ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Театар за деца и младинци

Театар за деца и младинци

Цветанка Зојчевска: Василиса, навистина Прекрасна
Лилјана Мазова: Прекрасната „Василиса Прекрасна“
Лилјана Мазова: Бајка со политички контекст
Лилјана Митевска: Со Арсен Дедиќ, но без помпа
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Борче Грозданов: Вистината и љубовта не ја трпат лагата
Борче Грозданов: Да погледнеме со детските очи...
Цветанка Зојчевска: Мјузикл во комплетен раскош
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Иван Ивановски: Претстава за мали и за големи
Борче Грозданов: Волшебната моќ на убавото
Лилјана Мазова: Костимите на Елена Дончева - вистинско уметничко дело
Борче Грозданов: Во светот на детето и сонот
Лилјана Мазова: Мјузикл за деца ама и за возрасни
Борче Грозданов: Лебедот не засени со убавина
Лилјана Мазова: „ПИПИ...“ и добра забава
Борче Грозданов: Ни палачинките не се вкусни без љубов

______________________________________________________

Борче Грозданов: Ни палачинките не се вкусни без љубов

Борче Грозданов
За „Пипи долгиот чорап“ со Соња Стамболџиоска во насловната ролја; режија Драгана Милошевски Попова; продукција Театар за деца и младинци

Во светот на детската игра на безгрижноста, отвореноста, рецептот за палачинки е оној преку кој и за кој е потребна многу позитивна енергија, но и најмногу на целиот свет, љубов! Тоа ни го порача Пипи долгиот чорап од сцената на Театарот за деца и младинци, бидејќи според неа „палачинки се прават со сите состојки кои ти се на располагање, не е потребно да знаеш да ги правиш, но бездруго е многу потребно најдругари мои да поседувате љубов...“. Оваа реченица иако само навидум обична е базата на сите детски сништа, во кои возрасните најчесто не се (с)наоѓаат. Но, и тие кога ќе бидат понесени од играта без пресметки, придавки, додавки, наддавки, влегуваат во безгрижниот и (само навидум) лесен свет на Пипи... И да не должиме многу, претставата која во четвртокот вечерта ја видовме на засега единствениот, но и еден од најпродуктивните театри, не само за деца во Македонија, ни промовираше една актерска енергија на која навистина многу би позавиделе... Покрај автентичноста, црвенокосата, разиграна, распеана и весела Соња Стамболџиоска, ни покажа дека навистина треба да се сака актерството, театарот, за да може човек да се внесе и да не внесе во својот, во случајов актерски свет... Друштво и правеа исто така одличните, инвентивни и до крај посветени пред се на она што го прават и играат младите Емран Куртишова, како Аника, Мартин Јорданоски или Томи, Полицаецот Клинк, алијас Мики Анчески, одличниот инспиративниот тандем Џим и Бак или Бојан Кирковски и Владимир Лазовски, а тука беше и по живоста ненадминливата Марија Ѓорѓијовска како мајмунот Нилсен... Од "постарите" свој пример за тоа како се игра со срце, но и професионално уште еднаш покажа и докажа навистина неуморната Тања Павловска - Кочовска како учителка Присилиус, заедно со Драган Довлев, кој одигра две ролји ненаметливо, но приметно и функционално и тоа коњот Раде и капетанот Долга Чорапа, а свој печат на заокружениот, но сепак енергичен актерски круг дадоа и Ана Левајковиќ Бошков како Мајката и Предраг Павловски, играјќи го Таткото.

За да може овој актерски потенцијал и енергичност да не внесат комплетно во сонот, заслужна е инвентивната режисерска рака на Драгана Милошевски - Попова, која одлично се справува со мега популарниот детски хит од Астрид Линдгрен, а работата и беше олеснета преку навистина убавата драматизација и адаптација на Бојан Трифуновски. Карактеристика на оваа претстава и нејзината бајковитост е токму осврнувањето на актерските можности и на драматичниот израз, и тоа не за смекта на колоритноста на сценографијата која Кирил Василев ја направил мошне функционална и костимите на Марија Пупучевска, ами речта е базата врз која се надоградуваат другите бајковити елементи, за разлика од останатите претстави на овој театар кои најчесто, најмногу се базираат на сликата... За веселоста да биде на ниво и навистина да не подигне од столчињата, нас оние од вечерното училиште (возрасните) и оние малку помладите кои одат во редовно училиште, свој придонес има и одлично вклопената музика на Марјан Неќак, како и кореграфијата на Симона Спировска.

Навистина „Пипи долгиот чорап“ во Театарот за деца и младинци е театарско четиво и лектира која мора да се види!

Вечер, 16.04.2013