ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МНТ - Драма

МНТ - Драма

Лилјана Мазова: Во огледалото кон патот на љубовта
Лилјана Митевска: Шаблон на Пинтеровите соништа
Лилјана Митевска: Мала претстава за малиот човек
Лилјана Мазова: За скаменетиот/изгубен поглед во далечината
Илија Упалевски: Текстуална порака со минимум театарски знаци
Лилјана Мазова: Кој и што сака да заборави
Борче Грозданов: „Безимениот“ ги испушти конците
Лилјана Мазова: Заедно секој по свое
Наташа Бунтеска: Нежна претстава за обичните животни приказни
Цветанка Зојчевска: „Црнила“ го вратија театарот
Борче Грозданов: Карикирање до невкус
Лилјана Мазова: За самотијата, напуштеноста и безизлезот
Цветанка Зојчевска: Заточени во слепилото
Лилјана Мазова: Апсурдот за црнилата сега и тука
Анета Јанчевска: Вистинска лекција за тоа како да се прогледа
Иван Додовски: Историјата како драматуршка грешка
Јасна Франговска: Чекајќи содржина вредна да се живее
Лилјана Мазова: Неуспешна приказна заглавена меѓу режијата и актерите
Анета Јанчевска: Вистината се открива постепено
Борче Грозданов: Да се чека или не?!
Лилјана Митевска: Евтино како македонската реалност
Тодор Кузманов: Оригинален приод
Тодор Кузманов: Илустративно
Лилјана Мазова: Мачнината на актерот среде изгубените вредности
Тодор Кузманов: Суптилна претстава
Лилјана Мазова: Бркотница во времињата и на просторот
Цветанка Зојчевска: Властољубивите, корумпирани муцки на Гогољ кај нас
Анета Јанчевска: Претстава за почит и за восхит
Тодор Кузманов: Панаѓур на муцки и сурати
Тодор Кузманов: Претстава – калеидоскоп
Цветанка Зојчевска: Чудесната игра на Јолевски и Ветерова
Иван Ивановски: Свежа и инспиративна претстава
Борче Грозданов: Болвата... го продолжува векот
Лилјана Митевска: По се изгледа, „Болва в уво“ ќе биде долговечна и во МНТ
Лилјана Мазова: Проблеми во концептот и интерпретацијата
Цветанка Зојчевска: Хуморно „Сомнително лице“ како мевлем на душата
Лилјана Митевска: Пресликана реалност
Маја Неделковска: Сомнителното лице од нашето секојдневие
Борче Грозданов: Лицето се уште е сомнително
Лилјана Мазова: Звукот, сликата и видеото - база на „Соларис“
Анита Јованоска: Соларис - космичко лајт шоу
Цветанка Зојчевска: Театар, или видеоинсталација?
Илија Упалевски: Соларис под месечина
Борче Грозданов: За сонот, љубовта и Мерилин Монро...
Борче Грозданов: Неискористена шанса, до здодевност
Лилјана Мазова: Искрена приказна за театарските приказни
Илија Упалевски: Нејасна слика на Софија
Лилјана Мазова: Еден актер и цела книга за животот
Борче Грозданов: ЕЕГ на бескрајот
Лилјана Мазова: Емоции и силна енергија
Борче Грозданов: Дракула да - спектакл не!
Лилјана Мазова: Црна комедија против насилството
Весна Дамчевска: Свежа и провокативна „Мара/Сад“
Борче Грозданов: Работа, ред и дисциплина!
Бошковска Александра: Претстава во духот на времето
Лилјана Мазова: Весна како Живка = трагикомично храбра забава
Иван Додовски: Пасија по Љубиша Георгиевски
Иван Додовски: Мртвите се патриоти, живите се предавници?
Иван Ивановски: Жестока драма што зборува со јазикот на улицата
Лилјана Мазова: Секој за себе – сите против еден
В. Д.: Врзете се, полетуваме на љубовниот лет!
Лилјана Мазова: „Ромео и Џулиета“ во МНТ: Отидете, видете и одлучете
Бошковска Александра: Ода на љубовта
Борче Грозданов: Зборот знае да тежи и да боли
Бошковска Александра: Парите се отепувачка... секогаш
Борче Грозданов: Бесовите - гревови смртни
Борче Грозданов: Сенко не се плаши од Вирџинија!
Лилјана Мазова: Театар тежок колку и виртуелниот живот
Бошковска Александра: Стравот од Вирџинија Вулф се покажа оправдан
Лилјана Мазова: Енргијата на Добрила Чабриќ е лекција по живот
Лилјана Мазова: Преку себе против злото и насилството
Бошковска Александра: Претстава со моќ да го надживее животот
Сунчица Уневска: „Животот е сон“ како краткотраен лет
Лилјана Мазова: Ристановски како Молиер - крал на сцената
Лилјана Мазова: Декамерон како мјузикл кој се игра и гледа со радост
Борче Грозданов: Разиграна и впечатлива слика
Лилјана Мазова: Изгубени Германци - мајсторски тим и многуслоен горчлив театар
Бошковска Александра: Изгубените Германци се импресивни, зрели и моќни актерски креации
Борче Грозданов: Недореченоста покриена со фасцинантна актерска енергија
Лилјана Мазова: Подемот и падот на кабарето: копнеж по слобода на уметноста со ширум отворени очи

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Театар тежок колку и виртуелниот живот

„Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ на Едвадр Олби е актерска претстава во која едни на други се трупаат лагите, цинизмот, бесот, алкохолот, незадоволствата, љубовта што ја има, топлина која на сите ни треба
Лилјана Мазова
Ако ви се оди во театар а од она што се игра или сте го виделе или со ништо не ве привлекува, ако не ви се гледа претстава на еден актер, ако ги сакате актерите, ако сакате театар кој говори за човековата душа заробена од болка, осаменост, промашеност од било каков вид, ако сакате актери кои играат по најтенката линија на животот на која паралено се свесното и несвесното низ бесмислени а реални човечки и брачни игри кои измамуваат и исцрпуваат сечиј живот на крајот ќе ви покаѓат дека за среќа е потребна сигурноста/топлината на искрената прегратка, гледајте ја претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. Ќе се најдете лице в лице со моќната игра на Сенко Велинов, со Весна Петрушевска, Јелена Јованова и Игор Стојчевски. Режисер е Синиша Ефтимов, негова е и скудната сценографијата во тесниот сценски простор како одраз на тескобата во која се јунаците од драмата и нивните гледачи, а костимите се на Александар Ношпал.

Претставата се игра во Македонскиот народен театар, продукција е на „Вртелешка“ на актерката Весна Петрушевска. Реализирана е со спонзорства од почитувачи на театарот, исто како и Нушиќевата „Госпоѓа министерка“ со Весна како министерката Живка, која од крајот на март 2009 година се игра по истиот принцип во истиот театар.

Препораката да се види „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ е затоа што е добра актерска претстава. Од подолгиот текст во три чина се играат ситуации кои говорат дека никој не ја држи судбината во свои раце и сите се губитници/лузери. На тој однос кон текстот, во интимна атмосфера, на самата сцена на која актерите се во мал квадрат а во поголемиот околу него е публиката, едни на други се трупаат лагите, цинизмот, бесот, незадоволствата, љубовта што на крајот ќе ни покаѓат дека ја има, топлина која на сите ни треба.

Во замислената, отсонувана и изгубена свест за животот, истиот се претвора во виртуелен во кој секој во секого гледа, а и се огледува.

ПРОВОКАЦИЈА
На Едвард Олби (1928) писател кој веќе е оценет како класик на модерната американска драма, трикратен добитник на Пулицерова награда (и на уште низа други), една од најизведуваните пиеси му е „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. Напишана е и праизведена во 1962 година, пет децении се игра на светските театарски сцени. Се памети и по филмската верзија со Елизабет Тејлор и Ричард Бартон, без разлика дали филмот е виден или само запаметен од разноразни информации. Насловот е веќе сам за себе легенда.

Ликовите, ситуациите и карактерите се на најострата/најтенката линија на животот: се борат со незадоволствата од него. Четири лика или двете брачни двојки - повозрасна и помлада - се тешки како животот. Или си тежат на себе како животот кој се претфорил во нешто сосем друго. Во тоа е и големината на обврската на секој актер кон секој од четирите лика од драмата.

ИЗВЕДБА
Една вечер во дневната соба на Марта и Џорџ кои ја поминале втората деценија на брачниот живот, на гости им се Хани и Ник, брачна двојка со почетнички стаж. На сите заедничко им е што секој е изгубен во темницата на своите незадоволства. Навреди, цинизам, омаловажувања, алкохол, интимни предавства на себеси и на другиот, пустелиите во нивните животи без самите нив (иако се еден покрај друг) и без деца, пропаднатите професионални или човечки идеали за среќа, се тркалаат и трупаат едни на други. Крајот, во просторот кој станува се помрачен, е на страна на животот: прегратката/топлината/здивот на другиот се знак кој ни кажува дека Марта и Џорџ се сакаат. Сите се сакаат, ама ветрот, амбициите и деградациите, ги развеал на различни страни. Ги однеле во живот во кој играат игра во игра: измислен и нестварен и, за да се смени, мора да доживее катарза. Како апотеоза на животот.

Доминантен во оваа изведба на „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ е Сенко Велинов. Сигурно и со горчлив цинизам во текот на целата изведба (два часа) го игра незадоволниот од себе и се околу себе професор по историја Џорџ. Со и без емаоции, Сенко како Џорџ е ликот/актерот кој со огромно количество на енергија и умеење за чиста игра применува принцип на отвореност кон креирање на секое движење, збор, шепот, песна, молк, поглед, здив. Тоа е оној сценски простор кој може на човекот губитник да му го даде актер кој умее да ги фати и одигра големините на малите нешта кои се изгубиле во животот, времето и просторот. Затоа и неговиот Џорџ е толку точен. Со едноставност ги открива меланхолијата, падот, бесот и цинизмот на човек на кој му се лизнале сите планови, амбици и соништа за животот. Предизвикува и тага, и смеа, и радост, и воодушевеност.

ПОСЕБНОСТ
Во драмата и во изведбата/режијата на Синиша Ефремов, тој и таквиот простор е отворен за четирите лика. Се истражува, поставува и докажува како интимен фон на дејствието и на играта количеството на невротиката што е заринкана во нив. На секој му го дава неговиот простор во сликата во која посебноста е во секој дел од мрачната глобална фотографија на времево: и тука, и сега и секаде, и која како музички фон често ја има песната од легендарниот цртан филм на Волт Дизни "Трите прасиња" и референот „кој се плаши од волкот лош...“ како „кој се плаши од Вирџинија Вулф...“. Низ поставеноста на драмата како интимен/камерен актерски простор, спроведува систем во кој секој од нив на ист/различен начин е лузер/губитник и се во нивните животи е на ист начин исто.

Весна Петрушевска како Марта во партнерската игра со Велинов, како и со другите два лика/актери, е во позиција на свој начин да владее со зададената или стекната агресија во која и потонал животот. Состојбата на лузер/губитник кој е сам во животот и е емоционално испразнет, а количината на бесот, на агресијата, на алкохолот и на болката од нив ја крие со невротични испади на перверзност и јалов бес, некогаш е невротично бучна а некогаш речиси нечујна, болна, скриена и толку видлива. Понекогаш е во одразот на сопствената слика, ама и веруваме дека со секоја нова изведба ќе биде побезбедна во ликот што и прилега, се препозна и се избори - во нејзино време за нејзина Марта. Двете се во една и една во двете. Заедно се приказна за театар што се посакува и се реализира со амбиција и силна работа и ангажман.

Јелена Јованова како Хани е сконцентрирана на дискретно разголување на тежината на безнадежноста на млада жена која бега од реалноста во енормните количини на алкохол и, криејќи се од себе, наликува на фетус. Нејзината суптилно разработеност на ликот е најсигурна во сцените со Велинов, во кои и просторот за игра и е поголем. Покажува дека секој се плаши од Вирџинија Вулф, од „... волкот лош...“ - од кој секој и сите се плашат.

Воздржаноста и лукавоста на ликот на Ник, во играта на Игор Стојчевски е намерно студена и точна, Карактеристиките и состојбата на таквиот дух, препознатлив во околината и времево, е одраз на стравот со кој секој сака да го освои светот со што помал влог во него. Надворешната фасада е јалова работа. Го удира Ник од ѕидот кој пред него го поставува цинизмот на Џорџ и играта на Велинов како Џорџ.

На целата изведба со која владеат темните сили на темнината, на бесот и на енормното количество на алкохолот, на цинизмот и на празнината со која владеат духот и законите на пропаднатите надежи, се и костимите во неутрално бежово-црниот тон што се решенија на Александар Ношпал. Тие ја досоздаваат сликата за реалноста и нејзината естетизиција во оваа изведба на „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. Се плаши ли некој се или не, се плашили секој: Добро е да се види!

Глобус, 20.03.2012