ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МНТ - Драма

МНТ - Драма

Лилјана Мазова: Во огледалото кон патот на љубовта
Лилјана Митевска: Шаблон на Пинтеровите соништа
Лилјана Митевска: Мала претстава за малиот човек
Лилјана Мазова: За скаменетиот/изгубен поглед во далечината
Илија Упалевски: Текстуална порака со минимум театарски знаци
Лилјана Мазова: Кој и што сака да заборави
Борче Грозданов: „Безимениот“ ги испушти конците
Лилјана Мазова: Заедно секој по свое
Наташа Бунтеска: Нежна претстава за обичните животни приказни
Цветанка Зојчевска: „Црнила“ го вратија театарот
Борче Грозданов: Карикирање до невкус
Лилјана Мазова: За самотијата, напуштеноста и безизлезот
Цветанка Зојчевска: Заточени во слепилото
Лилјана Мазова: Апсурдот за црнилата сега и тука
Анета Јанчевска: Вистинска лекција за тоа како да се прогледа
Иван Додовски: Историјата како драматуршка грешка
Јасна Франговска: Чекајќи содржина вредна да се живее
Лилјана Мазова: Неуспешна приказна заглавена меѓу режијата и актерите
Анета Јанчевска: Вистината се открива постепено
Борче Грозданов: Да се чека или не?!
Лилјана Митевска: Евтино како македонската реалност
Тодор Кузманов: Оригинален приод
Тодор Кузманов: Илустративно
Лилјана Мазова: Мачнината на актерот среде изгубените вредности
Тодор Кузманов: Суптилна претстава
Лилјана Мазова: Бркотница во времињата и на просторот
Цветанка Зојчевска: Властољубивите, корумпирани муцки на Гогољ кај нас
Анета Јанчевска: Претстава за почит и за восхит
Тодор Кузманов: Панаѓур на муцки и сурати
Тодор Кузманов: Претстава – калеидоскоп
Цветанка Зојчевска: Чудесната игра на Јолевски и Ветерова
Иван Ивановски: Свежа и инспиративна претстава
Борче Грозданов: Болвата... го продолжува векот
Лилјана Митевска: По се изгледа, „Болва в уво“ ќе биде долговечна и во МНТ
Лилјана Мазова: Проблеми во концептот и интерпретацијата
Цветанка Зојчевска: Хуморно „Сомнително лице“ како мевлем на душата
Лилјана Митевска: Пресликана реалност
Маја Неделковска: Сомнителното лице од нашето секојдневие
Борче Грозданов: Лицето се уште е сомнително
Лилјана Мазова: Звукот, сликата и видеото - база на „Соларис“
Анита Јованоска: Соларис - космичко лајт шоу
Цветанка Зојчевска: Театар, или видеоинсталација?
Илија Упалевски: Соларис под месечина
Борче Грозданов: За сонот, љубовта и Мерилин Монро...
Борче Грозданов: Неискористена шанса, до здодевност
Лилјана Мазова: Искрена приказна за театарските приказни
Илија Упалевски: Нејасна слика на Софија
Лилјана Мазова: Еден актер и цела книга за животот
Борче Грозданов: ЕЕГ на бескрајот
Лилјана Мазова: Емоции и силна енергија
Борче Грозданов: Дракула да - спектакл не!
Лилјана Мазова: Црна комедија против насилството
Весна Дамчевска: Свежа и провокативна „Мара/Сад“
Борче Грозданов: Работа, ред и дисциплина!
Бошковска Александра: Претстава во духот на времето
Лилјана Мазова: Весна како Живка = трагикомично храбра забава
Иван Додовски: Пасија по Љубиша Георгиевски
Иван Додовски: Мртвите се патриоти, живите се предавници?
Иван Ивановски: Жестока драма што зборува со јазикот на улицата
Лилјана Мазова: Секој за себе – сите против еден
В. Д.: Врзете се, полетуваме на љубовниот лет!
Лилјана Мазова: „Ромео и Џулиета“ во МНТ: Отидете, видете и одлучете
Бошковска Александра: Ода на љубовта
Борче Грозданов: Зборот знае да тежи и да боли
Бошковска Александра: Парите се отепувачка... секогаш
Борче Грозданов: Бесовите - гревови смртни
Борче Грозданов: Сенко не се плаши од Вирџинија!
Лилјана Мазова: Театар тежок колку и виртуелниот живот
Бошковска Александра: Стравот од Вирџинија Вулф се покажа оправдан
Лилјана Мазова: Енргијата на Добрила Чабриќ е лекција по живот
Лилјана Мазова: Преку себе против злото и насилството
Бошковска Александра: Претстава со моќ да го надживее животот
Сунчица Уневска: „Животот е сон“ како краткотраен лет
Лилјана Мазова: Ристановски како Молиер - крал на сцената
Лилјана Мазова: Декамерон како мјузикл кој се игра и гледа со радост
Борче Грозданов: Разиграна и впечатлива слика
Лилјана Мазова: Изгубени Германци - мајсторски тим и многуслоен горчлив театар
Бошковска Александра: Изгубените Германци се импресивни, зрели и моќни актерски креации
Борче Грозданов: Недореченоста покриена со фасцинантна актерска енергија
Лилјана Мазова: Подемот и падот на кабарето: копнеж по слобода на уметноста со ширум отворени очи

______________________________________________________

Бошковска Александра: Претстава со моќ да го надживее животот

(Кон „Животот на Молиер“ од Михаил Булгаков, режија Александар Поповски, Македонски народен театар)

Долгата разделба меѓу македонскиот театар и режисерот Александар Поповски конечно заврши. Во МНТ, пред полн салон театарски вљубеници, се случи најавуваната и очекувана премиера на „Животот на Молиер“. Се роди низ радосната болка на уметничкото создавање, во која еднакво уживаа и творците и гледачите. Духовита и мрачна, носталгично тажна, сурово реална.

Драмската предлошка, како што самиот наслов кажува, го прикажува животот на Жан Батист Поклен де Молиер, прочуениот француски комедиограф, режисер и актер. Тоа е живот на уметник што трескавично балансира со острината на сопственото перо и удобноста на благодатите што му ги нудат кралските субвенции. Молиер, во времето на Кралот сонце, Луј 16, пишува комедии што претставуваат огледало на комплетното општество и го исмеваат во целост: первертираноста и декаденцијата на аристократијата, алчноста на буржоазијата, лажноста и лицемерноста на црквата... Дрскиот и талентиран театарџија им се замерува на сите моќници на неговото време, а единствено нешто што ги одржува неговата кариера и живот е наклоноста на францускиот крал.

Авторот на текстот, рускиот писател Михаил Афанасјевич Булгаков, самиот живее трагично растргнат меѓу уметноста и тиранијата на сталинистичка Русија. Неговите критички настроени дела се забранувани, симнувани, цензурирани и масакрирани од критиката и интелектуалната јавност. Животот му го спасува чудниот заштитнички однос на диктаторот Сталин, поради кој Булгаков станува и останува сопственост на власта. Слободен, а истовремено заробен, живее депресивен живот на нереализиран уметник. Така и скончува, некаде во почетокот на Втората светска војна. Неговиот роман ремек-дело „Мајсторот и Маргарита“ првпат е објавен во 1966 година од неговата вдовица.

Провокацијата на режисерот Поповски лежи токму во презентацијата на односот меѓу уметникот и власта. Преку суптилни назнаки, алегории и асоцијации, а на крајот гласно и јасно, тој ги моли властодршците да им ја остават сцената на уметниците. И онака го имаат вистинскиот живот за да си играат театар. Поповски и креативниот тим создаваат театар за театарот. Сцената, тоа е смислата на животот за еден актер. Таа е целокупниот живот. Низ заокружен стил и пријатна за око разиграност, тие прикажуваат потресна приказна за актер лишен од сцената, за уметник кому му е оневозможено да комуницира преку својата уметност.

Сценографијата на Свен Јонке го демистифицира сценскиот простор соголувајќи ја комплетно неговата „слава“: сиви нагризени ѕидови, студен под, прашина и провев. Наспроти нив, најпознатата театарска конвенција - блескавите и тешки црвени завеси на кои актерите им го даваат посакуваниот контекст на сценски декор, костим или реквизити. Всушност, оваа претстава за актерите (за „глумците“) комплетно е оставена во нивни раце. Тие владеат со сцената буквално. Таму никој ништо не им може! Го држат вниманието и го водат дејството низ рески и вешти промени од приватен коментар до бравурозни актерски креации. Публиката е почестена со двочасовна парада на сценски жанрови и манири, богатство од актерски изрази што се нишаат меѓу стереотипите и оригиналноста.

Во центарот на актерската магија се наоѓа Никола Ристановски како Молиер, или како Булгаков, или како Никола Ристановски - човек, уметник и актер. Неговата креација е кондензиран манифест на неговиот актерски пат: препознатливата, раскошна - полна со детали - игра, ја става под целосна и строга контрола на стекнатото искуство и смирениот сензибилитет. Не кокетира со допадливост, отворено покажувајќи ги и светлата и мрачната страна на својата уметничка природа.

Бујната актерска енергија ја дополнуваат извонредните Сашка Димитровска, Емил Рубен, Драгана Костадиновска, Марија Новак, Игор Ангелов, Нина Деан, Дениз Абдула, Никола Ацевски, а особено сценскиот ангажман на Николина Кујача и Оливер Митковски. Тие, преку своето „заднинско“ учество, им даваат дефиниција на сцените, насока на другите актери, рамка на формата и код за читање на публиката.

Костимите во „Животот на Молиер“ се уникатно дело на Снежана Пешиќ-Раиќ. Креативната костимографка покажува како некогашните парталави костими, напуштени и зафрлени во костимскиот фундус на МНТ, може да станат живи и употребливи со малку вештина и имагинација.

Магијата на театарот лежи во неговата моќ да го надживее животот. Оваа претстава токму тоа и го прави.

Нова Македонија, 25.04.2012