ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: МНТ - Драма

МНТ - Драма

Лилјана Мазова: Во огледалото кон патот на љубовта
Лилјана Митевска: Шаблон на Пинтеровите соништа
Лилјана Митевска: Мала претстава за малиот човек
Лилјана Мазова: За скаменетиот/изгубен поглед во далечината
Илија Упалевски: Текстуална порака со минимум театарски знаци
Лилјана Мазова: Кој и што сака да заборави
Борче Грозданов: „Безимениот“ ги испушти конците
Лилјана Мазова: Заедно секој по свое
Наташа Бунтеска: Нежна претстава за обичните животни приказни
Цветанка Зојчевска: „Црнила“ го вратија театарот
Борче Грозданов: Карикирање до невкус
Лилјана Мазова: За самотијата, напуштеноста и безизлезот
Цветанка Зојчевска: Заточени во слепилото
Лилјана Мазова: Апсурдот за црнилата сега и тука
Анета Јанчевска: Вистинска лекција за тоа како да се прогледа
Иван Додовски: Историјата како драматуршка грешка
Јасна Франговска: Чекајќи содржина вредна да се живее
Лилјана Мазова: Неуспешна приказна заглавена меѓу режијата и актерите
Анета Јанчевска: Вистината се открива постепено
Борче Грозданов: Да се чека или не?!
Лилјана Митевска: Евтино како македонската реалност
Тодор Кузманов: Оригинален приод
Тодор Кузманов: Илустративно
Лилјана Мазова: Мачнината на актерот среде изгубените вредности
Тодор Кузманов: Суптилна претстава
Лилјана Мазова: Бркотница во времињата и на просторот
Цветанка Зојчевска: Властољубивите, корумпирани муцки на Гогољ кај нас
Анета Јанчевска: Претстава за почит и за восхит
Тодор Кузманов: Панаѓур на муцки и сурати
Тодор Кузманов: Претстава – калеидоскоп
Цветанка Зојчевска: Чудесната игра на Јолевски и Ветерова
Иван Ивановски: Свежа и инспиративна претстава
Борче Грозданов: Болвата... го продолжува векот
Лилјана Митевска: По се изгледа, „Болва в уво“ ќе биде долговечна и во МНТ
Лилјана Мазова: Проблеми во концептот и интерпретацијата
Цветанка Зојчевска: Хуморно „Сомнително лице“ како мевлем на душата
Лилјана Митевска: Пресликана реалност
Маја Неделковска: Сомнителното лице од нашето секојдневие
Борче Грозданов: Лицето се уште е сомнително
Лилјана Мазова: Звукот, сликата и видеото - база на „Соларис“
Анита Јованоска: Соларис - космичко лајт шоу
Цветанка Зојчевска: Театар, или видеоинсталација?
Илија Упалевски: Соларис под месечина
Борче Грозданов: За сонот, љубовта и Мерилин Монро...
Борче Грозданов: Неискористена шанса, до здодевност
Лилјана Мазова: Искрена приказна за театарските приказни
Илија Упалевски: Нејасна слика на Софија
Лилјана Мазова: Еден актер и цела книга за животот
Борче Грозданов: ЕЕГ на бескрајот
Лилјана Мазова: Емоции и силна енергија
Борче Грозданов: Дракула да - спектакл не!
Лилјана Мазова: Црна комедија против насилството
Весна Дамчевска: Свежа и провокативна „Мара/Сад“
Борче Грозданов: Работа, ред и дисциплина!
Бошковска Александра: Претстава во духот на времето
Лилјана Мазова: Весна како Живка = трагикомично храбра забава
Иван Додовски: Пасија по Љубиша Георгиевски
Иван Додовски: Мртвите се патриоти, живите се предавници?
Иван Ивановски: Жестока драма што зборува со јазикот на улицата
Лилјана Мазова: Секој за себе – сите против еден
В. Д.: Врзете се, полетуваме на љубовниот лет!
Лилјана Мазова: „Ромео и Џулиета“ во МНТ: Отидете, видете и одлучете
Бошковска Александра: Ода на љубовта
Борче Грозданов: Зборот знае да тежи и да боли
Бошковска Александра: Парите се отепувачка... секогаш
Борче Грозданов: Бесовите - гревови смртни
Борче Грозданов: Сенко не се плаши од Вирџинија!
Лилјана Мазова: Театар тежок колку и виртуелниот живот
Бошковска Александра: Стравот од Вирџинија Вулф се покажа оправдан
Лилјана Мазова: Енргијата на Добрила Чабриќ е лекција по живот
Лилјана Мазова: Преку себе против злото и насилството
Бошковска Александра: Претстава со моќ да го надживее животот
Сунчица Уневска: „Животот е сон“ како краткотраен лет
Лилјана Мазова: Ристановски како Молиер - крал на сцената
Лилјана Мазова: Декамерон како мјузикл кој се игра и гледа со радост
Борче Грозданов: Разиграна и впечатлива слика
Лилјана Мазова: Изгубени Германци - мајсторски тим и многуслоен горчлив театар
Бошковска Александра: Изгубените Германци се импресивни, зрели и моќни актерски креации
Борче Грозданов: Недореченоста покриена со фасцинантна актерска енергија
Лилјана Мазова: Подемот и падот на кабарето: копнеж по слобода на уметноста со ширум отворени очи

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Во огледалото кон патот на љубовта

(За да се освои слободата, треба да се тргне од себе, од тука во минатото и пак тука. Во тоа напред-назад и стоење во место приказните се исти, само јунаците ги менуваат имињата)
Лилјана Мазова
Одамна една театарска претстава не се очекувала и не се најавувала со медиумска поддршка каква што ја има “Папокот на светот”, сега веќе на репертоарот на Драмата на МНТ, на сцената на Театар “Центар”. Причините се многу јасни. Станува збор за најпопуларниот, најчитаниот, најнаградениот македонски роман од 2000 година наваму “Папокот на светот” на Венко Андоновски, во издание на “Култура”, чиј ексклузивен автор е токму В. Андоновски. Романот за три години веќе има шест изданија и три престижни награди: “Стале Попов” (2000), Роман на годината (2000, “Утрински весник”) меѓународната “Балканика” (2001).
Андоновски од романот напиша “театарски роман”, исто со наслов “Папокот на светот”, кој како драмски текст сега е во друштво со другите драми на Андоновски, кои една деценија се поставуваат на разни сцени и со разни режисери: “Адска машина” (1993), “Бунт во домот за старци” (1994, истата година прогласена за најдобра драма на МТФ “Војдан Чернодрински”), “Словенски ковчег” (1998), “Кандид во земјата на чудата” (2000, пак истата година наградена со “В.Чернодрински”), “Црни куклички” (2001). И никогаш не ти е јасно до каде оди широчината на жанровскиот распон на Венко Андоновски (роден во 1964 година во Скопје): дали е поет (така почна во 1986), романописец, драмски автор, критичар, есеист, колумнист, драг соговорник, пријател, професор, доктор по науки, декан...
Сега поводот е театрски.
Андоновски на “Папокот на светот” му го смени жанрот/полот: од роман го претвори/пресоздаде/напиша драма. Драма во која, како и во другите свои драми, умешно ги структурира/театрализира препознатливите ситуации од животот. Ни докажува дека мора да владееш со својата приказна, дека цитираните личности се јунаци од нашите огледала во кои, кога се гледаме себеси, мора да ги видиме и другите и од сега и од некогаш. Ликовите/личностите  сe исти, само времињата и имињата се други/поинакви. За да дојдеш до вистината за себе, мора да ја знаеш приказната, мора да го најдеш папокот кој е во утробата, но качувајќи се погоре - низ прудолнините кон висините. За сe е потребна љубов.
Претставата “Папокот на светот”, е во режија на Златко Славенски и со актери кои умеат да се бараат себеси во она што го создаваат: значи сe им е познато, само треба тоа да ни го соопштат, не криејќи дека го нашле и не го нашле средиштето на постоењето - папокот на светот. Тони Михајловски, Јодран Симонов, Владо Јовановски, Ѕвезда Ангеловска и Владимир Светиев од сцената  го поставуваат прашањето - дали сме/сте го читале “Папокот на светот”. И не е важно, важна е приказната за љубовта. Сценографот Томаж Штрицл  ја доградува/определува сложената вертикала кон височината: со скалила кои немаат потпирачи. Кој може да се качува по нив ако не е сигурен во искреноста на идејата, во љубовта што ќе го однесе до вистината: утробата и папокот на животот! Ќе стигне, и да и не, само оној што трага по себе, по вистината, по срцевината на сe - љубовта.
Од сцената сите докажуваат дека не се потребни магионичарски стапчиња или трикови, не е важно дали Јан бил или не бил во циркус. Важно е секој да се најде во сопствената искреност, да заборави на задачата, па била таа и театарска. За да се освои слободата, треба да се тргне од себе, од тука во минатото и пак да се стигне тука. Во тоа напред-назад и стоење во место се докажува дека приказните се исти, времињата одат напред, назад и сега, а јунаците ги менуваат имињата.
Претставата има генерална потреба од драматуршка работа/соработка. Така би се надминале местата во кои “стои в место”, кога има делумни прекини во комуникацијата или реализцијата на сцените кои имаат свој редослед, надвор од “театарскиот роман”. Овој недостаток (впрочем го има во најголемиот дел од македонската театарска продукција), режијата на Славенски го “покрива” со умешно одбраната актерска екипа - петтемина актери и со начинот на работа со нив во создавањето на ликовите и местото на ликовите во театарската приказна. Заедно ги поставуваат, бараат и доаѓаат до денес заборавените вредности - да се дојде до својот баланс, наспроти општиот дебаланс кој раѓа агресија.
Претставата, режијата, актерската игра, сценогафијата, костимите на Метеја Бенедети, музиката на Зоран Спасовски, се во трагање по рамнотежата, по смислата. Заедно се во огледалото кон патот на љубовта.
Иако станува збор за претстава со мала актерска екипа, во која ликовите се и од денес и од минатото, вертикалата или скалата која води кон височините на искреноста и смислата  - значи скалата што “штрчи кон небото”, практично ја држи Тони Михајловски. И како Јан, и како Иларион Сказник и Лествичник играта на Михајловски е вертикалата од која почнува и завршува сценската приказна. Во чекор го следи Јордан Симонов. Двајцата актери со доволно количество енергија и толкување на смислата и љубовта владеат се секоја своја реплика, ситуација, време, стремеж... Со многу љубов и моќ да се владее со целата ситуација на жената во светот на мажите се и ликовите на Ѕвезда Ангеловска. И ликовите на Владо Јовановски и на Владимир Светиев се во контекстот на вкупната идеја: да се дофати љубовта, рамнотежата, смислата, балансот наспроти дебалансот.

ЛИК - Нова Македонија, 31.03. 2004