ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Театар за деца и младинци

Театар за деца и младинци

Цветанка Зојчевска: Василиса, навистина Прекрасна
Лилјана Мазова: Прекрасната „Василиса Прекрасна“
Лилјана Мазова: Бајка со политички контекст
Лилјана Митевска: Со Арсен Дедиќ, но без помпа
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Борче Грозданов: Вистината и љубовта не ја трпат лагата
Борче Грозданов: Да погледнеме со детските очи...
Цветанка Зојчевска: Мјузикл во комплетен раскош
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Иван Ивановски: Претстава за мали и за големи
Борче Грозданов: Волшебната моќ на убавото
Лилјана Мазова: Костимите на Елена Дончева - вистинско уметничко дело
Борче Грозданов: Во светот на детето и сонот
Лилјана Мазова: Мјузикл за деца ама и за возрасни
Борче Грозданов: Лебедот не засени со убавина
Лилјана Мазова: „ПИПИ...“ и добра забава
Борче Грозданов: Ни палачинките не се вкусни без љубов

______________________________________________________

Лилјана Митевска: Со Арсен Дедиќ, но без помпа

(„Три древни приказни“ во Театарот за деца и младинци)

Ако музичката легенда Арсен Дедиќ, последниве децении ретко можеше да се види на југот на некогашните југословенски простори, тогаш  уште почудно е кога конечно тоа и ќе се случи, да го сретнете во еден сосем несекојдневен амбиент, како на пример Теататарот за деца и младинци во Скопје. Но, не станува збор за некаква бизарна грешка. Тој тука ја работеше музиката за детската претстава „Три древни приказни“ од Ивана Брлиќ Мажураниќ, во режија на Горан Головко, и двајцата, како и Дедиќ, гости од Хрватска.
За оваа своја невообичаена македонска соработка тој вели дека настанала, сосем инцидентно, кога на загребскиот аеродром, пред извесно време, тој случајно се сретнал со директорот на Театарот за деца и младици, Љубомир Чадиковски. А во Скопје решил да дојде чисто од љубов.
И токму така, без многу официјаност, во топлиот амбиент на Театарот за деца и младинци, појавата на Дедиќ ви изгледа сосем природна. Таква беше и атмосферата во текот на прексиноќната премиера. Едноставна и без особена помпа. Иако на неа присуствуваа и јавни личности од политичкиот и културниот живот, како Тито Петковски, Трифун Костовски, хрватскиот амбасадор Иво Кујунџиќ со претставниците од хрватската амбасада, драмскиот писател Дејан Дуковски како и одреден број на актери, премиерата протече во една сосем непретенциозна, речиси домашна атмосфера.
Претставата на сцената ги донесе трите бајки, „Братот Јагленче и сестричката Седефче“, „Стриборивата шума“ и „Како Потјех ја бараше вистината“ на авторката Мажураниќ кои своите корени ги имаат во словенската епска поезија и митологија. Сублимирани во една драмска приказна тие ги отвараат моралните прашања за одредени вредности кои се речиси загубени денес.
На блескаво сината сцена, во живописни костими и експресивна комична игра, актерите Олгица Христова, Елена Трајковска, Драган Довлев, Предраг Павловски,  Тања Кочовска, Катерина Илиевска и Владимир Лазевски ги отелотворија трите приказни, кои иако различни, во основа ги носат истите мотиви за доброто и злото, за архетипскиот однос на свекрвата и снаата, носејќи филозофско-мистична компонента, особено преку приказната за Потјех. За својата игра тие беа наградени со богат аплауз. Но сепак, очекувано, најголемиот дел од него, го собра Арсен Дедиќ. Неговата музика за претствата, како сублимат на хрватски фолклорни мотиви измешани со мотиви од изворниот македонски фолклор, носеше чуден призвук на словенските, па дури и руски танци.
Се на се, живописна и разиграна детска претстава која ако по ништо друго ќе остане во сеќавањата по мелодиката на мајсторот на популарните шансони, Арсен Дедиќ.

Утрински весник, 30.01.2006