ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Театар за деца и младинци

Театар за деца и младинци

Цветанка Зојчевска: Василиса, навистина Прекрасна
Лилјана Мазова: Прекрасната „Василиса Прекрасна“
Лилјана Мазова: Бајка со политички контекст
Лилјана Митевска: Со Арсен Дедиќ, но без помпа
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Борче Грозданов: Вистината и љубовта не ја трпат лагата
Борче Грозданов: Да погледнеме со детските очи...
Цветанка Зојчевска: Мјузикл во комплетен раскош
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Иван Ивановски: Претстава за мали и за големи
Борче Грозданов: Волшебната моќ на убавото
Лилјана Мазова: Костимите на Елена Дончева - вистинско уметничко дело
Борче Грозданов: Во светот на детето и сонот
Лилјана Мазова: Мјузикл за деца ама и за возрасни
Борче Грозданов: Лебедот не засени со убавина
Лилјана Мазова: „ПИПИ...“ и добра забава
Борче Грозданов: Ни палачинките не се вкусни без љубов

______________________________________________________

Борче Грозданов: Вистината и љубовта не ја трпат лагата

(За „Три древни приказни“ од Ивана Брлиќ-Мажураниќ, режија Горан Головко; премиера во Театар за деца и младинци)
Борче Грозданов
Во бајките сонот и јавето се преплетуваат во мирот, на малите мирни идилични места во кои „владее“ љубовта и каде што помирувањето е основната нишка за човечката среќа. Без исклучок секогаш мора да го има и злото за покристално јасно да видиме дека, всушност, доброто значи среќа. Тој свет каде што коренот на убавината е во љубовта кон другиот ближен, човек и на крајот, како и на почетокот, секогаш и секаде победува доброто и храбро срце како спротивно на се што е лошо, страшно, па дури и бедно.  
Ова кратко сиже не е одминато ниту во „Три древни приказни“ од Ивана Брлиќ-Мажураниќ, што на сцената на Театарот за деца и младинци ја постави храватскиот режисер Горан Головко. И таму, во тој свет, древните приказни од Хрватска, центарот на животот меѓу сонот и јавето е Прочката. Магијата на доброто, особено ако се раскаже од сцената, е посебна и ги освојува детските срца. Тоа се докажа и преку оваа претстава. Нивните јунаци (Олгица Христовска, Владимир Лазовски, Елена Трајковска, Драган Довлев, Тања Кочовска, Катарина Илиевска и Предраг Павловски) ги водеа љубопитните очи и треперливите срца низ бајката претворајќи се од кнегиња во змеј, од кнез во селанец, од дете до господин, од мајка до бабичка, од самовила до момчето Марун... и сето тоа раскажано многу суптилно, разиграно, колоритно (за што се заслужни и кореографијата на Љубомир Чадиковски и костимите на Марија Жарак, како и музиката на легендарниот Арсен Дедиќ), бајковито, привлечно... Затоа и непотребна е нарацијата за тоа што се случуваше во приказните. Едноставно, тие се дел од сонот, мечтата и убавината. Сето тоа создава прекрасен, магичен круг. Круг кој блиску, но и бајковно далеку на моменти се отвора и затвора пред чистите детски души, не ја трпи лагата. Имено, од тој свет (круг) многу што имаме да заумиме и ние постарите. Треба да научиме како невино, детски да ја прифатиме вистината, љубовта, како што тоа најчесто бидува во детската вистина, макар и низ бајките.

Вечер, 13.03.2006