ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Опера

МОБ - Опера

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура
Валентина Димитровска: „Посетата од старата дама“ - оперско доживување
М.Г.: „...Старата дама“ на германски
Тина Иванова: Освежување на музичко - сценската атмосфера
Драган Серафимовски: Старата дама достоинствено дојде и кај нас
Костадин Костадиновски: Весна Гиновска - Илкова со Чо Чо Сан ја дигна на нозе публиката
Драган Серафимовски: Импресивна изведба на Весна Гиновска
Елени Новаковска: „Мадам Батерфлај“ за нови сценски насоки
Тина Иванова: Македонската Чо Чо Сан ја остави публиката без здив
Ангелина Димоска: Домашната опера доби адут
Даниела Стојановиќ: Светска праизведба на „Лидија од Македонија“
Елени Новаковска: Дело со максимална музичка драма
Мирјана Павловска - Шулајковска: Исчекор на македонската култура
Драган Серафимовски: Спектакуларен концерт на Македонската опера и балет
Ангелина Димоска: Реприза подобра од премиерата
Даниела Стојановиќ: И „Рита“ ја свиткаа терористи
Драган Серафимовски: „Рита“ со висок уметничко-сценски настап
Даниела Стојановиќ: Магична ноќ со волшебникот Моцарт
Лилјана Митевска: Волшебна ноќ на Ана Дурловска
Ангелина Димоска: Очекувавме многу повеќе
Јордан Јовев: Ја почувстувавме магијата на Моцартовата музика
Мирјана Павловска - Шулајковска: Волшепството на флејтата
Драган Серафимовски: Магија ја запоседна сцената на МОБ
Радмила Пешева: Маглив приказ на злото
Даниела Стојановиќ: Необична оперска приказна
Ангелина Димоска: Хроматска музичка состојба
Јулијана Жабева-Папазова: Паранојата во светот на глобализацијата
Тина Иванова: Возбудлива креација на „Риголето“
Елени Новаковска: Риголето - МОБ
Трена Јорданоска: Блескаво од Ана Дурловски и Марк Холанд
Вест: Незрела и аматерска обнова
Тина Иванова: Современа опера за специфични вкусови
Елени Новаковска: Ништо од провокативните најави
Елени Новаковска: Просечна, но енергична претстава
Елени Новаковска: Здодевна и монотона претстава
Тина Иванова: Досадна премиера
Радмила Пешевска: Пучини повторно на сцената на МОБ

______________________________________________________

Ангелина Димоска: Операта јуначки се бореше со комплексната партитура

Операта „Посета на старата дама“ од австрискиот композитор Готфрид вон Ајнем, работена по либретото на Фридрих Диренмат, е најновата премиера на Македонската опера. Најавувана подолго време, во копродукција со австриската амбасада, со ова дело Операта се тестираше себеси за можна подготовка на Вагнер. Тоа беше проверка за подготвеноста на ансамблот да се справи со тешка партитура, со современо дело. Идејата беше со овој проект да почне и новата програмска шема во Операта - почеста изведба на современи дела наспроти оперите од т.н. железен репертоар.
Премиерата се случи со речиси комплетно македонска екипа, освен диригентот Јосип Шего и солистот Томислав Бекиќ, и двајцата од Хрватска, и режисерката Надја Кајали од Австрија. Операта досега не извела дело со толку голема солистичка екипа: Анастасија Каптелова, Цветан Стојановски, Зоран Сотиров, Дејан Стоев, Игор Дурловски, Невен Силјановски, Надежда Петровска... Што се однесува до солистите, речиси сите својот дел го изработија онака како што треба. Особено младата Анастасија Каптелова, која го толкуваше главниот лик - Клер Цаханасиан (старата дама). Со одлична вокална интерпретација, фантастична дикција и актерска игра, Каптелова беше највпечатлива појава на сцената на МОБ во вторникот. Другите - хорот и оркестарот јуначки се бореа со комплексната партитура на Ајнем. Диригентот Јосип Шего очигледно се потрудил да го стегне целиот ансамбл, особено оркестарот. Сепак, крајниот впечаток беше далеку од реалниот звук на партитурата. Во секој случај, испадна многу подобро отколку што очекувавме. Значи има потенцијал, треба само малку повеќе работа. Костимите на Марија Пупучевска беа малку дискутабилни и нејасни. И зошто толку многу црвена боја?! Веројатно, затоа што режисерката сакаше дејството на операта на кореспондира и со нашата „црвена“ реалност или минато.
Сценографијата беше добро решена, иако пречеше големата пауза меѓу сликите. И големата бука што доаѓаше од другата страна на завесите, кога се менуваа сценографиите. Веројатно требаше да се реши малку поинаку и да биде мобилна. На тој начин ќе се забрзаа динамиката и текот на дејството. И зошто „ѓаволскиот посмртен танц“ на крајот од операта беше заменет со македонско оро?!
Операта „Посета на старата дама“ интегрално е интересно музичко-сценско дело. Најинтересни се всушност музичките моменти во делото, во кои се очигледни влијанијата на музиката на 20 век, најмногу од експресионизмот и од пунктуализмот - иако Ајнем не сакаше неговата музика да се става во антагонизам со кој било музички правец и стил од 20 век. Нашата Опера навистина се потруди, и тоа беше повеќе од очигледно, да направи успешна премиера на ова современо дело. Но, дали малку е доволно за идниот проект, големата праизведба на Вагнер во Македонија?

Време, 01.12.2004