ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Театар за деца и младинци

Театар за деца и младинци

Цветанка Зојчевска: Василиса, навистина Прекрасна
Лилјана Мазова: Прекрасната „Василиса Прекрасна“
Лилјана Мазова: Бајка со политички контекст
Лилјана Митевска: Со Арсен Дедиќ, но без помпа
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Борче Грозданов: Вистината и љубовта не ја трпат лагата
Борче Грозданов: Да погледнеме со детските очи...
Цветанка Зојчевска: Мјузикл во комплетен раскош
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Иван Ивановски: Претстава за мали и за големи
Борче Грозданов: Волшебната моќ на убавото
Лилјана Мазова: Костимите на Елена Дончева - вистинско уметничко дело
Борче Грозданов: Во светот на детето и сонот
Лилјана Мазова: Мјузикл за деца ама и за возрасни
Борче Грозданов: Лебедот не засени со убавина
Лилјана Мазова: „ПИПИ...“ и добра забава
Борче Грозданов: Ни палачинките не се вкусни без љубов

______________________________________________________

Лилјана Мазова: „ПИПИ...“ и добра забава

Лилјана Мазова
Којзнае дали има дете - еве од училишна возраст, повозрасно дете и дета кое одамна билп дете, а да не ја знае онаа пегавата Пипи, со плетенки кои и скокаат од глава и паднати чорапи. Пипи од приказната на Астрид Линдгрен со наслов „Пипи долгиот чорап“ која е преведена/објавена на којзнае колку јазици во светот, направени се боенки, снимени е како цртани, куси и долгометражни филмски стории, радиодрами за деца, се игра, се прават по неа играчки...

Токму таа Пипи е центар на настаните и во најновата претстава на Театрот за деца и младинци. „Пипи долгиот чорап“ ја постави Драгана Милошевски Попова, режисерка која ја сакала Пипи, ама и уште многу, многу ја сака, барем според претставата што ја создала. Во драматизацијата и помогнал нејзиниот колега Бојан Трифуновски, одбрале сегменти од она што Пипи си го прави за себе и за другите, а секогаш е нескротливо палавата и праведна Пипи. Музиката за претставата по мерка на децата (и оние возрасните) е на Марјан Неќак, чудесно разнобојни костими ги смислила Марија Пупучевска, сценографијата ја искреирал Кирил Василев, а кореографијата Симона Спирковска.

Во претставата е екипа која со радост работела и се потрудила Пипи да стане/остане заедничка миленичка. Соња Стамболџиоска храбрата Пипи ја игра како да е создадена по нејзина мерка, а со неа партнери (и другари) на сцената и се Емран Куртишова (Аника), Мартин Јорданоски (Томи), Ана Левајковиќ Бошков (Мајката), Предраг Павловски (Таткото), Тања Кочовска Павловска (учителката Присилиус), Мики Анчевски (полицаецот Клинг), Бојан Кирковски (Џим), Владимир Лазовски (Бак), Марија Ѓорѓијоска (мајмунот Нилсен и коњот Раде) и Драган Довлев (капетанот Долга Чорапа).

Убаво е што секој од нив во претставата го сака и својот лик и оној што е до него на сцената, и е од/во приказната. Тоа е и режисерскиот концепт на Драгана Милошевски Попова која во проектот влегла подготвено и со добри соработници и добри актери. Претставата ја создала врз она што најмногу е препознатливо за Пипи. Така изведбата и тече. Динамично, брзо, весело, шарено, распеано. Процесот на работа бил сигурен и отворен кон сите елементи на играта, музиката, костимот, сцената, движењата.

Пипи на Соња Стамболџиска е онаква каква што ја знаеме од приказните за Пипи: весело, слободно и преполно со фантазија дете за кое нема пречки - храбра е и умее да направи се што ќе исфантазира. Или, со се што ќе се соочи, не го доживува како пречка. Таа може сама... Целата екипа е весела дружина во која има место за секој што сака да е дел од неа - и како гледач.

Многу умеење и сигурност ома и во играта на Тања Кочовска Павловска како учителката Присилиус. Сцените на/со Тања се уживање и за децата и за возрасните. Мерката со која „учителката“ им се обраќа на ликовите од сцената и на „ликовите“ на децата и возрасните од салонот, е енергична и добронамерна. Тања мајсторски создава додатна атмосфера на внимателност и возбуда и од својот лик на сцена и за својот лик кон/со публиката. Како, впрочем, и целата претстава која се следи со задоволство и од неа се излегува со радосни чувства и насмевки на лицата.

Глобус, 02.04.2013