ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Театар за деца и младинци

Театар за деца и младинци

Цветанка Зојчевска: Василиса, навистина Прекрасна
Лилјана Мазова: Прекрасната „Василиса Прекрасна“
Лилјана Мазова: Бајка со политички контекст
Лилјана Митевска: Со Арсен Дедиќ, но без помпа
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Борче Грозданов: Вистината и љубовта не ја трпат лагата
Борче Грозданов: Да погледнеме со детските очи...
Цветанка Зојчевска: Мјузикл во комплетен раскош
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Иван Ивановски: Претстава за мали и за големи
Борче Грозданов: Волшебната моќ на убавото
Лилјана Мазова: Костимите на Елена Дончева - вистинско уметничко дело
Борче Грозданов: Во светот на детето и сонот
Лилјана Мазова: Мјузикл за деца ама и за возрасни
Борче Грозданов: Лебедот не засени со убавина
Лилјана Мазова: „ПИПИ...“ и добра забава
Борче Грозданов: Ни палачинките не се вкусни без љубов

______________________________________________________

Борче Грозданов: Во светот на детето и сонот

Борче Грозданов
Дека силата и глупоста не секогаш победуваат и дека љубовта и разумот понекогаш ги надвладуваат и дека богатството е безвредно кога сакањето е посилно од се, ни сведочи бајката „Баш Челик“ од Игор Бојовиќ, која ни потврди дека кога ќе се внесеме во детскиот свет на сказните постои еден поинаков, поубав, свет, во кој сепак доброто го има в раце злото... Силината на глупавиот џин Баш Челик, кој надмено ја граба раката на принцезата Ефимија е нерамно во однос на мудроста на старецот Илија и музиката на срцето на младото, убаво овчарче Небојша... Алчноста за азно понекогаш оди в празно... Така, пресветлиот цар - надуенко, за кој парите се се, па дури и да се на глупавиот кнез Огнило, на крајот ќе мора да се помири со среќата на својата нежна, но и напати разгалена ќерка Ефимија... И сето тоа низ игра и песна, храброст и смеа, лошотија и глупост, разиграно, ведро, нежно и грубо, справедливо и злобно, ни го покажаа (прикажаа) инвентивните „мајсторчиња“ на сцената на Театарот за деца и младинци од Скопје.

Интерактивно учествуваа, директно во сонот на децата, што успеаја да го поимат преку внимателноста, но и живата реакција на детскиот народ присутен во Салонот на овој театар, што и нас возрасните не врати некаде таму, длабоко, но среќно и заштитнички безгрижно во детството...

И така и ние игравме, сонувавме, заедно со одличната екипа - младата Винета Дамческа - принцезата Ефимија, која со својата игра потврди дека доаѓа, Ана Левајковиќ - со одлична трансформација, го изигра храбриот Небојша, гостинот Ѓокица Лукаревски кој старецот Илија го одигра одлично, користејќи го сето свое искуство, Катерина Илиевска успешно се трансформираше во пресветлиот цар, Предраг Павловски интересно се носеше со глупоста на својот кнез, како и глупавите џинови, Носло и Мешло на Лазе Манасковски (к.г.) и Драган Довлев, и на крајот Владимир Лазовски како „страшниот“ Баш Челик.

За мелодичноста и игривоста на целата претстава придонесе и убавиот и певлив препев на Васил Пујовски и сонговите и музиката на Љупчо Мирковски, како и сценско-костимографската колоритност созадена од Елена Дончева.

Вечер, 10.10.2007