ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Драмски театар - Скопје

Драмски театар - Скопје

Лилјана Митевска: Мелодраматична „романса во движење“
Лилјана Мазова: Преку очајот во потрага по среќата
Лилјана Мазова: Црна трагична комедија
Ана Стојаноска: Умешни паралелни сцени и дефинирани ликови
Ана Стојаноска: Од другата страна на Смртта и Смртните гревови
Лилјана Мазова: Приспивна од/за режисерска немоќ
Цветанка Зојчевска: Прагмата на Западот и идеализмот на Истокот
Борче Грозданов: Поголеми ли сме од смртта?!
Цветанка Зојчевска: Исецкани чувства
Лилјана Мазова: Крикот како обид за покајание
Лилјана Мазова: Потрага по себе
Лилјана Мазова: Интелектуалецот како алиби за кражби
Борче Грозданов: Дон Жуан - инертен заводник
Дневник: „Дон Жуан“ испратен на нозе
Анета Јанчевска: Лицемерието - наједноставно средство за опстанок
Лилјана Мазова: Поповски, Ристановски, Драмски и се е можно
Цветанка Зојчевска: Се испоубивме за Томе Прцулот
Борче Грозданов: Ниту смешно, ниту страшно!
Лилјана Мазова: Апсурдноста на разноликоста на тероризмот
Илија Упалевски: Дон Жуан и една нова претстава за него
Илија Упалевски: Гротескно и наивно
Анета Јанчевска: Монтипајтоновска апсурдност на ситуациите
Лилјана Мазова: Жестоката урбана приказна
Анета Јанчевска: „Купидона“ пее, но и збунува
Игор Стојановски: Не ме погоди в срце
Тодор Кузманов: Повеќеслојна претстава
Тодор Кузманов: Апокалиптични визии
Лилјана Мазова: Лесно, за ситуации од животот
Лилјана Мазова: Само копија на добра претстава
Ѕвездан Георгиевски: Враќање на театарот
Јасна Франговска: Колективно вентилирање на нервозите
Цветанка Зојчевска: Смеа и тага за Демонот од Дебар маало
Лилјана Мазова: Празнотија и нагласена театралност
Борче Грозданов: За пародијата на животот
Цветанка Зојчевска: Приказна за нашите и вашите
Лилјана Митевска: Опседнати со минатото, забораваме на идината
Лилјана Мазова: Потрага по идентитетот
Борче Грозданов: Духовната лихва на транзициското невреме
Лилјана Мазова: Кој кого и како тероризира
Борче Грозданов: Забранета?! Љубов?!
Лилјана Мазова: Свет поставен главечки
Цветанка Зојчевска: Трилер, а бавно
Борче Грозданов: Лошо пресликан Тарантино
Борче Грозданов: Нови, свежи, енергични времиња
Борче Грозданов: Ниту лансирање, ниту приземјување
Лилјана Мазова: Емоции, звук и желба за втор почеток
Иван Ивановски: Нестандардна монодрама со класични атрибути
Лилјана Митевска: Оживување на македонската традиција
Борче Грозданов: Магот Петре е жив!
Лилјана Мазова: Модерна фреска за минатото
Борче Грозданов: Недоловен апсурд
Александра Бошковска: Невидлив режисерски концепт и неискористени актери
Александра Бошковска: Свеж и искрен хумор
Даниела Стојановиќ: Кинегонда ја насмеа публиката до солзи
Борче Грозданов: Балканското лудило и европскиот кантар
Лилјана Митевска: Табуата и границите на толеранцијата
Лилјана Мазова: Зададена игра
Борче Грозданов: Македонија и Александар меѓу сонот и јавето
Лилјана Мазова: За себе, ама со патос
Лилјана Мазова: Чехов, актерот и театарот
Александра Бошковска: Отсуство на стил и естетика
Лилјана Мазова: Моќна мајсторска креација
Иван Додовски: Балканот е секаде?
Иван Додовски: Идентитетот како конструкција?
Иван Додовски: Лоша фантазија за национални теми
Борче Грозданов: Кога и од смртта се прави филм
Александра Бошковска: Ведра вечер во театар
Лилјана Мазова: Угоре и удолу
Александра Бошковска: Преоптоварено, долго и здодевно
Лилјана Мазова: Бертолт Брехт во Македонската реалност
Александра Бошковска: Мегдан на вистините
Лилјана Мазова: Аутопсија на геноцидот и сеопштото уривање
М. За.: Александар Лилиќ е новиот лик во Македонија
Александра Бошковска: Вонвременска, вонпросторна, универзална
Борче Грозданов: Сите си имаме свои Глембаев(ск)и
Лилјана Мазова: Прегрешенијата на/во празните души
Александра Бошковска: Претстава што реферира на Крлежа, но е комплетно македонска
Лилјана Мазова: И грев и шприцер
Лилјана Мазова: Аехелаос - визуелен театар за бесмислата на трагедиите
Лилјана Мазова: СОЛУНСКИ ПАТРДИИ: пари, секс, љубов и - добра атмосфера
Александра Бошковска: Старата добра „Солунски патрдии“ - сосема нова
Тони Димков: Итар Пејо со нов сензибилитет
Лилјана Мазова: Евридика - чувствителна приказна за митот за љубовта, животот, смртта ...

______________________________________________________

Борче Грозданов: Сите си имаме свои Глембаев(ск)и

Борче Грозданов
Распродажба на блуд, ниски страсти, пеплосани спомени, што како никогаш ненајадени мршојади кружат врз вистината, а таа е болна, гадна, гладна, убиствена... Се случувала некогаш и некаде, секогаш и секаде, сега, тука и овде... Квазиграндиозноста на убиствените мозоци, на империјата Глембаеви е сеприсутно... Среброљубието е само одраз на искривеното огледало на самољубието и моќта. Неизнајдената маска, која упорно се наметнува врз болката на изгубениот, глупав, немоќен, неук син, за кого таткото е само човечка вреќа пари... И како што обично бива во овие наши балкански приказни, не може и не смее да се заврши на добро. Колку и е да е целата приказна зрела, макар и искарикирана за среќен крај или светски кажано хепи-енд, нема место! Тој тука, сега, овде, па ни во Драмскиот не беше присутен, иако шоуто продолжи...

Во светот на нашите Глембаеви мошне умешно и вешто со голема гротескна филозофија, црн хумор, но и сенс за трилер ситуација и драма, не внесе одличниот Венко Андоновски, кој уште еднаш се потврди како врвен мајстор на нашата (и не само наша) драматика...

Дескрипцијата на словото на Андоновски овојпат од Дејан Пројковски херметички не затвора во сјајот и бедата на азното, отсјајот на плексигласот, Големиот портрет на мајката, но во исто време и на дијамантскиот лустер, кој за изгубените души е сонцето... Обемното писмо на Андоновски преку Господа Глембаевски преточено во „Генетика на кучињата“, ефектно, понекогаш и намерно подавајќи си со суетите до болка ни нуди поетична, но потресна приказна за потрагата кој сме, што сме, од каде сме, до каде сме...

Актерскиот тим на Генетиката... го има столбот Драган Спасов Дац, кој е одличен при внатрешно емотивните турбуленции, но и здравоста на психодраматичната состојба на Игнат... во својата прецизност и точност, иако креира многу психички кршлив лик, од лудило до пијанство, од дрога до разум, составен од алузии и илузии на (не)логика, исто така одлична беше и Билјана Беличанец Алексиќ како Сара... Нивна поддршка е бездруго Леоне или Дејан Лилиќ, кој исто така умешно „жонглира“ со емотивната состојба на својот лик, градејќи една сублиматна целина, притоа користејќи ги сите негови веќе добро познати регистри на актерска моќ... Сличното важи и за Јелена Жугиќ, особено при вербалниот дискурс и алчната логика на Ренате, која вешто користејќи ги досегашните искуства гради еден приемчив лик. Би биле неправедни ако не го споменеме Роберт Вељановски, кој го играше на сцена својот истоименик многу концизно и точно, не расфрлајќи се со гестикулации и одвишни вербални амплитуди... Својот лик од надменост до глупост со помалку или повеќе изнијансирана, но не и канализирана енергија го гради младиот Филип Трајковиќ, играјќи го Максим. Пречесниот на Рубенс Муратовски беше фино дозиран, особено сликајќи ги перфидните умствени перформанси... На целосната актерска градба се придодава гротескно карикираниот лик на Петер Милер, што без поголем напор го гради Зоран Љутков... Тука е придодадено искуството на Крсте Јовановски и Гордана Ендровска, чии ликови (Алберт и Слугинката) оставаат зрел актерски печат, како и впечатливите „епизоди“ на Темјан или Игор Ангелов, како предводник (како веќе дипломиран) на оние кои доаѓаат Никола Ацески (Славен), Драгана Левенска (Евушка) и Жарко Димовски (полицаец, болничар).

Веќе препознатливиот ракопис на Пројковски на сцената го реализира Владо Ѓорески Рафик, дополнет со музичките премини и нијанси од Горан Трајковски, со верно и успешно презентираните костими на Благој Мицевски.

Вечер, 14.04.2012