ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Театар за деца и младинци

Театар за деца и младинци

Цветанка Зојчевска: Василиса, навистина Прекрасна
Лилјана Мазова: Прекрасната „Василиса Прекрасна“
Лилјана Мазова: Бајка со политички контекст
Лилјана Митевска: Со Арсен Дедиќ, но без помпа
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Борче Грозданов: Вистината и љубовта не ја трпат лагата
Борче Грозданов: Да погледнеме со детските очи...
Цветанка Зојчевска: Мјузикл во комплетен раскош
Лилјана Мазова: Претстава на добри актери
Иван Ивановски: Претстава за мали и за големи
Борче Грозданов: Волшебната моќ на убавото
Лилјана Мазова: Костимите на Елена Дончева - вистинско уметничко дело
Борче Грозданов: Во светот на детето и сонот
Лилјана Мазова: Мјузикл за деца ама и за возрасни
Борче Грозданов: Лебедот не засени со убавина
Лилјана Мазова: „ПИПИ...“ и добра забава
Борче Грозданов: Ни палачинките не се вкусни без љубов

______________________________________________________

Цветанка Зојчевска: Василиса, навистина Прекрасна

Цветанка Зојчевска
Театарот за деца ја почна сезонава со премиерата на „Василиса Прекрасна“. Тоа е руска бајка што ја читаат генерации од ред. Но, оваа „Василиса“ е оргинален текст на Русомир Богдановски кој зема дел од приказната од рускиот бајкописец Асанафјев, но и од нашиот мудрец Марко Цепенков и неговиот аманет во занаетот на пишувањето да не се заборават поуките.
Русомир Богдановски ептен ја трефнал дечјата психологија. Тој приказната ја раскажува со многу хуморни елементи. Барем во оваа приказна децата да ги оттргне од возрасните кои го живеат ова тажно и полно со стравови време на возрасните.
Приказната за Василиса Прекрасна е многи слична на „Пепелашка“. И Василиса е убавица, живее со лошата маќеа и злобните две посестри, тие сонуваат да се омажат за принц, љубоморни и се на Василиса... за на крајот се знае победува добрината, и Василиса се мажи за принцот. Во оваа приказна добрата вила е куклата Кукле, но се појавува и Баба Јага. Русомир тука прави одличен драматуршки потег. Баба Јага со која постарите ги плашат децата, па и не е лоша, таа ја цени добрината, а е и хуморна , па наместо да ги плаши, децата се смејат на нејзините досетки.
Режисер е Димитар Станкоски, „Василиса“ е правена како мјузикл, а мајстор на музиката за деца и овојпат е Љупчо Мирковски. Кореографско-балетските нумери се на Сања Шутевска.
Во „Василиса“ улогите ги толкуваат Ана Левајковиќ, нормално убавицата Василиса, Куклето е Изабела Новотни, двете злобни сестри се Олгица Христовска и Катарина Илиевска. Трите машки улоги се разбира во различни трансформации ги игра Предраг Павловски. Маќеата е деби на актерката Елена Трајковска. Веднаш да нема дилема - одлична беше. А во улогата на Баба Јага, како спешл гест стар, Катерина Коцевска. Сите актери во комплет се повеќе од одлични: Олгица брилјира, Кети првпaт е во трансформација ем на лоша ем на грда, Ана Левајковиќ плени со убавината и добротата, Новотни е добра како секое кукле. Сите заедно претставата ја зачинуваат со одлични хуморни ситуации, на кои децата уживаат и паѓаат од смеа, оти и Коцевска со Баба Јага ги кине од смеа.
И за крај.  Костимите се на Ношпал. Тој дефинитивно е луд со тоа што го направил - раскош од бои, колорит, креации за кои руската традиција е само инспирација, се друго е Ношпал полн со раскош.

Вест, 27.09.2004г.