ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МНТ - Драма

МНТ - Драма

Лилјана Мазова: Во огледалото кон патот на љубовта
Лилјана Митевска: Шаблон на Пинтеровите соништа
Лилјана Митевска: Мала претстава за малиот човек
Лилјана Мазова: За скаменетиот/изгубен поглед во далечината
Илија Упалевски: Текстуална порака со минимум театарски знаци
Лилјана Мазова: Кој и што сака да заборави
Борче Грозданов: „Безимениот“ ги испушти конците
Лилјана Мазова: Заедно секој по свое
Наташа Бунтеска: Нежна претстава за обичните животни приказни
Цветанка Зојчевска: „Црнила“ го вратија театарот
Борче Грозданов: Карикирање до невкус
Лилјана Мазова: За самотијата, напуштеноста и безизлезот
Цветанка Зојчевска: Заточени во слепилото
Лилјана Мазова: Апсурдот за црнилата сега и тука
Анета Јанчевска: Вистинска лекција за тоа како да се прогледа
Иван Додовски: Историјата како драматуршка грешка
Јасна Франговска: Чекајќи содржина вредна да се живее
Лилјана Мазова: Неуспешна приказна заглавена меѓу режијата и актерите
Анета Јанчевска: Вистината се открива постепено
Борче Грозданов: Да се чека или не?!
Лилјана Митевска: Евтино како македонската реалност
Тодор Кузманов: Оригинален приод
Тодор Кузманов: Илустративно
Лилјана Мазова: Мачнината на актерот среде изгубените вредности
Тодор Кузманов: Суптилна претстава
Лилјана Мазова: Бркотница во времињата и на просторот
Цветанка Зојчевска: Властољубивите, корумпирани муцки на Гогољ кај нас
Анета Јанчевска: Претстава за почит и за восхит
Тодор Кузманов: Панаѓур на муцки и сурати
Тодор Кузманов: Претстава – калеидоскоп
Цветанка Зојчевска: Чудесната игра на Јолевски и Ветерова
Иван Ивановски: Свежа и инспиративна претстава
Борче Грозданов: Болвата... го продолжува векот
Лилјана Митевска: По се изгледа, „Болва в уво“ ќе биде долговечна и во МНТ
Лилјана Мазова: Проблеми во концептот и интерпретацијата
Цветанка Зојчевска: Хуморно „Сомнително лице“ како мевлем на душата
Лилјана Митевска: Пресликана реалност
Маја Неделковска: Сомнителното лице од нашето секојдневие
Борче Грозданов: Лицето се уште е сомнително
Лилјана Мазова: Звукот, сликата и видеото - база на „Соларис“
Анита Јованоска: Соларис - космичко лајт шоу
Цветанка Зојчевска: Театар, или видеоинсталација?
Илија Упалевски: Соларис под месечина
Борче Грозданов: За сонот, љубовта и Мерилин Монро...
Борче Грозданов: Неискористена шанса, до здодевност
Лилјана Мазова: Искрена приказна за театарските приказни
Илија Упалевски: Нејасна слика на Софија
Лилјана Мазова: Еден актер и цела книга за животот
Борче Грозданов: ЕЕГ на бескрајот
Лилјана Мазова: Емоции и силна енергија
Борче Грозданов: Дракула да - спектакл не!
Лилјана Мазова: Црна комедија против насилството
Весна Дамчевска: Свежа и провокативна „Мара/Сад“
Борче Грозданов: Работа, ред и дисциплина!
Бошковска Александра: Претстава во духот на времето
Лилјана Мазова: Весна како Живка = трагикомично храбра забава
Иван Додовски: Пасија по Љубиша Георгиевски
Иван Додовски: Мртвите се патриоти, живите се предавници?
Иван Ивановски: Жестока драма што зборува со јазикот на улицата
Лилјана Мазова: Секој за себе – сите против еден
В. Д.: Врзете се, полетуваме на љубовниот лет!
Лилјана Мазова: „Ромео и Џулиета“ во МНТ: Отидете, видете и одлучете
Бошковска Александра: Ода на љубовта
Борче Грозданов: Зборот знае да тежи и да боли
Бошковска Александра: Парите се отепувачка... секогаш
Борче Грозданов: Бесовите - гревови смртни
Борче Грозданов: Сенко не се плаши од Вирџинија!
Лилјана Мазова: Театар тежок колку и виртуелниот живот
Бошковска Александра: Стравот од Вирџинија Вулф се покажа оправдан
Лилјана Мазова: Енргијата на Добрила Чабриќ е лекција по живот
Лилјана Мазова: Преку себе против злото и насилството
Бошковска Александра: Претстава со моќ да го надживее животот
Сунчица Уневска: „Животот е сон“ како краткотраен лет
Лилјана Мазова: Ристановски како Молиер - крал на сцената
Лилјана Мазова: Декамерон како мјузикл кој се игра и гледа со радост
Борче Грозданов: Разиграна и впечатлива слика
Лилјана Мазова: Изгубени Германци - мајсторски тим и многуслоен горчлив театар
Бошковска Александра: Изгубените Германци се импресивни, зрели и моќни актерски креации
Борче Грозданов: Недореченоста покриена со фасцинантна актерска енергија
Лилјана Мазова: Подемот и падот на кабарето: копнеж по слобода на уметноста со ширум отворени очи

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Ристановски како Молиер - крал на сцената

Лилјана Мазова
Режисерот Александар Поповски во Македонскиот народен театар го создаде „Животот на Молиер“ како минималистички и жив театар каков што главно се создава/игра и цени на европските сцени.

Ниту за еден театар, ниту за актерите во него, ниту за неговата публика нема подобар настан од добра претстава. Токму таква е „Животот на Молиер“ работена по текстот на Михаил Булгаков, што на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје е од минатата недела (18/19 април). Режисер е Александар Поповски (негов е и изборот на музиката), ликот на Молиер го игра Никола Ристановски, асистент на режијата е Лука Кортина. Сценографијата на Свен Јонк и костимите на Снежана Пешиќ Раиќ (автори со кои Поповски соработува од пред некое време) со минималистички средства создаваат атмосфера во која секој знак е на сигурно место. Без разлика дали е сценографски или костимографски. Просторот и актерите во костимите се елементи кои на целата изведба и го дообликуваат здивот на театарот.

„Животот на Молиер“ е театар кој ни докажува дека животот е поважен од театарот, спротивно на тврдењата дека „театарот е живот“. Енергијата и свежината на нејзините творци се отчитува во секој миг полн со страст која се распостила по сцената и префрла на гледачите во салонот. Таа е и добар репертоарски театар, минималистички и жив, каков што главно се создава/игра и цени на европските сцени. Претставата е мислена и осмислена како процес/слика на живот кој се препелка во театарската квадратура на кругот и се она што е реалност, сплетка, лицемерие, диктатура, радост, беда, живот, смрт... Театарот кој е од зад завесата, простор што е невидлив за гледач, а реалност за театарот.

МОЛИЕР И БУЛГАКОВ
Жан-Батист Поклен де Молиер живее во 17.век (1622-1673), тој е најпознатиот француски комедиограф чии драми постојано се поставуваат на светските театарски сцени. Молиер бил и режисер на своите текстови (35) и многу често во нив го играл и главниот лик. Живеејќи го животот на времето и на режимот во Париз и како патувачки актер, низ драмите/комедиите најлуцидно се пресметува со власта, со времето во кое се соочува, со секогаш и секаде присутното лицемерие. А сите нив ги имало и пред и по него. Затоа и трајноста на неговите дела е, најверојатна бесконечна.

Со таквиот Молиер, речиси три века подоцна, се занимава големиот Михаил Булгаков (1891-1940), руски новелист, романсиер и драмски писател. Молиер за Булгаков е инспирација за роман и за драма која говори за животот на Молиер, за зависноста на судбината на уметникот од волјата на власта, конкретно на Молиер од кралот Луј XIV, и воопшто животот на Молиер. Булгаков со драмата за Молиер немал среќа: иако почнал да ја пишува во 1929 година, и по разноразни одбивања на кои кумивала советската власт (Сталин), медиумите и поединци, драмата е праизведена дури во 1936 година и е симната од репертоарот на Художествениот театар во Москва по само седум изведби.

Драмата Булгаков ја пишувал под разни наслови, впрочем под разни наслови и се изведува: „Завера (заговор) на лицемерите“, „Малку кој му бил рамен“, „Братство на лицемери“, па „Робувањето на лицемерот или Молиер“... Во Македонија е играна како „Сојуз на лажните светци (или Молиер)“ (премиера на 14 октомври 1970 година во Драмски театар, во адаптацпја и превод на Саша Маркус и режија на Тодорка Кондова-Зафировска) ... и сега во МНТ со наслов „Животот на Молиер“. Секогаш ги поставува истите прашања: лицемерието, диктатурата, моралните и етичките норми (или прашања!) без кои уметноста би била безначајна, секогаш е против режимот во кој добриот творец е во погрешно време на погрешно место. На македонските сцени играни му се „Зојкиниот стан“, драматизацијата на неговиот најпознат роман „Мајсторот и Маргарита“...

АЛЕКСАНДАР ПОПОВСКИ
Режисерот на „Животот на Молиер“ Александар Поповски истржувајќи низ текстот на големиот Булгаков за големиот Молиер, с открива слоеви и гради/создава свој став кој кореспондира со идеите и животите во различни векови/времиња на веќе легендарните драматичари Булгаков и Молиер, но како повод врз кој гради свој мериторен театар кој е апсолутно од/во ова време. Го разголува низ моќно обмислена театарска приказна која ја создава заедно со сите со кои е во проектот. Поповски го режираше и Молиеровиот „Дон Жуан“, исто претстава со јасни ставови, исто со Никола Ристановски во главниот лик, а како продукција на Драмски театар (18 јули 2005).

Во театарски сосема отворена приказна за театарот, се' е осмислено и се надоврзува едно на друго: приказната е за Молиер, за неговата работа во Театарот Пале Роајал, за неговиот лик на Зганарел во неговиот „Дон Жуан“, го има и Тартиф, неговите љубови, испратени писма до власта и искуства/контакти до/со власта, личната несреденост и падови, за глумците во неговата трупа, односот на власта кон нив. Меѓутоа како сегашна приказна која, се покажува, дека се повторува низ времињата. Го има и времето на Булгаков (театарот и уметниокот во разулавениот ум на диктаторот Сталин), ама како време на уметникот денес, на театарот како положба со свој вкус и мирис (на пример, пудрото кое се растура насекаде а го менува ликот на актерот во друг лик), справувањето со беспарицата, костимите кои на сцената изгледаат сјајно а во фундусот на театарскиот гелендер се ефтини парталави алишта... Најсилно се чувствува/живее времето на претставата кое ги има трепетот на секој актер зад сцената и гордоста на секој актер кога е на сцената наспроти гледачот во салонот. И што повеќе за еден добар театар кој на е крик за себе, а е модерен, минималистички жив театар.

Концептот на Поповски мудро се движи по тенка и чиста театарска лининја која не се претвора во пресметка. Напротив, создава театарска приказна која, се разбира, дозволува и слободни асоцијациии. Чиста и сосем сигурна е идејата за интерпретација на „театарска трупа на МНТ“ и пораката: „Ние не сме луѓе ... ние сме привид... Ние сме онаа материја од која соништата се создадени... Кога ќе не ранат, ние не крвавиме. Кога ќе не убијат, ние не умираме...“.

Акцент за вистината, па макар само актерско/театарска, а е протест кон/на времево, едноумието и лажната демократија која застрашувачки точно и јасно се искажува од сцената на „трупата“ е: „Глумецот има само една љубовница ... сцената ... онаму каде што сакаме да живееме и на која сонуваме дека ќе умреме, како Молиер, за да буде нашата последна геста голем спектакл... Додека сме на сцена, не ни можат ништо!“ Реплика која со ширум отворени очи ја сонува актерот.

Во игра на актерите Поповски поставува дистанца и секој од нив во секој миг е ангажиран во вкупната сценска слика. Се спроведува почитта на Булгаков кон/за Молиер: За неговата слава, веќе ништо не е потребно. Но, тој е потребен за нашата слава.

На крајот на претставата соништата на актерите, по премрежјата кои се секојдневие насекаде и во разни времиња се исти, се забавуваат: како бенд „Пале де Роајал“ бучно, разиграно и верно ја изведуваат „Да бидеме хереи барем еден ден“ на Дејвид Боуви..., која толку моќно се надоврзува на битието на актерот, режисерот, драмскиот писател - театарот. И во интерпретација на песната актерите се толку се посветени што можат да пејат уште колку сакаат. Сепак тука е крајот на изведбата на „театарската трупа на МНТ“ на „Животот на Молиер“. Потоа трае како идеја, игра/изведба во секој што ќе ја види, зашто лицемериото е најголемата гадост на светот денес, на глобално ниво, а изведбата е негов циничен приказ.

НИКОЛА РИСТАНОВСКИ
Јунакот на Булгаков францускиот комедиограф, актер, режисер и човек кој поминува низ небиднинте на животот посветен на театарот Жан-Батист Поклен де Молиер, во претставата на Поповски е Никола Ристановски. Тој е добриот јунак на приказната за театарот, ласкавец кој за своите драмски јунаци мора и да се понижува, се жени за својата ќерка без тоа да го знае, децата не му траат и уште што не, за на крајот да падне на сцената. Никола Ристановски е извонредно инспириран во идејата на ваков начин да се протолкуваат сите премрежја низ кои поминува неговиот Молиер. Го игра со силна верба да ја раскаже/одигра за гледачот непознатата страна на театарот. И низ играта да ни покаже, како во драмата, дека е „крал на сцената“.

Тоа е игра која се менува, има разни состојби на духот и на телото. Има љубов, цинизам, наивност, болка, вистина и искреност во секоја од состојбите низ кои го води ликот и неговата моќност да го прикаже низ сопствената домисленост за различноста. Никола како Молиер, од почетокот на просценумот кога го воведува гледачот во „другото лице на театарот“ до мигот кога паѓа на сцената и потоа „оживува” и како пејач во музички бенд, е сложен и сигурен лик, одигран низ лепеза од нијанси стекнати од талентот и посветеноста на актерот на себе и театарот со/во кој живее повеќе од две децении.

Покрај сите премрежја Никола до денес, и пред овој свој Молиер, е „најтрофејниот“ актер во македонскиот театар. Изброени/доделени му се 26 награди од кои повеќе од половината ги добил надвор од Македонија. Сето тоа искуство на Никола, дома и надвор, неговата катадневна грижа за доградување на сопственото искуство и секогаш дисциплинирано истражување во длабочината на перфекциите на новиот лик, со најновиот, Молиер, се искачи до самиот врв на неговата верба, дарба и посветеност на театарот, без раслика дали тој си поигрува со него или му/си веруваат.

ЕКИПАТА
Режисерот Александар Поповски, иако „Животот на Молиер“ го подготвуваше со прекини, иако често имаше промени во екипата и пак почнуваше од почеток, на крајот ја има вистинската екипа за неговиот концепт.

Во играта со Никола Ристановски се уште десетмина актери: Емил Рубен, Сашка Димитрова, Драгана Костадиновска, Оливер Митк“овски, Марија Новак, Николина Кујача, Игор Ангелов, Нина Деан, Дениз Абдула и Никола Ацески. Секој од нив си го има своето место со својот лик. Секој има своја важност и изедначеност во контекстот на важноста на претставата и идејата за „театарска трупа на МНТ“ која безрезервно му се предава на процесот да се одигра театарот од зад кулисите и она што е негова задкулисна состојба.

Реализаторите/творците на овој „Живот на Молиер“ веруваат во својот театар. Создаваат театарска сложувалка во која се препознаваат/идентификуваат состојбите на времево. Сето тоа треба да се види за да им се верува во она што го создаваат. Она што е живот со кој актерот и театарот живеат а публиката тоа не го гледа. Значи, искрен и добро мислен театар во чија реализација е доминантна посветената на сите што се во него.

Глобус, 24.04.2012