ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МНТ - Драма

МНТ - Драма

Лилјана Мазова: Во огледалото кон патот на љубовта
Лилјана Митевска: Шаблон на Пинтеровите соништа
Лилјана Митевска: Мала претстава за малиот човек
Лилјана Мазова: За скаменетиот/изгубен поглед во далечината
Илија Упалевски: Текстуална порака со минимум театарски знаци
Лилјана Мазова: Кој и што сака да заборави
Борче Грозданов: „Безимениот“ ги испушти конците
Лилјана Мазова: Заедно секој по свое
Наташа Бунтеска: Нежна претстава за обичните животни приказни
Цветанка Зојчевска: „Црнила“ го вратија театарот
Борче Грозданов: Карикирање до невкус
Лилјана Мазова: За самотијата, напуштеноста и безизлезот
Цветанка Зојчевска: Заточени во слепилото
Лилјана Мазова: Апсурдот за црнилата сега и тука
Анета Јанчевска: Вистинска лекција за тоа како да се прогледа
Иван Додовски: Историјата како драматуршка грешка
Јасна Франговска: Чекајќи содржина вредна да се живее
Лилјана Мазова: Неуспешна приказна заглавена меѓу режијата и актерите
Анета Јанчевска: Вистината се открива постепено
Борче Грозданов: Да се чека или не?!
Лилјана Митевска: Евтино како македонската реалност
Тодор Кузманов: Оригинален приод
Тодор Кузманов: Илустративно
Лилјана Мазова: Мачнината на актерот среде изгубените вредности
Тодор Кузманов: Суптилна претстава
Лилјана Мазова: Бркотница во времињата и на просторот
Цветанка Зојчевска: Властољубивите, корумпирани муцки на Гогољ кај нас
Анета Јанчевска: Претстава за почит и за восхит
Тодор Кузманов: Панаѓур на муцки и сурати
Тодор Кузманов: Претстава – калеидоскоп
Цветанка Зојчевска: Чудесната игра на Јолевски и Ветерова
Иван Ивановски: Свежа и инспиративна претстава
Борче Грозданов: Болвата... го продолжува векот
Лилјана Митевска: По се изгледа, „Болва в уво“ ќе биде долговечна и во МНТ
Лилјана Мазова: Проблеми во концептот и интерпретацијата
Цветанка Зојчевска: Хуморно „Сомнително лице“ како мевлем на душата
Лилјана Митевска: Пресликана реалност
Маја Неделковска: Сомнителното лице од нашето секојдневие
Борче Грозданов: Лицето се уште е сомнително
Лилјана Мазова: Звукот, сликата и видеото - база на „Соларис“
Анита Јованоска: Соларис - космичко лајт шоу
Цветанка Зојчевска: Театар, или видеоинсталација?
Илија Упалевски: Соларис под месечина
Борче Грозданов: За сонот, љубовта и Мерилин Монро...
Борче Грозданов: Неискористена шанса, до здодевност
Лилјана Мазова: Искрена приказна за театарските приказни
Илија Упалевски: Нејасна слика на Софија
Лилјана Мазова: Еден актер и цела книга за животот
Борче Грозданов: ЕЕГ на бескрајот
Лилјана Мазова: Емоции и силна енергија
Борче Грозданов: Дракула да - спектакл не!
Лилјана Мазова: Црна комедија против насилството
Весна Дамчевска: Свежа и провокативна „Мара/Сад“
Борче Грозданов: Работа, ред и дисциплина!
Бошковска Александра: Претстава во духот на времето
Лилјана Мазова: Весна како Живка = трагикомично храбра забава
Иван Додовски: Пасија по Љубиша Георгиевски
Иван Додовски: Мртвите се патриоти, живите се предавници?
Иван Ивановски: Жестока драма што зборува со јазикот на улицата
Лилјана Мазова: Секој за себе – сите против еден
В. Д.: Врзете се, полетуваме на љубовниот лет!
Лилјана Мазова: „Ромео и Џулиета“ во МНТ: Отидете, видете и одлучете
Бошковска Александра: Ода на љубовта
Борче Грозданов: Зборот знае да тежи и да боли
Бошковска Александра: Парите се отепувачка... секогаш
Борче Грозданов: Бесовите - гревови смртни
Борче Грозданов: Сенко не се плаши од Вирџинија!
Лилјана Мазова: Театар тежок колку и виртуелниот живот
Бошковска Александра: Стравот од Вирџинија Вулф се покажа оправдан
Лилјана Мазова: Енргијата на Добрила Чабриќ е лекција по живот
Лилјана Мазова: Преку себе против злото и насилството
Бошковска Александра: Претстава со моќ да го надживее животот
Сунчица Уневска: „Животот е сон“ како краткотраен лет
Лилјана Мазова: Ристановски како Молиер - крал на сцената
Лилјана Мазова: Декамерон како мјузикл кој се игра и гледа со радост
Борче Грозданов: Разиграна и впечатлива слика
Лилјана Мазова: Изгубени Германци - мајсторски тим и многуслоен горчлив театар
Бошковска Александра: Изгубените Германци се импресивни, зрели и моќни актерски креации
Борче Грозданов: Недореченоста покриена со фасцинантна актерска енергија
Лилјана Мазова: Подемот и падот на кабарето: копнеж по слобода на уметноста со ширум отворени очи

______________________________________________________

Бошковска Александра: Стравот од Вирџинија Вулф се покажа оправдан

(Кон „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, режија Синиша Евтимов, Македонски народен театар, продукција „Вртелешка“)

Драмскиот текст „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, напишан од американскиот драматичар Едвард Олби, се уште ги плаши театарските уметници. Успешната и наградувана бродвејска праизведба, како и култниот филм на Мајк Николс, се само надворешни и површни причини за таквиот страв. Предлошката носи со себе сложена материја што нуди основа за тричасовна постановка во која репликата е примарниот носител на драмското дејство, а актерот е главниот инструмент низ кој се остварува уметничкиот чин.

„Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ е текст што не дава да биде маскиран со сценски декор, раскошни костими и музички фонови. Неговата инсценација не може да биде ублажена со заводливи визуелни досетки, ниту со евтини ад хок актуализации и осовременувања. Тој нурнува длабоко во суштината на човековото постоење, го растајнува, ги разбива сите илузии, ги изложува актерите на детален поглед, а публиката ја соочува со непријатниот момент на себепрепознавање.

Режисерот Синиша Евтимов е апсолутно свесен за природата на драмскиот текст, па (не плашејќи се) ја зголемува силината на опсервациската лупа со тоа што ја качува и публиката на сцена. Опкружувајќи го конфликтот од сите четири страни, гледачите не се веќе само набљудувачи, ниту пак пасивни воајери. Тие стануваат будното око на јавноста, односно една од причините што го туркаат човекот во машината на живеење лага.

Во малиот простор на средината на сцената, поддржани од минималистички сценски декор, актерите Сенко Велинов, Весна Петрушевска, Игор Стојчевски и Јелена Јованова играат жестоки емоционални игри - вербални дуели, надмудрувања, реминисценции и алузии. Тоа е суров напад на неумоливата реалност, која ќе го постави секој од карактерите на своето место, далеку од лажната претстава на совршенство што ја проектираат пред светот.

Сенко Велинов го игра Џорџ, остарен професор без особена кариера, пропаднат (нереализиран) писател, сопруг под тортурирачка контрола на својата сопруга, жртва на нејзините амбиции и сопствените лаги. Неговото актерско присуство е конкретно, живо, детално. Репликите му се густи од поттексти, мизансцените логични и ненаметливи, гестата умерена, а односот со партнерите е во постојана напрекината напнатост. Велинов ја презема на себе функцијата на активатор на дејството и одржувач на ритамот и темпото во претставата. Неговиот сериозен актерски ангажман ја прави двочасовната сценска конверзација лесна за следење и разбирање. Тој презентира стабилно и рационално актерско мајсторство, натопено со вистински и соодветни емоции и дозирани изблици.

Весна Петрушевска како неговата сопруга Марта во поголемиот дел од улогата се потпира на својот силен партнер. За разлика од него, Петрушевска покажа доста општа актерска игра, која не се одликува со дефинирани намери. Ако Велинов ни понуди стабилно актерско присуство, тогаш кај Петрушевска бевме сведоци на спротивното - тотално актерско отсуство. Во едно генерално апатично расположение, нејзините реплики не го надминуваа нивото на напишаниот текст и пливаа без конкретни актерски значења.

Игор Стојчевски и Јелена Јованова одлично се справуваат со функциите што им се дадени во постановката. Стојчевски го игра Ник (младиот биолог што се замислува како спасител на светот) преку предноста на својата исклучително соодветна физичка појава, но пред се смирено и многу будно. Јелена Јованова (Хани) е слатка, посветена, но и наивна и загубена. Зад нејзината маска на „девојка од забави“ стојат младешка неподготвеност и шокираност. Главно изразно средство на Јованова е мимиката, особено очите, кои не можат да лажат ниту за жива глава.

Сценографското решение на претставата го има потпишано Синиша Евтимов и се состои од избор на мебел што имитира/изигрува обична дневна соба. Тука е и потенцираната столица-клацкалка, домашната оска на Џорџ. Костимите на Александар Ношпал се убави за око и складни, но не сите успеваат да бидат дополнение на актерската игра. Ако костимите на Џорџ и Хани поседуваат карактерна дефинираност, тоа не е случај со оние на Ник и Марта. Во постановката е повеќе од забележливо отсуството на музика, со паузата владеат тишината и тескобноста, која ги разбива илузиите на театарот и не потсетува дека се е инспирирано од вистинскиот живот во кој сите се плашиме од големиот страшен волк.

Нова Македонија, 29.03.2012