ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма

(За „Лидија од Македонија“ на Ристо Аврамовски, проект на Македонската опера)

Поставувањето на опери од македонски автори е раритет на нашата оперска сцена, затоа што операта како комплексно музичкосценско дело изискува многу повеќе од авторот во поглед на креирањето на музичката партитура, обмислувањето на ликовите, разработка на елементот што се нарекува музичка драма. Врз либретото на Гиј Шеле и Дора Петрова (Франција) и за малку непродуховениот превод на она што претставува уметничко предавање на духот на христијанството, во режијата на Пламен Карталов (Бугарија), сценографија на Панче Минов, богатата костимографија на Елена Дончева, под диригентската палка на Јануш Пшибилски (Полска), се реализира премиерата на „Лидија од Македонија“. Смелост беше поставувањето на комплексната музичка партитура на операта „Лидија од Македонија” на Ристо Аврамовски, но, исто така, и успешна реализација (во рамките на она што го нуди содржината) од членовите Македонската опера.
Во изобилието на солистички улоги се издвоија главните носители Игор Дурловски (Павле) - кој веќе по традиција ги толкува духовните лица, Томислав Бекиќ од Хрватска (Силас), Марјан Николовски (Тимотеј) со коректна вокална и актерска игра. Централната фигура на првата покрстена македонка Лидија, Весна Гиновска - Илкова ја предаде со карактеристичниот емотивен пристап, иако се чини дека оваа ролја по мелодиските карактеристики повеќе одговара за лирски отколку за драмски сопран. Покрај нив, впечатливи беа настапите на Ана Ројдева, Александра Лазаровска, Марика Поповиќ, Билен Елминов. Поставката на фиксираниот сценски декор, поради неакустичноста на просторот, не дозволи голем број пати да се осознаат гласовните квалитети на другите споредни ликови, како ни напати настапите на носечките ролји. Затоа, пак, настапот на хорскиот ансамбл на моменти изненадуваше со новиот вообличен музички израз кој е сигурно резултат од работата со новиот хор мајстор Алгис Заборас (Литванија). Оркестарот со голема усилба на Јануш Пшибилски се справуваше со комплексната партитура, донесувајќи делумна подлога за вокалните солисти.
„Лидија од Македонија“ го одразува современиот музички јазик, типичен за Аврамовски, во кој преку делниците на оркестарот, ариите, дуетите, терцетите, малку дозволува да се насети духот на традицијата (без разлика дали се работи за духовна или за световна), како што потенцира авторот Аврамовски. Во дело во кое минимално се одвива музичката драма, беше направен напор, преку режисерската поставка и актерската игра на пејачите, да се осмисли сугерираната драматика од либретото. Неконзистентноста на драматиката, хорски партии кои стилски и жанровски се разликуваа од целокупниот музички израз, појавата на елементи на несоодветната костимографија (жонглери), за разлика од конзистентноста на целокупната костимографија, недоволно богатата сценографија, посочуваат само кон согледувањата за потребата за дооформување на делото. Сепак, за респект е оформувањето и изведбата на македонското музичко творештво кое треба да служи како стимул за креирање нови уметнички дела.

Вест, 13.05.2005