ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МОБ - Балет

МОБ - Балет

Емилија Џипунова: Вонвременоста на страста, љубовта, недоразбирањето и трагиката
Даниела Стојановиќ: Полетна, летна балетска вечер
Ѓурѓица Јовановска: Враќање на достоинството
Соња Здравкова - Џепароска: Спектакл каков што досега не сме виделе
Емилија Џипунова: Празник на играта
Борче Грозданов: За љубовта, страста и смртта - со многу убавина!
Емилија Џипунова: Посвета на танцот
Даниела Стојановиќ: Нешто малку поинаку со „Силфида“
Соња Здравкова - Џепароска: Танцова кохезија во балетскиот романтизам
Ѓурѓица Јовановска: Убав кореографски показ
Даниела Стојановиќ: Катерина Кипровска - суптилна и секси Есмералда
Соња Здравкова - Џепароска: Стилско единство и индивидуална реализација
Ангелина Димоска: Валканиот танц што стана модерна класика
Емилија Џипунова: Танго како филозофија на животот
Ангелина Димоска: „Танго“ ја освои публиката
Даниела Стојановиќ: Модерен балет низ емоција и страст
Соња Здравкова - Џепароска: Извонредни танцови креации
Емилија Џипунова: Кореографска архитектура
Даниела Стојановиќ: Слатко, но прекратко
Соња Здравкова - Џепароска: Силен технички танц и актерска вознесеност
Ѓурѓица Јовановска: Новата премиера во знакот на Мијалкова
Ѓурѓица Јовановска: Доминантна Јулија
Емилија Џипунова: Убавината на академскиот класичен балет
Соња Здравкова - Џепароска: „Рајмонда“ блесна
Даниела Стојановиќ: Кич мутант
Емилија Џипунова: Бајковита атмосфера на балетот „Доктор Офболи“

______________________________________________________

Емилија Џипунова: Вонвременоста на страста, љубовта, недоразбирањето и трагиката

(кон музичко - балетското дело „Охридската робинка Ташула“)
Емилија Џипунова
Во предвечерието на најголемиот христијански празник ВЕЛИГДЕН, токму на денот Велики петок, на Големата сцена при Македонскиот народен театар беше праизведено најновото домашно музичко - балетско дело „Охридската робинка Ташула“ работено според мотивите од истоимената поема на Миле Волкановски и музиката на современиот македонски композитор Стојан Стојков. Кореограф Владимир Логунов (Белград, Република Србија и Црна Гора), асистент на кореографот Тања Вујисиќ - Тодоровска, сценограф Борис Максимовиќ (Белград, Република Србија и Црна Гора), костимограф Александар Ношпал, репетитори Јагода Сланева и Тони Баталаков.
По „Македонска повест“ на Глигор Смокварски (1953 - 1993) и „Лабин и Дојрана“ на Трајко Прокопиеф (1958), „Охридската робинка Ташула“ е трето целовечерно домашно балетско дело, кое со својата содржина не враќа во едно дамнешно време и се базира врз вистинска случка од времето на турското ропство во Охрид. Инспириран од овој трагичен романтично - патетичен настан, композиторот Стојан Стојков ја компонира музиката чиј мелодиско - ритмички корен лежи во македонската народна песна, односно традиционалниот македонски мелос. Оттука во живата изведба на оваа современа, или како што самиот композитор вели, неофолклорна музика, беа вклучени во живо покрај оркестарот на Македонската опера и квартетот „Даутовски“ со традиционалните народни инструменти, како и женската вокална група „Танец“. Ова значајно и репрезентативно музичко дело на Стојан Стојков (за кое музиколозите и музичките критичари ќе го дадат својот суд) иако во извесна мера му недостасуваа одредени, неопходни во драматуршка смисла, лајт мотиви, со рафинирани звучни бои и цврста ритмичка нагласеност поентиран е психолошо - емотивниот набој кај ликовите од делото. Врз што и кореографот Владимир Логунов ја гради кореографската концепција. Низ мозаични слики без особено изразена фабуларна структура и драматуршка акција, Владимир Логунов ги акцентира страста, љубовта, недоразбирањето и трагиката, кои како вонвременски и вонпросторни состојби на човековата природа, му овозможуваат полна творечка слобода.
Преку естетиката на класичниот - неокласичниот балетски израз со доминантни соло и дуетни танцови пасажи, исконструирани со богата танцова лексика и екпресивни движења кои органски произлегуваат од карактерот и емотивно - психолошката состојба на секој лик поединечно, Владимир Логунов го визуализира и сценски обликува овој уметнички чин. Двата најсложени женски лика, како во техничка така и во драматуршка смисла, Ташула и Саби, им беа доверени на Александра Мијалкова и Катерина Кипровска. И Мијалкова и Кипровска поединечно и во взаемна интеракција, со експресивна творечка енергија и чист академски танц, вдахновено ни  ја пренесоа својата болка, немир и љубов.
Василиј Чичијашвили со препознатливата, веќе за него, техничка бравурозност од високи и лесни скокови бројни пируети и тур - анлери, како и сигурна поддршка во слоевитите и сложени по својата конструкција дуетни танци со Ташула, Саби и други партнерки, ја играше улогата на насилничкиот Џеладин бег. Со мошне впечатлива танцова пластичност и драматуршка креативност, Искра Шукарова ја видовме во улогата на Нурие - неговата мајка, додека пак Наташа Николова се сообрази и ја изгради рољата на Атиџе. Горан Божинов трансформирајќи се од еден во друг сосема различен по својот карактер лик Ибраим и Кузман, потврди дека станува збор за искусен балетски уметник кој умее впечатливо да ги подвои и драматуршки да ги изнијансира улогите. Секогаш темпераментниот со широк танцов замав Кире Павлов го интерпетираше главниот аскер, а Олег Мунаковски професионално и осмислено беше Асан.
Балетскиот ансамбл изедначено и хармонично со едноставни кореографски решенија го исполнуваше сценскиот простор и беше неодминлив дел во режиско - мизансценската концепција на кореографот. Убаво осмислениот сценски простор со карактеристични, функционални и подвижни елементи, во амбиенталниот простор за живеење на двата различни ентитета, е дело на Борис Максимовиќ, а извонредно убавите, лесни и разнобојни костими, кои повеќеструко кореспондираа со ликовите и претставата во целина и предизвикаа бурен аплауз кај публиката, беа креација на Александар Ношпал.
И на крајот под диригентската палка на Саша Николовски - Ѓумар, оркестарот при Операта на Македонскиот народен театар, заедно со квартетот „Даутовски“ и женската вокална група „Танец“ професионално и вдахновено ја интерпретираа музиката на Стојан Стојков.

Утрински весник