ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Проблемски текстови

Проблемски текстови

Лилјана Мазова: Поларизирана ситуација и општа зомбификација
Златко Славенски: Непристоен предлог
Наташа Бунтеска: „Буре барут“ во детските глави
Јелена Лужина: Македонската битова драма: Објекција 2005
Мијако Јошида: Меѓународна порака за светскиот ден на танцот, 2005
Катерина Кипроска: Македонска порака за светскиот ден на танцот, 2005
Акад. Георги Старделов: Длабоко аналитична и оригинална во својата театарска херменевтика
Аријана Мнушкина: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2005
Ристе Стефановски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2005
Наташа Бунтеска: Најизвезувани претставите на битолскиот театар
Коле Ангеловски: „Солунски патрдии“ - 25 години континуирана смеа
Лилјана Мазова: Патрдии
Сунчица Уневска: „Солунски патрдии“ слави 25 години
Иван Поповски: Македонскиот театар е oбезличeн
Лилјана Мазова: Победа на театарот и на публиката
Лилјана Митевска: Завршува театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински" во Прилеп
Лилјана Митевска: По завршувањето на 39. МTФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
Славомир Маринковиќ: Педесет години на операта „Гоце“
Лилјана Митевска: Дејан Дуковски повторно актуелен на европската сцена
Ана Несторовска: Секој со својот крст на чело
Цветанка Зојчевска: „Бура“ се поставува во Турската драма во Скопје
Даниела Стојановиќ: Нови реакции контра селекторот на фестивалот „Војдан Чернодрински“
Зоја Бузалковска: Нема Театар! Нема Уметност!
Весна Дамчевска: Во Штип е изведена првата опера во Македонија
Весна Дамчевска: Свечено прогласување на Штип за град на културата во 2004
Фатја Ел Асал: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2004
Венко Андоновски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2004
Лилјана Мазова: Од стариот бележник: Кај Чехов со Чехов
Лилјана Мазова: Кој е Нушиќ и каква е неговата „врзаност“ со Македонија
Наташа Бунтеска: Помалку пари, ист број претстави
Петре Бакевски: Сведоштво за театарот
Victor Hugo Rascon-Banda: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2006
Слободан Унковски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2006
Коле Чашуле: Заскитаниот Антон Панов - почит кон неговите сто години самотија
Јелена Лужина: Театарот ни нема страст
Наум Пановски: Нема нов оброк со стари виљушки
Наташа Бунтеска: Домашните театри работат без драматурзи
Сребра Пашовска: Комедиите станаа загрозен вид
Наташа Бунтеска: Театарската посетеност намалена за 20 отсто
Сребра Пашовска: Театарџиите и гостувањето во странство
Султан бин Мохамед Ал Касими: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2007
Сашо Миленковски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2007
Јелена Лужина: Душан Јовановиќ, ослободител на Скопје
Среба Пашовска: Насилството и вулгарниот јазик ја запоседнаа сцената
Сребра Пашовска: Наградените славни само една вечер
Борче Грозданов: Младите актери се отвораат за јавноста
Роберт Лепаж: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2008
Бранко Ѓорчев: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2008
Тина Иванова: Македонска опера е фикс идеја
Александра Бошковска: Театар без цврсти естетски темели
Борче Грозданов: Атрактивни наслови, автори, режисерски имиња...
Борче Грозданов: Сцената активна, се бара човекот...
Ангелина Димоска: Имаме публика што им попушта на лошите изведби
Аугусто Боал: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2009
Ѓорѓи Јолевски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2009
Џесика А. Кава: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2011
Александар Поповски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2011
Џон Малкович: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2012
Мето Јовановски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2012
Мими Таневска: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2013
Дарио Фо: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2013

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Кој е Нушиќ и каква е неговата „врзаност“ со Македонија


„Јас не знам ниту кој сум. Балканец сум, бездруго. Во мене има малку од арнаутското, од влашкото, од српското. Мајка ми беше од српско потекло. Најмногу сум, значи, Србин. Патував низ Македонија, низ оние краишта низ Препанското Езеро, од кај што се моите стари - по линија на татко ми. Никаква трага не најдов...“ - пишува во необјавените ракопи Бранислав Нушиќ.
Лилјана Мазова
ПОСТОЕЊЕТО на институционалниот театар во Македонија, и објектот на „стариот театар на МНТ“, за кој деновиве се води интензивна полемика за тоа каде, дали и кога ќе биде повторно изграден/обновен, нераскинливо е врзано за името на реномираниот српски комедиограф и искусен театарски оперативец Бранислав Нушиќ. Тој е дел од оние што го формираат Народното позориште во Скопје во 1913 година, во 1915 година (26 мај) успева да добие согласност од Министерството за просвета на Србија за изградба на нова театарска зграда која веднаш е почната да се гради на левата страна на Вардар во Скопје (по проектот на угледниот архитект Јосип Буковац) и која конечно е завршна и предадена во употреба на 27 октомври 1927 година.
Токму тој објект натаму станува амблем на театарското живеење во Македонија: до 26 јули 1963 година - кога големиот земјотрес во Скопје од кој објектот е оштетен, и потоа до денес неразјаснети причини/невнимание,  тој е урнат. Речиси четири децении со носталгија се говори за тој објект, кој практично започнува да се гради на иницијатива на Бранислав Нушиќ.
Кој е Бранислав Нушиќ и каква е неговата „врзаност“ за театарот во Македонија.
Бранислав Нушиќ за кој театрологијата бележи дека е иницијатор и инспиратор на конечната европеизација на скопскиот театарски живот (но и најрелевантен балкански театарски творец и работник на 20 век (роден во Белград на 8.10.1864, а починат на 10.01.1939 година, Белград) е познат како драмски автор, драматург, театарски управник... Самиот запишал дека своите драми почнал да ги пишува некаде околу 1887/88 година и зад себе има оставено околу 50 драмски текстови, книги со раскази, патописи и други творби.
Театрологот, професор д-р Јелена Лужина во книгата „Театралика пак“ (Магор, 2003), ја бележи приказната за потеклото на Бранислав Нушиќ. Меѓу неговите необјавени ракописи, пишува таа, има една неугледна тетратка со црни корици. Во неа се некои негови интимни записи и еден ламент за сопственото потекло. Нушиќ пишува: „Јас не го носам сопственото презиме. Тоа е презиме на еден белградски бакал, презиме што татко ми го посвоил - бидејќи сопствено немал. Кој ќе знае како би се викал јас? И тоа е малку. Јас не знам ниту кој сум. Балканец сум, бездруго. Во мене има малку од арнаутското, од влашкото, од српското. Мајка ми беше од српско потекло. Најмногу сум, значи, Србин. Патував низ Македонија, низ оние краишта низ Препанското Езеро, од кај што се моите стари - по линија на татко ми. Никаква трага не најдов...“
Животната приказна на славниот балкански комедиограф започнува некаде на Преспанското Езеро, бележи д-р Лужина, и тече вака: ...Во влашкото село Клисура, сместено во денешна Егејска Македонија, убавата и пркосна Гоча долго се мислела кого од многубројните интересенти да го избере за свршеник. Арно ама, од планината ненајдено слеглне арнаути, а меѓу нив и некојси Бело, го испљачкале селото и ја одвеле Гоча со себе. По неколку месеци решиле да ја вратат - останала бремена! За да го сокрие срамот фамилијата ја испраќа во Солун - таму да се породи. Пет-шест месеци подоцна, со влашките каравани, што барајќи ја пустата среќа, од Солун тргнале кон север, тргнала и Гоча: сe уште убава со машко детенце по име Георгијас. Во Белград, каде што караванот најпосле запрел и се растурил, Гоча ја загледал остарениот и неженет Цинцар, трговецот Герас Нуша. Не се знае што понатаму се има случено со неа, но за нејзиното детенце точно се знае дека бакалот Нуша го зел кај себе на дуќан, и освен што убаво го одгледал, му го подарил и своето презиме. Подоцна синот на овој Георгијас и на неговата жена Љубица (Србинка од Брчко) презимето Нуша од влашко ќе го направат српско - Нушиќ. Оној од синовите што ќе се роди како четврти - на 8 октомври 1864 година ќе биде крстен како Алкибијадес, кој во своите автобиографски записи тврди дека приближно 23 години подоцна, но сега како Бранислав Нушиќ ја напишал и својата прва комедија - гоголјада „Сомнително лице“.
Во биографијата на Нушиќ, се бележи дека тој бил и висок службеник во државната хиерархија, но и дипломатски претставник. На пример, бил и околиски началник во Битола (во периодот 1912-13 година) и со указ на српскиот министер за просвета, учествува во формирањето на Народното позориште во Битола.
Нушиќ е познат и како педантен работник. На пример, неговото име се врзува и со познатата инвентура на музички инструменти која е направена во Битола во 1913 година - кога се избројани точно 212 инструменти/најмногу пијанина. Во Битолскиот театар и денес се чува една фотографија: Нушиќ во неговата фамозна началничка униформа, што се толкува како негова смешна алегорија на неговиот познат лик Јеротије  Пантиќ. Токму за овој лик, меѓу другото, се врзуваат биографиите на многу актери од некогашното југословенско глумиште, но и најмногу за легендарниот актер на македонското глумиште - популарниот Петре Прличко.

Нова Македонија