ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МНТ - Драма

МНТ - Драма

Лилјана Мазова: Во огледалото кон патот на љубовта
Лилјана Митевска: Шаблон на Пинтеровите соништа
Лилјана Митевска: Мала претстава за малиот човек
Лилјана Мазова: За скаменетиот/изгубен поглед во далечината
Илија Упалевски: Текстуална порака со минимум театарски знаци
Лилјана Мазова: Кој и што сака да заборави
Борче Грозданов: „Безимениот“ ги испушти конците
Лилјана Мазова: Заедно секој по свое
Наташа Бунтеска: Нежна претстава за обичните животни приказни
Цветанка Зојчевска: „Црнила“ го вратија театарот
Борче Грозданов: Карикирање до невкус
Лилјана Мазова: За самотијата, напуштеноста и безизлезот
Цветанка Зојчевска: Заточени во слепилото
Лилјана Мазова: Апсурдот за црнилата сега и тука
Анета Јанчевска: Вистинска лекција за тоа како да се прогледа
Иван Додовски: Историјата како драматуршка грешка
Јасна Франговска: Чекајќи содржина вредна да се живее
Лилјана Мазова: Неуспешна приказна заглавена меѓу режијата и актерите
Анета Јанчевска: Вистината се открива постепено
Борче Грозданов: Да се чека или не?!
Лилјана Митевска: Евтино како македонската реалност
Тодор Кузманов: Оригинален приод
Тодор Кузманов: Илустративно
Лилјана Мазова: Мачнината на актерот среде изгубените вредности
Тодор Кузманов: Суптилна претстава
Лилјана Мазова: Бркотница во времињата и на просторот
Цветанка Зојчевска: Властољубивите, корумпирани муцки на Гогољ кај нас
Анета Јанчевска: Претстава за почит и за восхит
Тодор Кузманов: Панаѓур на муцки и сурати
Тодор Кузманов: Претстава – калеидоскоп
Цветанка Зојчевска: Чудесната игра на Јолевски и Ветерова
Иван Ивановски: Свежа и инспиративна претстава
Борче Грозданов: Болвата... го продолжува векот
Лилјана Митевска: По се изгледа, „Болва в уво“ ќе биде долговечна и во МНТ
Лилјана Мазова: Проблеми во концептот и интерпретацијата
Цветанка Зојчевска: Хуморно „Сомнително лице“ како мевлем на душата
Лилјана Митевска: Пресликана реалност
Маја Неделковска: Сомнителното лице од нашето секојдневие
Борче Грозданов: Лицето се уште е сомнително
Лилјана Мазова: Звукот, сликата и видеото - база на „Соларис“
Анита Јованоска: Соларис - космичко лајт шоу
Цветанка Зојчевска: Театар, или видеоинсталација?
Илија Упалевски: Соларис под месечина
Борче Грозданов: За сонот, љубовта и Мерилин Монро...
Борче Грозданов: Неискористена шанса, до здодевност
Лилјана Мазова: Искрена приказна за театарските приказни
Илија Упалевски: Нејасна слика на Софија
Лилјана Мазова: Еден актер и цела книга за животот
Борче Грозданов: ЕЕГ на бескрајот
Лилјана Мазова: Емоции и силна енергија
Борче Грозданов: Дракула да - спектакл не!
Лилјана Мазова: Црна комедија против насилството
Весна Дамчевска: Свежа и провокативна „Мара/Сад“
Борче Грозданов: Работа, ред и дисциплина!
Бошковска Александра: Претстава во духот на времето
Лилјана Мазова: Весна како Живка = трагикомично храбра забава
Иван Додовски: Пасија по Љубиша Георгиевски
Иван Додовски: Мртвите се патриоти, живите се предавници?
Иван Ивановски: Жестока драма што зборува со јазикот на улицата
Лилјана Мазова: Секој за себе – сите против еден
В. Д.: Врзете се, полетуваме на љубовниот лет!
Лилјана Мазова: „Ромео и Џулиета“ во МНТ: Отидете, видете и одлучете
Бошковска Александра: Ода на љубовта
Борче Грозданов: Зборот знае да тежи и да боли
Бошковска Александра: Парите се отепувачка... секогаш
Борче Грозданов: Бесовите - гревови смртни
Борче Грозданов: Сенко не се плаши од Вирџинија!
Лилјана Мазова: Театар тежок колку и виртуелниот живот
Бошковска Александра: Стравот од Вирџинија Вулф се покажа оправдан
Лилјана Мазова: Енргијата на Добрила Чабриќ е лекција по живот
Лилјана Мазова: Преку себе против злото и насилството
Бошковска Александра: Претстава со моќ да го надживее животот
Сунчица Уневска: „Животот е сон“ како краткотраен лет
Лилјана Мазова: Ристановски како Молиер - крал на сцената
Лилјана Мазова: Декамерон како мјузикл кој се игра и гледа со радост
Борче Грозданов: Разиграна и впечатлива слика
Лилјана Мазова: Изгубени Германци - мајсторски тим и многуслоен горчлив театар
Бошковска Александра: Изгубените Германци се импресивни, зрели и моќни актерски креации
Борче Грозданов: Недореченоста покриена со фасцинантна актерска енергија
Лилјана Мазова: Подемот и падот на кабарето: копнеж по слобода на уметноста со ширум отворени очи

______________________________________________________

Сунчица Уневска: „Животот е сон“ како краткотраен лет

Кон „Животот е сон“, режија: Владо Цветановски, сценографија: Владо Ѓорески, костими: Благој Мицевски, музика: Оливер Јосифовски

„Животот што е? Илузија една; сенка на мечта една; и најголемото добро е мало; зошто целиот живот е сон, а соништата - само сон“. Тоа е една од многуте реплики во претставата „Животот е сон“, која по безвременото дело на големиот шпански драматург Педро Калдерон де ла Барка прексиноќа во МНТ ја доживеа својата премиера во новата постановка на режисерот Владо Цветановски. Овој пат „Животот е сон“, и самата поставена како алегорија, како игра на слики, на алузии, на движења, како визуелен или, како што вели самиот автор, тотален театар, во кој се навраќа на неговите основни постулати. Бидејќи, „Животот е сон“ нуди таква можност, соголено, сурово и жестоко, но и едноставно, флуидно и лесно да проговори за севременото, за универзалното, за вечното.

Со други зборови, Владо Цветановски се определил за некласична постановка, а од друга страна, постановка која целосно почива токму на класичните вредности. Оваа претстава која зборува за судбината, за нејзината предодреденост, за тенката линија меѓу животот и сонот, но и за злото и доброто, можеби нема класична драмска структура, но се обидува во себе да ги спои сите придобивки на театарот, на визуелниот и наративен израз, на физичкиот и ментален спој. Таа се обидува да ги задржи оние суштински и филозофски димензии на извонредниот драмски текст на Калдерон, но низ музиката, танцот, мимиката, низ визуелната уметност. И би рекле, успева во тоа, но многу повеќе надворешно или задржувајќи се на изразот и на сликата отколку понирајќи во суштината.

Станува збор за стилски многу добро изведена претстава, атрактивна, забавна и интересна, претстава која го задржува вниманието и понесува со својата полетност и луцидност. Таа е поставена како своевидна сказна, во чиј свет на фантазијата не' воведува и не' води нараторот, навестувајќи ни секогаш што е целта, но еднакво изненадувајќи не' со своите оригинални и добро замислени решенија, во поглед на сценографијата, костимите, музиката и играта. Но, освен што извонредните стихови од текстот ги добиваме низ одличниот сликовен, танцов и музички потенцијал, оваа многузначна и повеќеслојна поезија не добива друга димензија во претставата. Кажана само како рецитал, таа е симпатична и лесно приемлива, но без поголемо или подлабоко значење, кога не е врзана за игра, за лик или за одредена драмска структура.

А обидот со драмската структура, пак, има доста голем проблем со ликовите. Владо Јовановски, како нараторот, Искра Ветерова и Петар Мирчевски се одлични, за разлика од ликовите кои го играат Сегисмундо. Од една страна, Владо Цветановски има одлично решение со поделбата на ликот на затворениот наследник, за кого небото прокажа дека ќе биде зол тиранин, кого го играат различни актери, со што успева да постигне универзалност и севременост. Сепак, од друга страна, освен симболиката која ја носи Васил Шишков со самата своја појава, другите изведби на овој лик се доста слаби. Наспроти нив, групните и заеднички сцени се одлично замислени, режирани и изведени. Претставата се гледа во еден здив, создава добро расположение и впечаток, но, пред се', со својата кореографија и сценска поставеност.

Имено, и покрај тоа што „Животот е сон“ е едно од најубавите драмски дела и на него би се навратиле секогаш одново, ова не е претстава која би ја гледале втор пат. Бидејќи, нема потреба, нема контекст кој би и' дал посилно значење. Нејзината свежина и заводливост е како краткотраен лет или, како што рече Искра Ветерова, како 3-Д сликовница, која по првичната изненаденост и одушевеност, односно по откривање на нејзиниот возбудлив свет, нема што друго да понуди.

Утрински весник, 07.05.2012