ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Драмски театар - Скопје

Драмски театар - Скопје

Лилјана Митевска: Мелодраматична „романса во движење“
Лилјана Мазова: Преку очајот во потрага по среќата
Лилјана Мазова: Црна трагична комедија
Ана Стојаноска: Умешни паралелни сцени и дефинирани ликови
Ана Стојаноска: Од другата страна на Смртта и Смртните гревови
Лилјана Мазова: Приспивна од/за режисерска немоќ
Цветанка Зојчевска: Прагмата на Западот и идеализмот на Истокот
Борче Грозданов: Поголеми ли сме од смртта?!
Цветанка Зојчевска: Исецкани чувства
Лилјана Мазова: Крикот како обид за покајание
Лилјана Мазова: Потрага по себе
Лилјана Мазова: Интелектуалецот како алиби за кражби
Борче Грозданов: Дон Жуан - инертен заводник
Дневник: „Дон Жуан“ испратен на нозе
Анета Јанчевска: Лицемерието - наједноставно средство за опстанок
Лилјана Мазова: Поповски, Ристановски, Драмски и се е можно
Цветанка Зојчевска: Се испоубивме за Томе Прцулот
Борче Грозданов: Ниту смешно, ниту страшно!
Лилјана Мазова: Апсурдноста на разноликоста на тероризмот
Илија Упалевски: Дон Жуан и една нова претстава за него
Илија Упалевски: Гротескно и наивно
Анета Јанчевска: Монтипајтоновска апсурдност на ситуациите
Лилјана Мазова: Жестоката урбана приказна
Анета Јанчевска: „Купидона“ пее, но и збунува
Игор Стојановски: Не ме погоди в срце
Тодор Кузманов: Повеќеслојна претстава
Тодор Кузманов: Апокалиптични визии
Лилјана Мазова: Лесно, за ситуации од животот
Лилјана Мазова: Само копија на добра претстава
Ѕвездан Георгиевски: Враќање на театарот
Јасна Франговска: Колективно вентилирање на нервозите
Цветанка Зојчевска: Смеа и тага за Демонот од Дебар маало
Лилјана Мазова: Празнотија и нагласена театралност
Борче Грозданов: За пародијата на животот
Цветанка Зојчевска: Приказна за нашите и вашите
Лилјана Митевска: Опседнати со минатото, забораваме на идината
Лилјана Мазова: Потрага по идентитетот
Борче Грозданов: Духовната лихва на транзициското невреме
Лилјана Мазова: Кој кого и како тероризира
Борче Грозданов: Забранета?! Љубов?!
Лилјана Мазова: Свет поставен главечки
Цветанка Зојчевска: Трилер, а бавно
Борче Грозданов: Лошо пресликан Тарантино
Борче Грозданов: Нови, свежи, енергични времиња
Борче Грозданов: Ниту лансирање, ниту приземјување
Лилјана Мазова: Емоции, звук и желба за втор почеток
Иван Ивановски: Нестандардна монодрама со класични атрибути
Лилјана Митевска: Оживување на македонската традиција
Борче Грозданов: Магот Петре е жив!
Лилјана Мазова: Модерна фреска за минатото
Борче Грозданов: Недоловен апсурд
Александра Бошковска: Невидлив режисерски концепт и неискористени актери
Александра Бошковска: Свеж и искрен хумор
Даниела Стојановиќ: Кинегонда ја насмеа публиката до солзи
Борче Грозданов: Балканското лудило и европскиот кантар
Лилјана Митевска: Табуата и границите на толеранцијата
Лилјана Мазова: Зададена игра
Борче Грозданов: Македонија и Александар меѓу сонот и јавето
Лилјана Мазова: За себе, ама со патос
Лилјана Мазова: Чехов, актерот и театарот
Александра Бошковска: Отсуство на стил и естетика
Лилјана Мазова: Моќна мајсторска креација
Иван Додовски: Балканот е секаде?
Иван Додовски: Идентитетот како конструкција?
Иван Додовски: Лоша фантазија за национални теми
Борче Грозданов: Кога и од смртта се прави филм
Александра Бошковска: Ведра вечер во театар
Лилјана Мазова: Угоре и удолу
Александра Бошковска: Преоптоварено, долго и здодевно
Лилјана Мазова: Бертолт Брехт во Македонската реалност
Александра Бошковска: Мегдан на вистините
Лилјана Мазова: Аутопсија на геноцидот и сеопштото уривање
М. За.: Александар Лилиќ е новиот лик во Македонија
Александра Бошковска: Вонвременска, вонпросторна, универзална
Борче Грозданов: Сите си имаме свои Глембаев(ск)и
Лилјана Мазова: Прегрешенијата на/во празните души
Александра Бошковска: Претстава што реферира на Крлежа, но е комплетно македонска
Лилјана Мазова: И грев и шприцер
Лилјана Мазова: Аехелаос - визуелен театар за бесмислата на трагедиите
Лилјана Мазова: СОЛУНСКИ ПАТРДИИ: пари, секс, љубов и - добра атмосфера
Александра Бошковска: Старата добра „Солунски патрдии“ - сосема нова
Тони Димков: Итар Пејо со нов сензибилитет
Лилјана Мазова: Евридика - чувствителна приказна за митот за љубовта, животот, смртта ...

______________________________________________________

Лилјана Митевска: Мелодраматична „романса во движење“

(Кон претставата „Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид“ (Педро Калдерон де ла Барка / Коле Ангеловски), во продукција на Драмски театар)

„Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид“ е романтична, лесна комедија со сите класични белези: фарсични грешки, погрешно темпирано време и недоразбирања од секаков вид. Мелодраматиката е неодминлив момент во оваа приказна фокусирана врз машко - женските односи, изградени преку сите најтипични манифестации, љубов, страст, неверство, љубомора и гнев, но и врз строгите конвенции на патријархалното, средновековно шпанско општество. Пиесата ја раскажува приказната за невообичаената љубов помеѓу мажот и жената во чие постоење тој всушност и не е наполно сигурен. Во оваа „романса во движење“ работите никогаш не се онакви какви што се чинат, а забуните достигнуваат кулуминација кога во играта ќе се замеша и вториот љубовен пар. Мечовите се вкрстуваат повеќепати додека се одмотува приказната. Конечно, откако идентитетите се откриени и светата чест е одбранета, среќниот крај е обезбеден, како што впрочем е обичајот во ренесансните комедии. Значи, сe на сe, љубовна приказна која преку нагласената драматика ја носи неодминливоста на комичноста, но и патетиката.

Сепак, под површината на ова дело во традицијата на ренесансниот театар се крие и една поинаква димензија. Почитувајќи ги стандардите на пишувањето, карактеристични за 17 век во Шпанија, Калдерон ги подрива репресивните општествени конвенции врзани за нееднаквоста на половите. Помеѓу ароганцијата на мажите и лажната воздржаност на жените тој ја гради играта на страста, независноста и одлучноста. Овие аспекти играат важна улога во оваа пиеса за забранетата женска слобода, како и ликовите и нивната подготвеност и волја да ги преиспитаат своите верувања и перцепции.

Следејќи ги конвенциите на традиционалниот шпански театар кој ја нагласува акцијата пред психолошката драма, па ликовите се повеќе типови отколку луѓе, на пример: шармантен, храбар кавалер, убава дама, мрзлив слуга... режисерот Ангеловски гради искарикиран, предимензиониран, па дури и карикатурален свет. Неговата режија подразбира класичен пристап базиран врз актерската игра градена врз принципот на стереотипност. Ова овозможува полесна рецепција на идејното ткиво, но и скудност во однос на сугестивниот, асоцијативен, повеќеслоен и софистициран сценски израз.

Актерите „ја трчаат“ оваа акционо фокусирана драма. Тие прават сe за да ја одржат динамиката на претставата внесувајќи хумор преку креациите со пренагласени гестови, гротескност и патетичност. Енергетски набиена, одмерена, но и експресивна е креацијата на Сашо Тасевски во улогата на досетливиот, лукав и суеверен слуга. Со една поголема доза на карикатуралност во изразот настапуваат пресметаните слугинки, Калина Наумовска и Марија Кондова, додека хероината која триумфира во играта на љубовта, Билјана Беличанец, го постигнува балансот на нежна, но страсна и одлучна жена. Груба латинска темпераментност покажува Ирена Ристиќ, наспроти спонтаната, далеку полежерна игра на Роберт Велјановски или лесната, шармантна појава на Игор Стојчевски. Диме Илиев, речиси надвор од општо воспоставениот концепт на пренагласеност и театралност, во улогата на остарениот слуга настапува ненаметливо и природно, а Димче Мешковски пак без проблеми го креира заморниот на моменти каприциозен старец.

Претставата има тенденција за богата сценска експерсија преку костимите (дело на Лира Грабул) и сцената (на Љубомир Чадиковски), флексибилна и во функција на брзите сценски промени кои ја следат динамиката на оваа типична комедија на меч и наметка. Тие, како и музиката, се надградуваат, но стилски не го заробуваат окото на гледачот.

„Што е тоа што ги тера жените навечер да трчаат по улиците на Мадрид“ е претстава која почива врз обидот да биде приемчива за пошироката публика. Нејзината популистичка димензија и го трасира патот кон гледачите приврзаници на класичните репертоарски поставки.

Утрински весник, 13.04.2004