ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Драмски театар - Скопје

Драмски театар - Скопје

Лилјана Митевска: Мелодраматична „романса во движење“
Лилјана Мазова: Преку очајот во потрага по среќата
Лилјана Мазова: Црна трагична комедија
Ана Стојаноска: Умешни паралелни сцени и дефинирани ликови
Ана Стојаноска: Од другата страна на Смртта и Смртните гревови
Лилјана Мазова: Приспивна од/за режисерска немоќ
Цветанка Зојчевска: Прагмата на Западот и идеализмот на Истокот
Борче Грозданов: Поголеми ли сме од смртта?!
Цветанка Зојчевска: Исецкани чувства
Лилјана Мазова: Крикот како обид за покајание
Лилјана Мазова: Потрага по себе
Лилјана Мазова: Интелектуалецот како алиби за кражби
Борче Грозданов: Дон Жуан - инертен заводник
Дневник: „Дон Жуан“ испратен на нозе
Анета Јанчевска: Лицемерието - наједноставно средство за опстанок
Лилјана Мазова: Поповски, Ристановски, Драмски и се е можно
Цветанка Зојчевска: Се испоубивме за Томе Прцулот
Борче Грозданов: Ниту смешно, ниту страшно!
Лилјана Мазова: Апсурдноста на разноликоста на тероризмот
Илија Упалевски: Дон Жуан и една нова претстава за него
Илија Упалевски: Гротескно и наивно
Анета Јанчевска: Монтипајтоновска апсурдност на ситуациите
Лилјана Мазова: Жестоката урбана приказна
Анета Јанчевска: „Купидона“ пее, но и збунува
Игор Стојановски: Не ме погоди в срце
Тодор Кузманов: Повеќеслојна претстава
Тодор Кузманов: Апокалиптични визии
Лилјана Мазова: Лесно, за ситуации од животот
Лилјана Мазова: Само копија на добра претстава
Ѕвездан Георгиевски: Враќање на театарот
Јасна Франговска: Колективно вентилирање на нервозите
Цветанка Зојчевска: Смеа и тага за Демонот од Дебар маало
Лилјана Мазова: Празнотија и нагласена театралност
Борче Грозданов: За пародијата на животот
Цветанка Зојчевска: Приказна за нашите и вашите
Лилјана Митевска: Опседнати со минатото, забораваме на идината
Лилјана Мазова: Потрага по идентитетот
Борче Грозданов: Духовната лихва на транзициското невреме
Лилјана Мазова: Кој кого и како тероризира
Борче Грозданов: Забранета?! Љубов?!
Лилјана Мазова: Свет поставен главечки
Цветанка Зојчевска: Трилер, а бавно
Борче Грозданов: Лошо пресликан Тарантино
Борче Грозданов: Нови, свежи, енергични времиња
Борче Грозданов: Ниту лансирање, ниту приземјување
Лилјана Мазова: Емоции, звук и желба за втор почеток
Иван Ивановски: Нестандардна монодрама со класични атрибути
Лилјана Митевска: Оживување на македонската традиција
Борче Грозданов: Магот Петре е жив!
Лилјана Мазова: Модерна фреска за минатото
Борче Грозданов: Недоловен апсурд
Александра Бошковска: Невидлив режисерски концепт и неискористени актери
Александра Бошковска: Свеж и искрен хумор
Даниела Стојановиќ: Кинегонда ја насмеа публиката до солзи
Борче Грозданов: Балканското лудило и европскиот кантар
Лилјана Митевска: Табуата и границите на толеранцијата
Лилјана Мазова: Зададена игра
Борче Грозданов: Македонија и Александар меѓу сонот и јавето
Лилјана Мазова: За себе, ама со патос
Лилјана Мазова: Чехов, актерот и театарот
Александра Бошковска: Отсуство на стил и естетика
Лилјана Мазова: Моќна мајсторска креација
Иван Додовски: Балканот е секаде?
Иван Додовски: Идентитетот како конструкција?
Иван Додовски: Лоша фантазија за национални теми
Борче Грозданов: Кога и од смртта се прави филм
Александра Бошковска: Ведра вечер во театар
Лилјана Мазова: Угоре и удолу
Александра Бошковска: Преоптоварено, долго и здодевно
Лилјана Мазова: Бертолт Брехт во Македонската реалност
Александра Бошковска: Мегдан на вистините
Лилјана Мазова: Аутопсија на геноцидот и сеопштото уривање
М. За.: Александар Лилиќ е новиот лик во Македонија
Александра Бошковска: Вонвременска, вонпросторна, универзална
Борче Грозданов: Сите си имаме свои Глембаев(ск)и
Лилјана Мазова: Прегрешенијата на/во празните души
Александра Бошковска: Претстава што реферира на Крлежа, но е комплетно македонска
Лилјана Мазова: И грев и шприцер
Лилјана Мазова: Аехелаос - визуелен театар за бесмислата на трагедиите
Лилјана Мазова: СОЛУНСКИ ПАТРДИИ: пари, секс, љубов и - добра атмосфера
Александра Бошковска: Старата добра „Солунски патрдии“ - сосема нова
Тони Димков: Итар Пејо со нов сензибилитет
Лилјана Мазова: Евридика - чувствителна приказна за митот за љубовта, животот, смртта ...

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Евридика - чувствителна приказна за митот за љубовта, животот, смртта ...

Лилјана Мазова
На репертоарот на Драмски театар - Скопје една главно сосема млада театарска екипа создаде сосема нов/поинаков театар од оној што вообичаено се игра на оваа сцена, а зошто не и вопшто на сцените во Македонија: театар во кој никој не се јуначи, во кој не се толкуваат црнилата на времево, нема насилства од секаков вид - хероики кои не допираат до нас зашто си ги имаме во живо во секојдневието. Збор е за претставата „Евридика“ во режија на Нина Николиќ и Маја Вељковиќ-Пановска во насловниот лик и, заедно со сите во изведбата, е нежна, чувствителна приказна за митот за љубовта на распаќе меѓу тука и таму - горе или долу. Основа е митот за големата љубов меѓу двајца млади - Евридика и Орфеј - и уште повеќе љубовта/поврзаноста меѓу таткото и ќерката. Се слави љубовта без разлика дали е таа на овој или оној свет - после смртта. Пред таа љубов е прашањето или големата загатка: по заминувањто од овој свет постојат ли други светови во кои, можеби, се е многу поубаво. Поетиката на претставата поентира и низ вистината дека секој има свое дрво под кое може да се засолни - само треба да го најде... Или, секој има свој камен, дрво, река или рамо на кое може да се „потпре“...

ЦЕЛ
Во „Евридика“, освен што е поинаква од другиот репертоар, процесот на работа е спроведен низ актерската игра. Секој од актерите го следи ликот, а секој од ликовите се надоврзува/вклопува во општата/целосна слика која и како цел и како реализација е остварена. Затоа и резултатот е вкупен: заедништвото на идејата/мислата на драмата, на режија и на изведбата нема изненадувања или престврти. Во време на изведбата константна е целта да се следи/оствари процес во кој секој е во единственоста на процесот на креирање. Оттука е и заклучокот дека „Евридика“ е претстава во која е испочитувана заедничката потреба да се проговори и за теми преку кои, обично, бесшумно се поминува. Тие не допираат, во нас се, ги оттурнуваме од себе, не говориме за нив иако се длабоко во нас. Во нас се, буквално, засекогаш.

„Евридника“ е работена по драмскиот текст на Сара Рул (1974) американска драмска писателка која за своите драми е добитник (или била номинирана) на престижни награди. На сцената на Драмски ја постави Нина Николиќ (1987) и со неа магистрира на студиите на ФДУ, кај професорот Слободан Унковски. Во екипата се од ред младите: драмата ја превела Маја Трајаноска, костимите се на Ивана Каранфиловска, сценографијата е на Константин Трпеноски, музиката на Александар Пејовски, текстовите за музиката се на Тина Трпкоска, кореографијата е на Нина Деан, драматург е Драгана Лукан Николоски, дизајнот на светлото е на Петар Кочишки.

Актерската екипа е спој на младост и искуство. Евридија ја игра Маја Вељковиќ-Пановска, Таткото го игра Диме Илиев, Орфеј е Игор Ангелов, Филип Трајковиќ ги игра Безобразникот и интересен човек и Господарот на подземјето, во Хорот на камењата се Билјана Драгичевиќ-Пројковска (Големиот камен), Трајанка Илиева-Таци, Нина Деан и Соња Стамболџиоска (Малиот камен) и Софија Куновска (Гласниот камен).

НИНА
Режисерскиот ракопис на Нина Николиќ, според досегашните претстави а тоа значи последниве три-четири години („Луди за љубов“, „Неверство“, кореодрамата „Заспани“, „Треперење“ - за љубовта меѓу А. П. Чехов и неговата Олга Книпер, „Светица на темнината“, „Секс, лаги и гуски“..., е испровоциран или посветен на суштинските и длабоки човечки чувства. Основна е љубовта, а дали таа носи проблеми или не - е она со кое се бават тие претстави. Значи, во потрага е по една од иманенетните потреби/состојби на човековото живеење: љубовта од секаков вид, љубовта на човекот кон човекот и сето она што тоа чувство со еманира.

Во „Евридика“ го третира, или повеќе само поаѓа од митот за Орфеј и Евридика за чија љубов и се вели дека е најголемата на светот. Низ драмата на Сара Рул (авторката ја посветила на својот татко), Нина не вовлекува во чувства кои низ играта на актерите низ сите сцени, кореографијата, музиката, стиховите или светлото, ни ги поставуваат важните/најважните прашања за љубовта, животот и смртта кои се мешаат и не водат во/до приказната која говори за тоа дека по напуштањето на овој свет не чекаат некои други поинакви светови во кои, можеби, се живее многу поудобно: без омрази, се врви по патеки по кои човекот не е оптоварен со материјалното, се сака, се „живее“ во поинаква и почесна средина...
ИЗВЕДБА
Претставата оди уште понатаму, па љубовта и сеќавањата ни се преплетуваат. Како слики кои останале во нашите паметења и не се бришат. Остануваат вгнездени во секој од нас - тука или таму (!). Љубовта, ни покажуваат од сцената - не умира. Се памети и времето не ја мери. Така поставена изведбата/приказната (иако се мешаат сцени од овој и оној свет) тече чисто, спокојно - како и љубовта меѓу, на пример, таткото и ќерката. „Венчавките се за ќерките и татковците. Мајките се дотеруваат, се обидуваат да изгледаат како млади жени. Но, венчавката е за таткото и ќерката. На тој ден престануваат да бидат венчани еден за друг“, е реплика на Евридика. И колку вистина има во неа, како и онаа за нејзиното високо дрво под кое може секогаш да се засолни - татко и. Таа бајковита и едновремено личност која се сака, низ играта на Маја Вељковиќ-Пановска е изразена низ зборот или говорот на телото и рамномерно, низ изведбата, е сосема изедначена со вистината по која се трага.

Чувствително одмерена е и играта на Диме Илиев како Таткото, и на Игор Ангелов и Филип Трајковиќ во нивните ликови. И на целиот Хор на камењата низ кои петте актерки ги симболизираат двата света - тука и таму некаде... Говорат, пеат или изведуваат движења преку кои се означува значењето на секој од тие ликови низ индивидалноста на гестот и неговото значење, а ги играт Билјана Драгичевиќ-Пројковска, Трајанка Илиева-Таци, Нина Деан, Соња Стамболџиоска и Софија Куновска.

Низ играта на актерите, музиката и песните на Хорот на камењата, низ стиховите/чувствата на Орфеј кон Евридика, Таткото и на оние кои сакаат да сакаат и - се сакани, а не е важно каде се, каде биле или каде ќе се најдат, создадена е поетична па и бајковита претстава. На сцената се случува/следи/гледа љубовна анти-бајка во која митот се разглобува, а актерите се сконцентрирани на чувства со пошироко значење. Низ говорот, молкот, движењата, танцот, стиховите и музиката се вистините за животот/љубовта/сакањето. Во тоа е и умешноста на самата драмска приказна, на режисерскиот прочит и на актерската интерпретација - на сцената.

Глобус, 28.05.2013