ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Драмски театар - Скопје

Драмски театар - Скопје

Лилјана Митевска: Мелодраматична „романса во движење“
Лилјана Мазова: Преку очајот во потрага по среќата
Лилјана Мазова: Црна трагична комедија
Ана Стојаноска: Умешни паралелни сцени и дефинирани ликови
Ана Стојаноска: Од другата страна на Смртта и Смртните гревови
Лилјана Мазова: Приспивна од/за режисерска немоќ
Цветанка Зојчевска: Прагмата на Западот и идеализмот на Истокот
Борче Грозданов: Поголеми ли сме од смртта?!
Цветанка Зојчевска: Исецкани чувства
Лилјана Мазова: Крикот како обид за покајание
Лилјана Мазова: Потрага по себе
Лилјана Мазова: Интелектуалецот како алиби за кражби
Борче Грозданов: Дон Жуан - инертен заводник
Дневник: „Дон Жуан“ испратен на нозе
Анета Јанчевска: Лицемерието - наједноставно средство за опстанок
Лилјана Мазова: Поповски, Ристановски, Драмски и се е можно
Цветанка Зојчевска: Се испоубивме за Томе Прцулот
Борче Грозданов: Ниту смешно, ниту страшно!
Лилјана Мазова: Апсурдноста на разноликоста на тероризмот
Илија Упалевски: Дон Жуан и една нова претстава за него
Илија Упалевски: Гротескно и наивно
Анета Јанчевска: Монтипајтоновска апсурдност на ситуациите
Лилјана Мазова: Жестоката урбана приказна
Анета Јанчевска: „Купидона“ пее, но и збунува
Игор Стојановски: Не ме погоди в срце
Тодор Кузманов: Повеќеслојна претстава
Тодор Кузманов: Апокалиптични визии
Лилјана Мазова: Лесно, за ситуации од животот
Лилјана Мазова: Само копија на добра претстава
Ѕвездан Георгиевски: Враќање на театарот
Јасна Франговска: Колективно вентилирање на нервозите
Цветанка Зојчевска: Смеа и тага за Демонот од Дебар маало
Лилјана Мазова: Празнотија и нагласена театралност
Борче Грозданов: За пародијата на животот
Цветанка Зојчевска: Приказна за нашите и вашите
Лилјана Митевска: Опседнати со минатото, забораваме на идината
Лилјана Мазова: Потрага по идентитетот
Борче Грозданов: Духовната лихва на транзициското невреме
Лилјана Мазова: Кој кого и како тероризира
Борче Грозданов: Забранета?! Љубов?!
Лилјана Мазова: Свет поставен главечки
Цветанка Зојчевска: Трилер, а бавно
Борче Грозданов: Лошо пресликан Тарантино
Борче Грозданов: Нови, свежи, енергични времиња
Борче Грозданов: Ниту лансирање, ниту приземјување
Лилјана Мазова: Емоции, звук и желба за втор почеток
Иван Ивановски: Нестандардна монодрама со класични атрибути
Лилјана Митевска: Оживување на македонската традиција
Борче Грозданов: Магот Петре е жив!
Лилјана Мазова: Модерна фреска за минатото
Борче Грозданов: Недоловен апсурд
Александра Бошковска: Невидлив режисерски концепт и неискористени актери
Александра Бошковска: Свеж и искрен хумор
Даниела Стојановиќ: Кинегонда ја насмеа публиката до солзи
Борче Грозданов: Балканското лудило и европскиот кантар
Лилјана Митевска: Табуата и границите на толеранцијата
Лилјана Мазова: Зададена игра
Борче Грозданов: Македонија и Александар меѓу сонот и јавето
Лилјана Мазова: За себе, ама со патос
Лилјана Мазова: Чехов, актерот и театарот
Александра Бошковска: Отсуство на стил и естетика
Лилјана Мазова: Моќна мајсторска креација
Иван Додовски: Балканот е секаде?
Иван Додовски: Идентитетот како конструкција?
Иван Додовски: Лоша фантазија за национални теми
Борче Грозданов: Кога и од смртта се прави филм
Александра Бошковска: Ведра вечер во театар
Лилјана Мазова: Угоре и удолу
Александра Бошковска: Преоптоварено, долго и здодевно
Лилјана Мазова: Бертолт Брехт во Македонската реалност
Александра Бошковска: Мегдан на вистините
Лилјана Мазова: Аутопсија на геноцидот и сеопштото уривање
М. За.: Александар Лилиќ е новиот лик во Македонија
Александра Бошковска: Вонвременска, вонпросторна, универзална
Борче Грозданов: Сите си имаме свои Глембаев(ск)и
Лилјана Мазова: Прегрешенијата на/во празните души
Александра Бошковска: Претстава што реферира на Крлежа, но е комплетно македонска
Лилјана Мазова: И грев и шприцер
Лилјана Мазова: Аехелаос - визуелен театар за бесмислата на трагедиите
Лилјана Мазова: СОЛУНСКИ ПАТРДИИ: пари, секс, љубов и - добра атмосфера
Александра Бошковска: Старата добра „Солунски патрдии“ - сосема нова
Тони Димков: Итар Пејо со нов сензибилитет
Лилјана Мазова: Евридика - чувствителна приказна за митот за љубовта, животот, смртта ...

______________________________________________________

Александра Бошковска: Претстава што реферира на Крлежа, но е комплетно македонска


(Кон „Генетика на кучињата“ од Венко Андоновски, режија Дејан Пројковски, Драмски театар)

Поставувањето нов, досега неизведен текст од домашен автор е голем предизвик за секој театар. Преовладува чувство на одговорност, атмосфера на исчекување и сомневање, а понекогаш, кога сите коцкички ќе се склопат, резултатот може да ги надмине сите очекувања. Таков е случајот со неодамнешната праизведба на „Генетика на кучињата“ по текст на Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски.

Македонските театарски и уметнички кругови веќе подолго време слушаа и читаа за последниот проект на Драмскиот театар, кој, освен што најавуваше освежување на тековниот репертоар, носи во себе значаен придонес за македонската современа драматика. Текстот на Андоновски (познат и по работниот наслов „Глембаевски“), и покрај тоа што реферира на ремек-делото на хрватскиот писател Мирослав Крлежа „Господа Глембаеви“, претставува сосема нова и изворна пиеса. Препознатливите ликови - истоимените Леоне и Игњат, семејниот адвокат и исповедник, втората сопруга и новопечената господарка - го водат автентично дејството во околности што се актуелни и комплетно македонски. Па сепак, двете драми делат единствена намера и идеја: да фрлат светло на пропаста на хуманоста, на достоинството, да го прикажат распадот на едно семејство, а преку него и на поредокот, општеството и зададените морални вредности.

Режисерот Пројковски, ансамблот на Драмскиот театар и креативниот тим ? приоѓаат на драмската предлошка со големо почитување, создавајќи комплетен театарски чин во кој сите елементи ефикасно работат за целината. Функционалниот и вкусно обмислен сценски простор (Владо Ѓорески-Рафик), неоптоварен со детали и мебел, пред с? отвора простор за креативен актерски израз. Огромните паноа од плексиглас, час потсетуваат на искривени огледала преполни со гротескни отсликувања, час на метални ѕидови зад кои се блиндирани страшни и грозоморни тајни. Централно на сцената царува импозантниот дијамантски лустер - симбол на глембаевското богатство.

Актерската екипа на „Генетика на кучињата“ вешто манипулира со зададената материја. Тимски создаваат уедначена рамка за реалистична и детална актерска игра што докрај ја почитуваат и исполнуваат сите. Колективната енергија и намера се подвлечени од студиозни актерски креации: Драган Спасов-Дац го игра Игњат Глембај со голема доза на шарм, лежерност и мекост; Јелена Жугиќ контролирано и суверено владее со ликот на втората госпоѓа Глембај. Едно од најубавите остварувања е секако Максим Глембај преку кое Филип Трајковиќ се презентира како созреан актер што умее да го води својот лик од почетокот до крајот преку цврст пласман и разработена гестикулација и мимика. Билјана Беличанец-Алексиќ се справува со душевниот пустош на Сара Глембај без да навлезе во банализирање и тривијалности, вешто избегнувајќи ги познатите стереотипи и шаблони на играње на пијанство и лудило. Тука се и двете лица на Леоне Глембај, реско разделени и повторно склопени од страна на Дејан Лилиќ. Роберт Вељановски (како д-р Роберт Велјановски) и Рубенс Муратовски (Пречесниот) остваруваат улоги што ги карактеризираат умереност, сталоженост и конкретност. Појавата на Зоран Љутков (Петер Милер) е ефектна и духовита, а играта на Гордана Ендровска (Слугинката) плени преку емоционалната исполнетост. Другите актери-носители на помалите улоги: Крсте Јовановски (Аберт), Игор Ангелов (Темјан), како и младите Драгана Левенска (Евушка), Никола Ацески (Славен) и Жарко Димоски (Полицаец, Болничар), комплетно се вклопуваат во зададената рамка и со своето залагање комплетно ја заокружуваат. Зад успешноста на постановката стои и трудот на костимографот Благој Мицевски, како и музиката на Горан Трајкоски, чиј најголем квалитет се неприметливоста и неагресивноста.

Единствената забелешка би ја упатила на сметка на ритамот/темпото на претставата, понекогаш нарушено од густината и оптовареноста на текстот што се игра речиси во интегрална форма. Но тоа не ја оштетува активната комуникација меѓу публиката и изведбата, ниту пак влијае врз крајниот ефект на овој комплетен театарски чин.

Нова Македонија, 22.04.2012