ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Детски театарски центар

Детски театарски центар

Лилјана Мазова: За децата и за возрасните
Ана Стојаноска: Во царството на другарството
Борче Грозданов: Во дружба со бајките
Лилјана Мазова: Заедно за и со проблемите
Лилјана Мазова: Жртвите на ограденото небо
Лилјана Мазова: Бајруш Мјаку како Сократ денес

______________________________________________________

Лилјана Мазова: За децата и за возрасните

Лилјана Мазова
На репертоарот на Детскиот театарски центар - Скопје од минатата недела е уште една претстава - сега на македонски јазик, но со учество на деца од македонско, албанско, турско и ромско потекло, ученици од основното училиште „Јане Сандански“ - Арлинда, Аријета, Суреја, Моника, Бесар, Висар, Сами, Бурхан, Маријан, Кенан, Зулдино.. Тоа е претставата „Кукавица“, работена според истата драма за деца на Емил Рахнев од Бугарија (создадена во Работилницата за писатели на ДТЦ). Режисер на претставата е Георги Михалков, гостин од Бугарија, познат и по режијата на „Елин“ од Теодора Димова, исто така во продукција на ДТЦ.
Со децата, во изведбата на „Кукавица“, заедно се деветгодишната Магдалена Ендровска која го игра главниот детски лик, и актерите Владимир Ендровски, Камка Тоциноски, Емил Рубен, Снежана Стамеска, Петрит Незири и Зарије Јонузи. Претстатавата ја „движи“ преработката на музиката во која се и познати хитови, а е на Иван Драголов (Бугарија), едноставно податливата сценографија за просторот на дејството е на Крсте С. Џидров, а веселата вкомпонираност на гамата од веселите тоновите на костимите е на Марија Пупучевска.
Дејството на претставата се случува околу проблемите, фантазијата, снаодливоста, допадливоста на девојчето Ена кое секој ден доцни на училиште. Но, не и по своја вина: иако нејзиниот татко редовно ги навива будилниците, таа доцни. Заедно со татко и, секојдневно измислуваат нови приказни кои таа понатаму ги раскажува во училиште - како оправдување за тоа што не дошла навреме.
Во таквата атмосфера (која наместа е и малку развлечена), актерите и децата меѓу себе функционираат на ниво на кое се брише границата меѓу нив. Режијата на Георги Михалков го следи текстот на Емил Рахнев, во кој драмската приказна има многу вистина и логичен тек. Михалков се концентрира на работата/поставувањето на дејството во кое речиси на исто рамниште функционираат и децата и актерите. Практично, заедничката работа ги вовлекува сите учесници во претставата како во игра „без граници“. Секој секому се доближува, секој со секого соработува. Ако од една страна се професионалните актери - Владимир Ендровски, Снежана Стамеска, Камка Тоциноски, Емил Рубен и Петрит Незири, кои одлично ја поддржуваат игарата на децата, меѓу нив е малата Магдалена Ендровска која со својот талент и одговорност пред големата актерска задача, на целата претставата и го дава тон: таа да говори за вистинските состојби во животот на возрасните и на децата.
Тој спој на разбирање и на соработка, на љубов и на желба, е вткаен на начин кој облагородува и радува.

Нова Македонија, 17.11.2004