ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут

Долгонајавуваната опера „Лидија од Македонија“ од македонскиот композитор Ристо Аврамовски, завчеравечер на сцената на Македонската опера и балет го почна својот музички живот.
Ова е втора опера на Аврамовски, која излезе од просторниот црно-бел свет на партитурата, по праизведбата на операта „Болен Дојчин“ на „Мајските оперски вечери“ во 1983 година. Музичката содржина и јазикот на кој е напишана „Лидија“ се инспирирани од македонската традиција, од византиското пеење, од традиционалната иконографија на нашето музичко поднебје. Аврамовски, преку партитурата и начинот на кој го води музичкото дејство, генерално сугерира модерен израз, но во исто време цврсто се држи до базата - традицијата. Ова дело дефинитивно се разликува од се друго што сме чуле од овој автор. Почнувајќи од самиот музички јазик, до техниките што ги искористил при создавањето. Полифониот начин на изразување и принципот на имитација при водењето на вокалите и инструментите во оркестарот се доминантен принцип, кој интегрално се провлекува како израз во текот на целото дело. Музиката во основа звучи традиционално, а некои од нејзините делови многу често и како цитати. Кога ја слушате, на моменти имате впечаток како веќе да сте чуле одредена фраза, тон, начин на размислување... Секако, тоа не го „осакатува“ делото, ниту ја намалува неговата вредност, бидејќи авторот свесно сугерира таква слушачка атмосфера.
Изведбата, од друга страна, раскажуваше малку поинаква приказна. Не толку лоша, но затоа доста непостојана. Веројатно и сосема логично, зошто во „Лидија од Македонија“ има околу 20 солистички улоги. А, сите го знаеме солистичкиот потенцијал на нашата опера. Секако, со исклучок на Весна Гиновска-Илкова, Игор Дурловски, Марјан Николовски, Ана Ројдева, Александра Лазаровска, Марика Поповиќ.
Весна Гиновска-Илкова и овојпат беше беспрекорна во својата изведба. Ја играше насловната улога - Лидија, првата покрстена христијанка. Нејзината изведба беше емотивна, драматична, прецизна... Со секој отпеан тон на свое место. Без грешка...
Басот Игор Дурловски го играше апостолот Павле. Ова беше неговата најзначајна улога, реализирана досега на сцената на Македонската опера. Со музички ореол на светец и спасител, Дурловски суптилно го креира ликот на човекот што доаѓа во Македонија „за да им помогне на луѓето што живеат во тешки маки и страданија“.
Оркестарот на Операта имаше свои светлини и мракови. Делумно и тој беше „виновен“ за споменатата непостојана музичка приказна... Диригентот Јануш Пшибилски храбро го држеше во свои раце вниманието на оркестарот.
Костимите, кои специјално за „Лидија од Македонија“ ги изработи Елена Дончева, беа впечатливи и сјајни, а сценографијата, дело на Панче Минов, во позитивен расчекор со минатото и сегашноста.
Праизведбата на операта „Лидија од Македонија“ на отворањето на „Мајските оперски вечери“ беше момент што требаше да се доживее, и во никој случај да не се пропушти. Зошто, праизведби на опери од македонски композитори не се толку честа појава на македонската оперска сцена. И, не само праизведби, туку, воопшто, македонското оперско творештво ретко е застапено на репертоарот на нашата оперска куќа. А, „Лидија од Македонија“ од Аврамовски дефинитивно е дело што заслужува особено внимание и постојан живот на македонската оперска сцена.

Време, 11.05.2005