ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Драмски театар - Скопје

Драмски театар - Скопје

Лилјана Митевска: Мелодраматична „романса во движење“
Лилјана Мазова: Преку очајот во потрага по среќата
Лилјана Мазова: Црна трагична комедија
Ана Стојаноска: Умешни паралелни сцени и дефинирани ликови
Ана Стојаноска: Од другата страна на Смртта и Смртните гревови
Лилјана Мазова: Приспивна од/за режисерска немоќ
Цветанка Зојчевска: Прагмата на Западот и идеализмот на Истокот
Борче Грозданов: Поголеми ли сме од смртта?!
Цветанка Зојчевска: Исецкани чувства
Лилјана Мазова: Крикот како обид за покајание
Лилјана Мазова: Потрага по себе
Лилјана Мазова: Интелектуалецот како алиби за кражби
Борче Грозданов: Дон Жуан - инертен заводник
Дневник: „Дон Жуан“ испратен на нозе
Анета Јанчевска: Лицемерието - наједноставно средство за опстанок
Лилјана Мазова: Поповски, Ристановски, Драмски и се е можно
Цветанка Зојчевска: Се испоубивме за Томе Прцулот
Борче Грозданов: Ниту смешно, ниту страшно!
Лилјана Мазова: Апсурдноста на разноликоста на тероризмот
Илија Упалевски: Дон Жуан и една нова претстава за него
Илија Упалевски: Гротескно и наивно
Анета Јанчевска: Монтипајтоновска апсурдност на ситуациите
Лилјана Мазова: Жестоката урбана приказна
Анета Јанчевска: „Купидона“ пее, но и збунува
Игор Стојановски: Не ме погоди в срце
Тодор Кузманов: Повеќеслојна претстава
Тодор Кузманов: Апокалиптични визии
Лилјана Мазова: Лесно, за ситуации од животот
Лилјана Мазова: Само копија на добра претстава
Ѕвездан Георгиевски: Враќање на театарот
Јасна Франговска: Колективно вентилирање на нервозите
Цветанка Зојчевска: Смеа и тага за Демонот од Дебар маало
Лилјана Мазова: Празнотија и нагласена театралност
Борче Грозданов: За пародијата на животот
Цветанка Зојчевска: Приказна за нашите и вашите
Лилјана Митевска: Опседнати со минатото, забораваме на идината
Лилјана Мазова: Потрага по идентитетот
Борче Грозданов: Духовната лихва на транзициското невреме
Лилјана Мазова: Кој кого и како тероризира
Борче Грозданов: Забранета?! Љубов?!
Лилјана Мазова: Свет поставен главечки
Цветанка Зојчевска: Трилер, а бавно
Борче Грозданов: Лошо пресликан Тарантино
Борче Грозданов: Нови, свежи, енергични времиња
Борче Грозданов: Ниту лансирање, ниту приземјување
Лилјана Мазова: Емоции, звук и желба за втор почеток
Иван Ивановски: Нестандардна монодрама со класични атрибути
Лилјана Митевска: Оживување на македонската традиција
Борче Грозданов: Магот Петре е жив!
Лилјана Мазова: Модерна фреска за минатото
Борче Грозданов: Недоловен апсурд
Александра Бошковска: Невидлив режисерски концепт и неискористени актери
Александра Бошковска: Свеж и искрен хумор
Даниела Стојановиќ: Кинегонда ја насмеа публиката до солзи
Борче Грозданов: Балканското лудило и европскиот кантар
Лилјана Митевска: Табуата и границите на толеранцијата
Лилјана Мазова: Зададена игра
Борче Грозданов: Македонија и Александар меѓу сонот и јавето
Лилјана Мазова: За себе, ама со патос
Лилјана Мазова: Чехов, актерот и театарот
Александра Бошковска: Отсуство на стил и естетика
Лилјана Мазова: Моќна мајсторска креација
Иван Додовски: Балканот е секаде?
Иван Додовски: Идентитетот како конструкција?
Иван Додовски: Лоша фантазија за национални теми
Борче Грозданов: Кога и од смртта се прави филм
Александра Бошковска: Ведра вечер во театар
Лилјана Мазова: Угоре и удолу
Александра Бошковска: Преоптоварено, долго и здодевно
Лилјана Мазова: Бертолт Брехт во Македонската реалност
Александра Бошковска: Мегдан на вистините
Лилјана Мазова: Аутопсија на геноцидот и сеопштото уривање
М. За.: Александар Лилиќ е новиот лик во Македонија
Александра Бошковска: Вонвременска, вонпросторна, универзална
Борче Грозданов: Сите си имаме свои Глембаев(ск)и
Лилјана Мазова: Прегрешенијата на/во празните души
Александра Бошковска: Претстава што реферира на Крлежа, но е комплетно македонска
Лилјана Мазова: И грев и шприцер
Лилјана Мазова: Аехелаос - визуелен театар за бесмислата на трагедиите
Лилјана Мазова: СОЛУНСКИ ПАТРДИИ: пари, секс, љубов и - добра атмосфера
Александра Бошковска: Старата добра „Солунски патрдии“ - сосема нова
Тони Димков: Итар Пејо со нов сензибилитет
Лилјана Мазова: Евридика - чувствителна приказна за митот за љубовта, животот, смртта ...

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Аехелаос - визуелен театар за бесмислата на трагедиите

Лилјана Мазова
Драмски театар - Скопје има нова претстава која веќе е прикажана на две летни манифестации: на 11. Фестивал на античка драма во Стоби и на 52. Охридското лето, а се договорени и гостувања на други фестивали во текот на идното лето. Претставата е насловена како „Архелаос“ или „Еврипид се враќа на Балканот“, создадена е по текстот на Јордан Плевнеш и е во режија на Владо Цветановски.

Во Охрид „Архелаос" се играше на 21 јули, на простор до самото Езеро, во комплексот Музеј на вода, или локацијата именувана како Заливот на коските. Режисерот Цветановски овој простор го користи како место/сцена на која по втор пат се игра негова претстава. Пред ири лета, со ансамблот на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ тука се одигра „Крпен живот“ по истоимената драма на Ристо Крле (3 август 2009 година, во рамките на 49. Охаридско лето).

ТРАГИЧАРОТ И ЖРТВИТЕ
Претставата е во потрага по вековната бесмисла на многуте балкански трагедии, или со трагедиите на светот, со безимените жртви кои се жртвуваат во името на некаква подобра иднина. Не како видени трагични настани, туку како слики кои низ зборот, песната, танцот и ритамот, нудат варијанта со која може да се најде/стигне до убавината. Без прашања од типот дали и кој може да го спаси светот во чија меморија се трагични настани/трагедии. За мртвите и живите, за бесмртните и безимените.

Приказната ја водат по 25 века „оживеаниот“ драмски трагичар Еврипид кој се враќа на Балканот - го игра Рубенс Муратовски, неговиот помошник Александар Ајго - го игра Игор Ангеловски, Макарон Пританис или Претседател на бесмртните - го игра Жарко Димоски. Ги бараат невините жртви, трагаат по убавината која во претставата е во Хорот на Ифигении. Тоа се седум невини жртви, седум жени секоја именувани како Ифигенија и со додавка на земјата од која е. Според сцените на појавување/игра тоа се Ифигенија од Албанија - ја игра Валдета Исмаили, Ифигенија од Црна Гора - ја игра Гордана Ендровска, Ифигенија од Србија - ја игра Маја Вељковиќ-Пановска, Ифигенија од Бугарија - ја игра Калина Наумовска, Ифигенија од Грција - ја игра Катерина Аневска и Ифигенија од Македонија - ја игра Билјана Беличанец-Алексиќ. Сценографијата е на Владо Ѓорески, костимите на Елена Дончева, музиката е на Константин Плевнеш, звучниот дизајн на Валентин Скендеровски...

Низ судбините на секоја од жените именувани како Ифигенија се и знаците на националниот идентитет, песната која ја пејат на јазикот на земјата од која е секоја од овие жртвувани жени кои сакаат да покажат дека, можеби, во убавината, во песната, танцот или ритамот е спасот, подобар свет. А сите заедно, барем низ театарот, дека идентитетот и националните знаци/обележја ниту трагедија, ниту војна, ниту некој и некаде може да ги избрише.

ВИЗУЕЛНА ГЛЕТКА
Како што многупати е кажано (и напишано во програмскиот лист) претставите на Владо Цветановски „најчесто се вреднувани како богати визуелни глетки, структурирани по принципот на филмскиот јазик“. Токму таква е и „Архелаос“. Театар кој ја искажува целта низ бајковита слика, збор, ритам, песна. Сепак, репертоарски, голема непознатица е целната група/публика на која тој и таквиот театар и се обраќа.

Акцентот е на сликите со симболите на балканскиот идентитет на седумте земји од кои се ликовите на секоја Ифигенија. Сите ја покажуваат убавината. Како историска матрица која денес треба да се исчитува и низ заедничкото и низ различното. Или, не она што раздвојува, туку она што спојува. Тоа е убавината Како театарска приказна по убавината, на која имаат право живите, но и мртвите кои во оваа слика се едно до друго.

Во таквиот визуелен приказ, во редењето на приказната низ слики кои секоја за себе е своја, се оние „прекрасни мали суштества“ кои треба и мора да се обожуваат - актерите. Ја составуваат сликата низ посветеност и трпеливост. И мора да се сакаат, да ги сакаш и да ги почитуваш, а зошто не и обожуваш, зашто успеале својата појава, својот долг или кус говор, својот музичко/пејачки профил да го врамат во идејата за претстава/слика. Особено во последната музичката сцена/слика.

Глобус, 31.07.2012