ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Театар за деца и младинци

Театар за деца и младинци

Цветанка Зојчевска: Василиса, навистина Прекрасна
Лилјана Мазова: Прекрасната „Василиса Прекрасна“
Лилјана Мазова: Бајка со политички контекст
Лилјана Митевска: Со Арсен Дедиќ, но без помпа
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Борче Грозданов: Вистината и љубовта не ја трпат лагата
Борче Грозданов: Да погледнеме со детските очи...
Цветанка Зојчевска: Мјузикл во комплетен раскош
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Иван Ивановски: Претстава за мали и за големи
Борче Грозданов: Волшебната моќ на убавото
Лилјана Мазова: Костимите на Елена Дончева - вистинско уметничко дело
Борче Грозданов: Во светот на детето и сонот
Лилјана Мазова: Мјузикл за деца ама и за возрасни
Борче Грозданов: Лебедот не засени со убавина
Лилјана Мазова: „ПИПИ...“ и добра забава
Борче Грозданов: Ни палачинките не се вкусни без љубов

______________________________________________________

Борче Грозданов: Лебедот не засени со убавина

Борче Грозданов
Речиси и да нема човек во светот кој барем еднаш не отсонувал дека од сите грдотии некогаш и некаде се се претвора во убавина, во прекрасна белина... Речиси и да нема човек на светот кој ако ја нема прочитано барем да ја има видено некогаш и некаде приказната, бајката на Ханс Кристијан Андерсен „Грдото пајче“, во која тоа на крајот се претвора во прекрасен бел лебед и одлетува всушност во подобра иднина и живот со своето јато... Оваа бајка е само одраз на размислата што секој човек ја поседува, ја поседувал и ќе ја поседува за пиедесталот на убавината и добрината, за барем еднаш остварените розови сништа...

А за да и ние овде во Македонија, Скопје, во Театарот за деца и младинци будни отсонуваме еден час, заслужни се актерите кои за нас од сон во слика ја претворија бајката... Убавото грдо пајче беше Емран Куртишова, чија нежност пленеше, чиј одмерен израз оддаде сигурност, иако преку отсликана кревкост таа и кога беше грдо беше убаво пајче, за потоа навистина да прерасне во прекрасен лебед... Трансформацијата ќе беше невозможна без другарчето, Желчето Брзи, кое му помагаше и му беше сопатник преку енергичната и експлозивната Марија Георгиевска, која беше заштитен знак на претставата, приемчивата, интересна Изабела Новотни како Мајката Пајка, одличните млади актери Бојан Кирковски и Мартин Јорданоски, како првото и второто пајче и нивната (не само) грлена и физичка успешна трансформација... бидејќи тие беа и гусаци и желчиња; Секогаш интересната и полна со „транзициони идеи“ Тања Павловска Кочовска, како Кокошката и Старата мудра пајка, Мики Анчевски на своите плеќи со леснотија ги „товари“ Штурецот, Кучето и Желчето; Одмерен и стабилен како Лебедот беше Предраг Павловски, кој ни го „грабна“ со љубов грациозниот бел лебед од пред очите, за потоа повторно да ни го врати и да ни раскаже за прво, а можеби и за последно, дека ако веруваш дека сонот за убавина ќе ти се оствари, тогаш и растењето и претворањето се неминовни од грдотија во убавина, се разбира!

Она што ни го подарија актерите и режисерот Деан Дамјановски, со сета своја динамика и раскош, за која несомнено е заслужен тој, го поткрепија и Елена Дончева со впечатливите убави костими, како и шареноликата сценографија, едноставна но функционална на Кирил Василев, „зачинети“ со сонговите и музиката на Љупчо Мирковски и кореографијата на Сања Шутевска.

Вечер, 04.01.2013