ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ - Велес

Народен театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ - Велес

Борче Грозданов: Неуверливи изблици на внатрешноста и судбината
Борче Грозданов: Бог да чува од женска беља
Борче Грозданов: Јеротие, не насмеа!
Борче Грозданов: Животот е апсурдна сцена, зар не?!
Тодор Кузманов: Летај или умри
Иван Ивановски: Духовит текст без соодветна визуализација
Борче Грозданов: Животот е шах партија...
Борче Грозданов: Вечната игра на огнот и суетата
Иван Ивановски: Претстава со пренагласени тонови и напрегнат ритам
Борче Грозданов: Крв и јагоди... со љубов
Борче Грозданов: Онегин - актуелен и убав за гледање

______________________________________________________

Борче Грозданов: Неуверливи изблици на внатрешноста и судбината

Кон претставата „Вториот Тестамент“; текст на Карине Ходикјан, режија на Хакоб Газанчјан; продукција на НТ „Ј.Х.К. Џинот“ - Велес
Борче Грозданов
Три жени, три судбини.  Три света, однатре надојдени  од длабочината  на индивидуата изнедрени.  Од тој свет се распознава  се што е човечко.  Тие жени - две сестри и  мајка знаат за себе, за  својот индивидуален затвор,  невиден и недопрен  од екстериерноста на светот.  Оттаму, однадвор долетува  Тој кој внесува немир  под наводната заштита  на трите „кревки, осамени,  незаштитени жени“.  Таа внатрешна супстанцијална  слика неодамна  се одвиваше на сцената  на НТ „Ј.Х.К. Џинот“.  Боите и тонот на театарското  случување се  во „Вториот тестамент"  на авторката Карине Ходикјан  (гостинка од Ерменија),  која дава во мисла и  збор монолошки исповеди  на двете сестри - едната  дрзница, полна со слобода,  запознаена со нискоста  со „работата со тело“,  но и со ум за да се  опстане; другата е повлечена, тивка, останала во  ѕидовите впиени заедно  со душата и судбината и  нејзината мајка. Мајката  е таа која во фон со звучниот аманет кажува дека  ранетиот ѕвер жена во  страста и откривањето на  својот безочен неморал  може и да убие. И така  приказната тече, монолозите  се преплетуваат  (оттука впечатокот дека  овој театарски чин е сочинет токму од три монодрамски  изблици), а со  тоа најотворено ни се нудат  актерските енергии  на Весна Димитровска  (постарата сестра) и Викторија  Терзиева (помладата).  Тука е и гласот на  мајката - Слободанка Чичевска (за која мора да се  признае беспрекорно ја  познава дикцијата, што  дава посебен тон на ликот)  кој лебди над нив и  мртва ја контролира ситуацијата  во која се наоѓаат  двете раскарани и до крај  непријателски расположени сестри.  Приказната е таа која  го создава дејството, а дејството  е тоа што ја создава  енергијата, која е клу-  чот на успешниот проект.  Ако одиме по оваа низа,  тогаш, да, приказна имаме,  можеби и претерано  херметички затворена, од  која пак не видовме до  крај изнијансирани и прецизни,  отворени ликови  (барем според тоа како се  чувствува приказната), од  обете актерки. Ова особено  се однесува на прегласноста  при отворањето на  судирот на релација интима  - надворешност. Така,  Димитровска на моменти  го контролира духот на  својот лик, за одвременавреме  амплитудно и  збунувачки да го измести  прецизно срочениот карактер.  Сличната констатација  важи и за Терзиева,  која, пак, едноставноста и  ненаметливоста на ликот  ја „создава“ премногу наметливо,  а во моментите  на гнев со наплив на многу  напати непотребна енергија,  се „истура“ на сцената.  Значи, работата би можела да се поправи кога  би се создала една поинаку  канализирана енергија  во креациите на овие две  дами на сцената. За ликот  на Антонио Пешев (Тој)  не би можело да се зборува,  бидејќи сосема непотребно  и беспредметно и  нефункционално изгледа  неговата појава во претставата.  Тоа во најмала  рака говори дека режисерот  Хакоб Газанчјан, ја  испуштил шансата во сите  елементи за „повлекување  на конците“ кои би биле  елемент на една прецизно  и точно изнијансирана,  убава претстава.

Вечер, 11.08.2004