ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Драмски театар - Скопје

Драмски театар - Скопје

Лилјана Митевска: Мелодраматична „романса во движење“
Лилјана Мазова: Преку очајот во потрага по среќата
Лилјана Мазова: Црна трагична комедија
Ана Стојаноска: Умешни паралелни сцени и дефинирани ликови
Ана Стојаноска: Од другата страна на Смртта и Смртните гревови
Лилјана Мазова: Приспивна од/за режисерска немоќ
Цветанка Зојчевска: Прагмата на Западот и идеализмот на Истокот
Борче Грозданов: Поголеми ли сме од смртта?!
Цветанка Зојчевска: Исецкани чувства
Лилјана Мазова: Крикот како обид за покајание
Лилјана Мазова: Потрага по себе
Лилјана Мазова: Интелектуалецот како алиби за кражби
Борче Грозданов: Дон Жуан - инертен заводник
Дневник: „Дон Жуан“ испратен на нозе
Анета Јанчевска: Лицемерието - наједноставно средство за опстанок
Лилјана Мазова: Поповски, Ристановски, Драмски и се е можно
Цветанка Зојчевска: Се испоубивме за Томе Прцулот
Борче Грозданов: Ниту смешно, ниту страшно!
Лилјана Мазова: Апсурдноста на разноликоста на тероризмот
Илија Упалевски: Дон Жуан и една нова претстава за него
Илија Упалевски: Гротескно и наивно
Анета Јанчевска: Монтипајтоновска апсурдност на ситуациите
Лилјана Мазова: Жестоката урбана приказна
Анета Јанчевска: „Купидона“ пее, но и збунува
Игор Стојановски: Не ме погоди в срце
Тодор Кузманов: Повеќеслојна претстава
Тодор Кузманов: Апокалиптични визии
Лилјана Мазова: Лесно, за ситуации од животот
Лилјана Мазова: Само копија на добра претстава
Ѕвездан Георгиевски: Враќање на театарот
Јасна Франговска: Колективно вентилирање на нервозите
Цветанка Зојчевска: Смеа и тага за Демонот од Дебар маало
Лилјана Мазова: Празнотија и нагласена театралност
Борче Грозданов: За пародијата на животот
Цветанка Зојчевска: Приказна за нашите и вашите
Лилјана Митевска: Опседнати со минатото, забораваме на идината
Лилјана Мазова: Потрага по идентитетот
Борче Грозданов: Духовната лихва на транзициското невреме
Лилјана Мазова: Кој кого и како тероризира
Борче Грозданов: Забранета?! Љубов?!
Лилјана Мазова: Свет поставен главечки
Цветанка Зојчевска: Трилер, а бавно
Борче Грозданов: Лошо пресликан Тарантино
Борче Грозданов: Нови, свежи, енергични времиња
Борче Грозданов: Ниту лансирање, ниту приземјување
Лилјана Мазова: Емоции, звук и желба за втор почеток
Иван Ивановски: Нестандардна монодрама со класични атрибути
Лилјана Митевска: Оживување на македонската традиција
Борче Грозданов: Магот Петре е жив!
Лилјана Мазова: Модерна фреска за минатото
Борче Грозданов: Недоловен апсурд
Александра Бошковска: Невидлив режисерски концепт и неискористени актери
Александра Бошковска: Свеж и искрен хумор
Даниела Стојановиќ: Кинегонда ја насмеа публиката до солзи
Борче Грозданов: Балканското лудило и европскиот кантар
Лилјана Митевска: Табуата и границите на толеранцијата
Лилјана Мазова: Зададена игра
Борче Грозданов: Македонија и Александар меѓу сонот и јавето
Лилјана Мазова: За себе, ама со патос
Лилјана Мазова: Чехов, актерот и театарот
Александра Бошковска: Отсуство на стил и естетика
Лилјана Мазова: Моќна мајсторска креација
Иван Додовски: Балканот е секаде?
Иван Додовски: Идентитетот како конструкција?
Иван Додовски: Лоша фантазија за национални теми
Борче Грозданов: Кога и од смртта се прави филм
Александра Бошковска: Ведра вечер во театар
Лилјана Мазова: Угоре и удолу
Александра Бошковска: Преоптоварено, долго и здодевно
Лилјана Мазова: Бертолт Брехт во Македонската реалност
Александра Бошковска: Мегдан на вистините
Лилјана Мазова: Аутопсија на геноцидот и сеопштото уривање
М. За.: Александар Лилиќ е новиот лик во Македонија
Александра Бошковска: Вонвременска, вонпросторна, универзална
Борче Грозданов: Сите си имаме свои Глембаев(ск)и
Лилјана Мазова: Прегрешенијата на/во празните души
Александра Бошковска: Претстава што реферира на Крлежа, но е комплетно македонска
Лилјана Мазова: И грев и шприцер
Лилјана Мазова: Аехелаос - визуелен театар за бесмислата на трагедиите
Лилјана Мазова: СОЛУНСКИ ПАТРДИИ: пари, секс, љубов и - добра атмосфера
Александра Бошковска: Старата добра „Солунски патрдии“ - сосема нова
Тони Димков: Итар Пејо со нов сензибилитет
Лилјана Мазова: Евридика - чувствителна приказна за митот за љубовта, животот, смртта ...

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Прегрешенијата на/во празните души

Лилјана Мазова
Новата претстава во Драмски театар во Скопје, „Генетика на кучињата“, е добар театар, и сосема е извесно дека е нова хит претстава. Говори за прегрешенијата на/во празните души на луѓето што се денес и тука (а ги имало секогаш и секаде), за оние со изгубен морал кои се множат со голема брзина, за оние на кои најважни им се парите и самите се довеле во состојба на заробеници на исчуручени и искривени вредности, за болните и неминовни падови на тие среброљубци и нивната битка за одржување, за нивните жртви... За времево во кое речиси и да нема место за оптимизам. Освен за самозадоволните. Овие состојби, како потврдена дијагноза на ова наше време, на сцената ги прикажува/игра и черечи како анатомија на човековиот изгубен морал и можна битка за него, моќна актерска екипа. „Генетика на кучињата“ е добар театар и добра актерска претстава која ја создале режисерот Дејан Пројковски, актерите Билјана Беличанец-Алексиќ, Драган Спасов, Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Рубенс Муратовски ..., сценографот Владо Ѓорески, костимографот Благој Мицевски, авторот на музиката Горан Трајковски..., екипа која меѓусебно добро се разбира и уште подобро соработува.

ГЕНЕТИКА
Венко Андоновски (1964), писател, како драмски автор стартуваше во 1994 година со (изведени) „Адска машина“, „Бунт во домот за старци“, „Словенски ковчег“, „Кандид во земјата на чудата”, „Црни куклички”, „Кинегонда во Карлоленд“, „Граница“, „Светица во темнината“, „Олово на перница“ и сега „Генетика на кучињата“. Тие се испишани во/со модерен и постмодерен драмски ракопис, имаат отворена структура, луцидно говорат за времено, за самобарањето на човекот во околината во која се' се распаѓа: моралот, етиката, вербата во било што... Во тој манир му е и драмата „Генетика на кучињата“. Говори за патот на злото именувано како пари кои имаат само еден пристан - расчовеченост. Како сурова театарска анатомија на злото и колку сме свесни за таквата состојба со која се соочува денешниот човек во себе и со околината.

„Генетика на кучињата“ има поднаслов „Господа ГлембаеВСКИ“, со што потврдува дека глембаевизмот е константа. Се третира моќта на парите, манипулациите, местенките, страдањата, неминовните лудила на/во семејството чие распаѓање го има познатата драма на Мирослав Крлежа „Господа Глембаеви“. Ликови во драмата на Андоновски се: Игњат (59) банкар и претседател на Корпорацијата „Минерали и руди“ (МИР) а во претставата го игра Драган Спасов, Г-ѓа Ренате (41) втора жена на Игњат и ја игра Јелена Жугиќ, Максим (21) негов син од вториот брак и претендент на местото претседател на Корпорацијата и го игра Филип Трајковиќ, Евушка (22) жена на Максим, менаџер во Корпорацијата „МИР“ и ја игра Драгана Левенска, Сара (30) ќерка на Игњат од првиот брак, подоцна монахиња и ја игра Билјана Беличанец-Алексиќ, д-р Роберт Велјановски (44) правен застапник на холдингот и десна рака на Игњат за се' и го игра Роберт Вељановски, Славен (25) новинар во булеварски весник и љубовник на Евушка и го игра Никола Ацески, Темјан (28) новинар и другар на Славен и го игра Игор Ангелов, Приватен детектив (45), Леоне (37) син на Игњат од првиот брак, пропаднат музичар и подоцна светски психијатар што го игра Дејан Лилиќ, Пречесниот, владика (46) и духовен отец на Сара и го игра Рубен Муратовски, Петер Милер (50) германски бизнисмен и го игра Зоран Љутков, Алберт (48) лудак - канибал и го игра Крсте Јовановски, Слугинка (32), сликарка и самохрана мајка и ја игра Гордана Ендровска, Полицаец, Болничар и ги игра Жарко Димоски, карневалска толпа под маски. Драмата се одвива во три чина, три дена во кои пропаѓа Корпорацијата (холдингот) МИР.

Ликовите се наведени по ред, како што се кај авторот (додадени се актерите што ги толкуваат во претставата на Пројковски) од причина што го трасираат смерот по кој се открива идејата/целта одново да се говори за падот на моралот, моќта на парите и распадот на семејството. Приказната за Глембаеви на Крлежа е од 1928 година, а за Глембаевци на Андоновски е од денес и од тука. Тема која ќе ја има и во иднина, и тука и таму и било каде. Споредбата е повод, а натаму Андоновски испишува драма во која се препознава се' и сешто.

Драмата говори за генетиката на испразнетите души кои се зависни од моќта и зависноста од/за пари. Во суштина тоа е карневал/маскембал, а зад маските е лудилото кое се третира и како природна појава. Прашање е колку чини едно лудило? Најчесто споменува сума, по која денес се мери цената на моралот се 10 илјади евра кои, се разбира, само се множат во нови и нови суми. Секој што не е во таа игра е сам, ништожен. Секој е различен свет, секој секого мами. Кога банкарот Игњат ќе реши се' да остави на една општонародна менза и сите што му ги земале парите на овој или оној налич и знаат дека остануваат без нив, а патем и го сметаат за луд, иако алкохолот ги прави силни, маските паѓаат една по една, на куп. Гнилоста во семејните односи, лагите, бегањето од себе во другите, се струполува врз сите што се на овој или оној начин дел од приказната.

Пред самиот крај на драмата Петер, бизнисмен дојден од Германија, покрај ковчегот на мртвиот Игњат, вели: Чудна, чудна земја! Не можам да разберам: зошто никогаш не сте имале крал. Леоне му одговара: Поради кучешката генетика. Ние, Македонците, никогаш сме немале свој сој. Сме биле од повеќе татковци. Коктел сперма. Карневалски народ не може да има сој, благородништво и крал. Никој не си го помни семејното стебло. Секој сака само да му е ДОБРО. Народ на кој секој ден му е карневал и носи маски - нема да има еден татко, ниту ќе има сој. Карневалот го убива кралот. А Бог е кралот на сите кралеви. Ние, господине Петер, немаме Бог.

Драмата е травестија од време и травестија од меѓучовечки односи.

ЗА АЛЧНОСТА
За режисерот Дејан Пројковски кон сценско читање и играње на текстот тргнува од мотрбидната страна на актуелната тема за падот на моралот и последиците од секаков вид. Во тој процес влегува со екипа на која и верува. Со сценографот Владо Ѓорески кој сцената ја обликува во метално сјајна конструкција во која секој од ликовите од дури четири нивоа и низ разни сценски агли може да се огледа во таа разнебитена атмосфера на изгубени и порочни талкачи. Со Горан Трајковски чија музика се слева во режисерскиот концепт и е фон на дејствието и на актерската игра, и со Благој Мицевски чии костими се аргумент за дејствие со цинична дистанца за човековата алчност.

Пројковски го користи целиот текст на обемната драмска структура. Нема проблем со должината на претставата, иако самиот текст има при читањето има и проблеми кои, на пример, би можеле да се решаваат со драматуршка интервенција. Затоа пак во прв план се актерите чија игра е концентрирана на ликот и прегрешенијата на/во празните души во чиј одраз се препознава времево и дејствието на сцената без проблем се следи компактно. Настаните и темпото се развиваат. Сцените се надоврзуваат, актерите во ликовите се концентрирани на дејствие кое расте во испразнетите души чија реалност е алчност која води до ништо. Духот е шарена маскембалска вртелешка што се врти секогаш со исто тепмо во ист празен круг во кој стравот е еднаков на кошмар. Апсурдот е во исто празните срца во кои љубовта ја заменила алчноста, а животот се претворил во ординарна лага која низ кругови (како кога ќе фрлиш камен во вода) се шири на ниво на еден или на многу разнебитени на сите нивоа отживоти: љубов, семејство, понизност, пркос, бегства, алчниост, алкохол, смрт, секс, дрога, никогаш не запретани сеќавања, моќ и немоќ, изгубени вредности, некогаш и сега, таму и тука.

АКТЕРИ
Целата состојба на злото денес режисерот Дејан Пројковски ја подредува на моќта на актерот. Со секој од актерите со кои е реализирана „Генетика на кучињата“, се разбира заедно, создале актерска претстава која се следи со задоволство.

Билјана Беличанец-Алексиќ е Сара, ќерка на Игњат и сестра на Леоне. Се дрогира, пие, тетовира кога ќе стигне, го повикаува избеганиот брат Леоне, ги знае и открива тајните во семејството и го одмотува клупчето. Таа е оној кој ја предизвикува вистината и потоа заминува во манастир. Клучот за таквата порочна Сара, оптоварена се секс и „пис јазик“ за вистините со кои живее, и со товарот дека сите жени се курви, е зачетокот/вистината за моралот и похлепноста/сметките на другите како да дојдат до парите на татко и. Таа е и она искрено, осамено, несреќно дете од приказната „Девојчето со кибритчиња“. Без престан пали шкорчиња кибрит, си ја топли ли душата или ги излудува и им се заканува на другите? Билјана како Сара е симбол на падот на семејството, на моралот и на потребата од чистење на душата. Лик кој е создаден со многу умисли и изгравиран низ сигурноста на актерката за моќна креација. За гестови и состојби на духот со кои актерката, во прикажувањето на лудилото кое се вгездило во семејството, владее/господари во текот на целото дејствие.

Дејан Лилиќ е Леоне, „изгубениот па најден“ син (или не!) на Игњат. Тој со семејството во текот на трите дена колку што трае драмскиот настан, е само еден ден - или 24 часа. Белосветски патник и човек кој бегал од сите свои, ама и станал свој. Дејан со својствената сигурност ги истражи и ги постави на цврсти основи судбинската врска меѓу семсјтвото со кое по род е многу близок, а по мисла сосема различен. Неговиот јазик е закана, тој убива со збор. Истрадан, има право на секој гест, збор, мисла и со нив Дејан го создава овој свој длабоко осмислен/искреиран Леоне.

Драган Спасов-Дац како Игњат е урнатиот столб на семејството. Важни се само неговите пари. И тие за него. Преку неговата игра, сигурна и полна со вистини, се прекршува и проблемот/судирот на генерациите. Тој говори, губи, умира сам. Како и што бил. Измамите, злото и што уште не, за Дац како Игњат се простор со кој актерот владее, се свети свесен дека промашил.

Јелена Жугиќ ја игра ја г-ѓа Ренате, втората сопруга на Игњат и мајка на неговото трето дете Максим. Силна е во сите ситуации во кои е ликот: алчност, превари, алкохол, посветеност на себе и на профитот од зделката да се биде ГлембаеВСКА.

Рубенс Муратовски е Пречесниот, главно духовен татко на Сара. Во ситуација во која на секој и секое зло се надвиснало ново, тој е оној кој го констатрира „циничниот театар” од кој и самиот е дел. Со средства кои се силна поткрепа на неговото однесување и место во приказната. Таквата игра, со елементи на реализам, ја успешно ја применуваат/играат и ги градат ликовите и Зоран Љутков, Крсте Јовановски, Филип Трајковиќ, Гордана Ендровска, Драгана Левенска, Роберт Вељановски, Никола Ацески, Игор Ангелов.

Сето ова, и многу повеќе, може да се види во „Генетика на кучињата“ во Драмски театар. Изборот за соочување со злото, моќта на парите, страдањата, грубостите и сите пороци на денешницата се во играта на актерите.

Глобус, 17.04.2012