одвиваа клучните сцени. На тој начин Панче Минов го претставил овој дуализам на верба и неверба, со едноставни форми, со модерен ликовен израз и суштинска порака. Режисерот Пламен Карталов многу осмислено и ангажирано влегол во реализацијата на овој проект: неговата поставка води кон создавање  драматични, сликовити и живи мизансценски ситуации, надополнети со симболика и метафора (тропотот на чизмите на војниците - како режим на власта). Појавата на ова дело на Ристо Аврамовски и неговата изведба претставува еден значаен заокружен проект на МОБ и своевиден исчекор нанапред на македонската култура.

Вечер, 16.05.2005г.