ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МНТ - Драма

МНТ - Драма

Лилјана Мазова: Во огледалото кон патот на љубовта
Лилјана Митевска: Шаблон на Пинтеровите соништа
Лилјана Митевска: Мала претстава за малиот човек
Лилјана Мазова: За скаменетиот/изгубен поглед во далечината
Илија Упалевски: Текстуална порака со минимум театарски знаци
Лилјана Мазова: Кој и што сака да заборави
Борче Грозданов: „Безимениот“ ги испушти конците
Лилјана Мазова: Заедно секој по свое
Наташа Бунтеска: Нежна претстава за обичните животни приказни
Цветанка Зојчевска: „Црнила“ го вратија театарот
Борче Грозданов: Карикирање до невкус
Лилјана Мазова: За самотијата, напуштеноста и безизлезот
Цветанка Зојчевска: Заточени во слепилото
Лилјана Мазова: Апсурдот за црнилата сега и тука
Анета Јанчевска: Вистинска лекција за тоа како да се прогледа
Иван Додовски: Историјата како драматуршка грешка
Јасна Франговска: Чекајќи содржина вредна да се живее
Лилјана Мазова: Неуспешна приказна заглавена меѓу режијата и актерите
Анета Јанчевска: Вистината се открива постепено
Борче Грозданов: Да се чека или не?!
Лилјана Митевска: Евтино како македонската реалност
Тодор Кузманов: Оригинален приод
Тодор Кузманов: Илустративно
Лилјана Мазова: Мачнината на актерот среде изгубените вредности
Тодор Кузманов: Суптилна претстава
Лилјана Мазова: Бркотница во времињата и на просторот
Цветанка Зојчевска: Властољубивите, корумпирани муцки на Гогољ кај нас
Анета Јанчевска: Претстава за почит и за восхит
Тодор Кузманов: Панаѓур на муцки и сурати
Тодор Кузманов: Претстава – калеидоскоп
Цветанка Зојчевска: Чудесната игра на Јолевски и Ветерова
Иван Ивановски: Свежа и инспиративна претстава
Борче Грозданов: Болвата... го продолжува векот
Лилјана Митевска: По се изгледа, „Болва в уво“ ќе биде долговечна и во МНТ
Лилјана Мазова: Проблеми во концептот и интерпретацијата
Цветанка Зојчевска: Хуморно „Сомнително лице“ како мевлем на душата
Лилјана Митевска: Пресликана реалност
Маја Неделковска: Сомнителното лице од нашето секојдневие
Борче Грозданов: Лицето се уште е сомнително
Лилјана Мазова: Звукот, сликата и видеото - база на „Соларис“
Анита Јованоска: Соларис - космичко лајт шоу
Цветанка Зојчевска: Театар, или видеоинсталација?
Илија Упалевски: Соларис под месечина
Борче Грозданов: За сонот, љубовта и Мерилин Монро...
Борче Грозданов: Неискористена шанса, до здодевност
Лилјана Мазова: Искрена приказна за театарските приказни
Илија Упалевски: Нејасна слика на Софија
Лилјана Мазова: Еден актер и цела книга за животот
Борче Грозданов: ЕЕГ на бескрајот
Лилјана Мазова: Емоции и силна енергија
Борче Грозданов: Дракула да - спектакл не!
Лилјана Мазова: Црна комедија против насилството
Весна Дамчевска: Свежа и провокативна „Мара/Сад“
Борче Грозданов: Работа, ред и дисциплина!
Бошковска Александра: Претстава во духот на времето
Лилјана Мазова: Весна како Живка = трагикомично храбра забава
Иван Додовски: Пасија по Љубиша Георгиевски
Иван Додовски: Мртвите се патриоти, живите се предавници?
Иван Ивановски: Жестока драма што зборува со јазикот на улицата
Лилјана Мазова: Секој за себе – сите против еден
В. Д.: Врзете се, полетуваме на љубовниот лет!
Лилјана Мазова: „Ромео и Џулиета“ во МНТ: Отидете, видете и одлучете
Бошковска Александра: Ода на љубовта
Борче Грозданов: Зборот знае да тежи и да боли
Бошковска Александра: Парите се отепувачка... секогаш
Борче Грозданов: Бесовите - гревови смртни
Борче Грозданов: Сенко не се плаши од Вирџинија!
Лилјана Мазова: Театар тежок колку и виртуелниот живот
Бошковска Александра: Стравот од Вирџинија Вулф се покажа оправдан
Лилјана Мазова: Енргијата на Добрила Чабриќ е лекција по живот
Лилјана Мазова: Преку себе против злото и насилството
Бошковска Александра: Претстава со моќ да го надживее животот
Сунчица Уневска: „Животот е сон“ како краткотраен лет
Лилјана Мазова: Ристановски како Молиер - крал на сцената
Лилјана Мазова: Декамерон како мјузикл кој се игра и гледа со радост
Борче Грозданов: Разиграна и впечатлива слика
Лилјана Мазова: Изгубени Германци - мајсторски тим и многуслоен горчлив театар
Бошковска Александра: Изгубените Германци се импресивни, зрели и моќни актерски креации
Борче Грозданов: Недореченоста покриена со фасцинантна актерска енергија
Лилјана Мазова: Подемот и падот на кабарето: копнеж по слобода на уметноста со ширум отворени очи

______________________________________________________

Борче Грозданов: Сенко не се плаши од Вирџинија!

Борче Грозданов
Кон премиерата на „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, продукција МНТ, режија Синиша Ефтимов, играат Сенко Велинов, Весна Петрушевска, Јелена Јованова и Игор Стојчевски

Кој се плаши од себе си и за себе? Кој се плаши од сенката на својот ум и кому му го наметнува стравот на избезуменоста? Кој се јаде меѓу себе беспоговорно и бескрупулозно отворајќи ја портата на лудилото? Кој за себе ја присвојува илузијата, туркајќи ја реалноста кон Ништото? Кој до себе нема никого, а си вообразува дека има идилична брачна слика? Кој моментот го приграбува да понижи некого кој резонот го употребува да поништи некого... Ова се морето од (не)одговорени прашања, наметнати од еден од најголемите драматуршки умови на минатиот век во „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?“ - неповторливиот Едвард Олби.

Во случајов од неодамна со овие теми и дилеми се занимаваат и во МНТ, поточно во својата режисерска имагинација Синиша Евтимов, кој во својот "квадратен круг" ги стави Сенко Велинов-Џорџ, Весна Петрушевска-Марта, Јелена Јованова-Хани и Игор Стојчевски-Ник... за да ни понуди покрај тешкото мрачно драматуршко, клаустрофобично, „тесто“ од зборови, и поткрепа на затскриениот страв од себе си од сенката од митот и илузијата на блаженото и за идиличното...
За експлицитноста на тегобноста, преку мимикријата со психолошкиот момент, најзаслужен е бездруго извонредниот Сенко Велинов, кој завчеравечер остави дел од себе си за паметење, за незаборав... играјќи се што психофизички можеше да се одигра: самоиронија, здраворазумска но и ѕверска заштитна логика, играјќи (не)мирот на Џорџ, но делумно и својот, одвнатре придушено, но отворено, експлицитно, за нас... Извонреден повратен ефект во смисла на восприемената енергија имаше од Весна Петрушевска, која илузијата за мајчинството и болката од неа, ја покрива со ароганцијата, ступидната нишка со позицијата, осаменоста со нападноста, за и таа преку Марта да остави голем дел од себе си на тие „дваесет квадрата“ кои публиката како „стар пазач“ или модерно воајерски, и тоа како ги приграбува за себе... тука се и младите Јелена и Игор со сета нивна актерска умешност и точност во искривоколченоста (кај Ник) и ступидната наивност, со голема инстинктивна на моментни перверзна енергија (кај Хани) да ја докажат и покажат низата од актерски бравури... на заднината од „Големата“ сцена во МНТ.

Ако се поведеме по правилото „добра подела пола претстава“, режисерот Синиша Евтимов и тоа како добро си ја завршил работата... И на крајот со „Са ноќ седам Трено..“, всушност, се пее „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, која ја заспива Марта, носејќи ја илузијата до бескрај... сепак во прегратките на Џорџ... уште една мајсторска инвентивност, до болка и солзи... Ако на тоа уште се придодадат и сценографските решенија на Евтимов надополнети со веристичките и отсликувачки костими на Александар Ношпал, (не)присуството на музиката... чинат една комплетна слика за хипокризијата... која сепак во позитивна смисла, никого не остави рамнодушен... Браво за Сенко, Весна, Јелена, Игор, Синиша, Александар и МНТ!

Вечер, 19.03.2012