ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: За градбата на стариот театар во Скопје

Стариот театар во Скопје

Даниела Стојановиќ: Владата објави тендер за изведувач на стариот театар
Ќе воскресне стариот театар
Љупчо Петрушевски: Обновата на Стариот театар ќе почне напролет
Цветанка Зојчевска: Ќе се прави главниот проект за скопскиот театар
Р.Тодоровска: Реизградбата на стариот театар пред реализација
Сонот треба да го пресоздадеме во живот
Министерот за култура на РМ: Дали непромислените зборови се од повредени суети
Живко Поповски: Архитектите ја бранат професијата од политички насилници
Сунчица Уневска: Асоцијацијата на архитекти на Македонија по повод иницијативата за обнова на стариот скопски театар
И.Андреева: Архитектите се контра возобновување на стариот театар
Цветанка Зојчевска: Министерот за култура контра ставот на архитектите
Лилјана Мазова: Меѓу носталгијата и потребата од нов театарски објект
арх. Живко Поповски: Планираното мора да се реализира доследно и постапно
арх. Петар Мурличкоски: „Однесена од виорот” во неврат!?
арх. Кирил Муратовски: Стариот театар во Скопје - полувековна тема!
Наташа Бунтеска: Ни треба монумент на денешнината, не на минатото
Наташа Бунтеска: Новата зграда - носталгија по старото време
Јасна Франговска: Плоштадот ќе ја удоми Талија!

______________________________________________________

Даниела Стојановиќ: Владата објави тендер за изведувач на стариот театар

Даниела Стојановиќ
Минатата недела во реномираниот весник "Фајненшл тајмс" Владата објави интернационален тендер за изведувач на објектот на старата зграда на Македонскиот народен театар во Скопје. Истиот отворен повик е објавен и во Службениот весник на РМ, бр. 107. Со распишувањето на овој тендер каде како набавувач се јавува Министерството за култура на Македонија, започнува првата фаза од реизградбата на објектот урнат во земјотресот 1963, што го иницираше и започна претходната Влада. Во објавениот повик во "Фајненшл тајмс"се содржани сите информации за евентуалните изведувачи.
Тендерот е само за првата фаза, односно за изведба на објектот до карабина, ни појаснуваат од Министерството за култура, по која е ќе следат најмалку уште четири фази со кои овој објект кој ќе го добие идентичниот изглед на стариот, урнат театар, како однадвор, така и ентериерно, но во техничка смисла ќе биде еден од најмодерните театри во Европа.
Според пресметките на екипата архитекти предводени од Јован Стефановски - Жан, чиј проект победи на домашниот конкурс за идејно решение на објектот, цената е 6 милиони евра, а првата фаза би требало да чини околу 2 милиони евра. Парите за почетокот на изградбата од буџетот за 2007 се одобрени, а стартот се планира веќе во јануари в година. Оптимистичките прогнози на Министерството за култура се дека целиот објект ќе биде готов до крајот на 2008-мата.
Објектот е предвидено да биде лоциран од левата страна на Вардар, паралелно со реката, а главниот влез да биде отворен спрема Камени мост и плоштадот. Според замислата на архитектите, пристапот до театарот ќе биде пешачки. Пред главниот влез ќе биде поставена хиперболична застаклена и проѕирна настрешница на четири столба, преку која ќе се влегува во влезниот трем и во фоајето на театарот. Лево и десно во фоајето ќе бидат поставени влезовите во салата - партерот, а симетрично на двете страни бифето и ВИП-просторијата. На страничните фасади, повторно симетрично, ќе има уште два помошни влеза. Салата во приземјето ќе има капацитет од 429 седишта. Инаку покрај главната ќе има уште две помали, камерни сцени, а салонот покрај партерот ќе има и ложи.
Носител на проектот за реизградба на стариот театар е Министерството за култура на Македонија, а не како што порано беше планирано тоа да биде Македонскиот народен театар - Драма. Министерството сега се јавува како сопственик на државното земјиште кое покрива поголема површина, а каде ќе се гради театарот, потоа земјиштето на кое е Музејот на Холокаустот, како и просторот каде што некогаш се наоѓаше стариот Офицерски дом, кој исто така, според плановите во иднина треба да се реизгради.

Вест, 23.10.2006