ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“

Публиката во преполниот салон на Македонската опера и балет бурно и аплаудираше на оваа ретка можност: на својата сцена да види дело од домашен композитор - Ристо Аврамовски.
Даниела Стојановиќ
Со неа почнал Новиот завет - со првата покрстена жена од земја која апостол Павле и неговите следбеници ја одбрале за својата мисија. Лидија од Македонија, таа библиска жена од библиската земја, беше тема за големото оперско дело кое го напиша композиторот Ристо Аврамовски.

Операта „Лидија од Македонија“ е големо национално дело и можеби животно дело на авторот. Тешка музичка и не баш многу певлива партитура која ансамблот на Операта ја совлада машки. Исто како и оркестарот, предводен од врвниот маестро, диригентот Јануш Пшибилски од Полска. Секоја чест за ударната четворка солисти Весна Гиновска - Илкова, Игор Дурловски, Марјан Николовски, Томислав Бекич, но и на сите останати, бајгимити, солисти (околу 15-ина), на хористите, статистите. Голема работа во сета оваа приказна има завршено режисерот Пламен Карталов (Бугарија), кој успеал со сценска динамика и визуелни ефекти да го извлече проблематичното либрето кое во основа е без драматуршки развој, без дејство, а каде што, главно преку пеењето, односно речитативот се раскажува приказната. Притоа и самиот текст на либретистите Гиј Шеле и Дора Петрова од Франција, во препев на Лилјана и Јордан Плевнеш, не беше баш убедлив. Затоа, пак, костимографката Елена Дончева направила феноменални костими, а сценографијата на Панче Минев е нешто ново на оваа оперска сцена.
Публиката во преполниот салон на Македонската опера и балет бурно и аплаудираше на оваа ретка можност: на својата сцена да види свое, домашно дело, со тема произлезена од оваа почва и овој народ, но со сесветски и севременски карактер.Овации доживеа авторот на делото Ристо Аврамовски кој најде сили, по неодамнешната тешка операција, сепак да дојде и да се поклони пред својата публика и пред своите колеги. Колегите горе на бината и оние во „школката“ го поздравија со гласно тропање со нозете и со бурен аплауз.

Вест, 11.05.2005