ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Театар, Текст: Проблемски текстови

Проблемски текстови

Лилјана Мазова: Поларизирана ситуација и општа зомбификација
Златко Славенски: Непристоен предлог
Наташа Бунтеска: „Буре барут“ во детските глави
Јелена Лужина: Македонската битова драма: Објекција 2005
Мијако Јошида: Меѓународна порака за светскиот ден на танцот, 2005
Катерина Кипроска: Македонска порака за светскиот ден на танцот, 2005
Акад. Георги Старделов: Длабоко аналитична и оригинална во својата театарска херменевтика
Аријана Мнушкина: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2005
Ристе Стефановски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2005
Наташа Бунтеска: Најизвезувани претставите на битолскиот театар
Коле Ангеловски: „Солунски патрдии“ - 25 години континуирана смеа
Лилјана Мазова: Патрдии
Сунчица Уневска: „Солунски патрдии“ слави 25 години
Иван Поповски: Македонскиот театар е oбезличeн
Лилјана Мазова: Победа на театарот и на публиката
Лилјана Митевска: Завршува театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински" во Прилеп
Лилјана Митевска: По завршувањето на 39. МTФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп
Славомир Маринковиќ: Педесет години на операта „Гоце“
Лилјана Митевска: Дејан Дуковски повторно актуелен на европската сцена
Ана Несторовска: Секој со својот крст на чело
Цветанка Зојчевска: „Бура“ се поставува во Турската драма во Скопје
Даниела Стојановиќ: Нови реакции контра селекторот на фестивалот „Војдан Чернодрински“
Зоја Бузалковска: Нема Театар! Нема Уметност!
Весна Дамчевска: Во Штип е изведена првата опера во Македонија
Весна Дамчевска: Свечено прогласување на Штип за град на културата во 2004
Фатја Ел Асал: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2004
Венко Андоновски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2004
Лилјана Мазова: Од стариот бележник: Кај Чехов со Чехов
Лилјана Мазова: Кој е Нушиќ и каква е неговата „врзаност“ со Македонија
Наташа Бунтеска: Помалку пари, ист број претстави
Петре Бакевски: Сведоштво за театарот
Victor Hugo Rascon-Banda: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2006
Слободан Унковски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2006
Коле Чашуле: Заскитаниот Антон Панов - почит кон неговите сто години самотија
Јелена Лужина: Театарот ни нема страст
Наум Пановски: Нема нов оброк со стари виљушки
Наташа Бунтеска: Домашните театри работат без драматурзи
Сребра Пашовска: Комедиите станаа загрозен вид
Наташа Бунтеска: Театарската посетеност намалена за 20 отсто
Сребра Пашовска: Театарџиите и гостувањето во странство
Султан бин Мохамед Ал Касими: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2007
Сашо Миленковски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2007
Јелена Лужина: Душан Јовановиќ, ослободител на Скопје
Среба Пашовска: Насилството и вулгарниот јазик ја запоседнаа сцената
Сребра Пашовска: Наградените славни само една вечер
Борче Грозданов: Младите актери се отвораат за јавноста
Роберт Лепаж: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2008
Бранко Ѓорчев: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2008
Тина Иванова: Македонска опера е фикс идеја
Александра Бошковска: Театар без цврсти естетски темели
Борче Грозданов: Атрактивни наслови, автори, режисерски имиња...
Борче Грозданов: Сцената активна, се бара човекот...
Ангелина Димоска: Имаме публика што им попушта на лошите изведби
Аугусто Боал: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2009
Ѓорѓи Јолевски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2009
Џесика А. Кава: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2011
Александар Поповски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2011
Џон Малкович: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2012
Мето Јовановски: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2012
Мими Таневска: Македонска порака за светскиот ден на театарот, 2013
Дарио Фо: Меѓународна порака за светскиот ден на театарот, 2013

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Поларизирана ситуација и општа зомбификација

Лилјана Мазова
Театарската 2005 година во Македонија беше и помина сиромашно, тажно, со продукција од која малку ќе се памети. Причината е во крајно поларизирана ситуација на општа зомбификација. Чуден некој цунами ги одвеа најавите, очекувањата, трпеливоста, мачеништвото на уметниците што го создаваат театарот. Никој од нив не е од вчера и за вчера. Притиснати од апатијата на денот, седмицата, месецот и целата 2005 година, се измачија во немањето пари за нови вредни претстави, па работеа на „ситно“. Со задоцнетите пари се крпеше скинатото и малку остануваше за ново. Премиерната продукција се сведе на 40-тина претстави во 11 театарски куќи!? За цела една календарска година, во која мерка за работа е новата претстава, одработеното поединечно се брои од два до пет. Во просек, повеќе од три и пол! Просекот не значи ништо доколку не се мери низ отстапката на зададеното - не се прифати како збир на рогови во вреќа, не се погледне низ матното огледало во кое се се чини поубаво.

Кога нема оптимизам, има реализам. Реално лошите услови за работа, со инцидентни интервенции на замачкување - „удирање на лустро“ што го крепеше театарот. Реалноста од 40-тина нови претстави и ваму-таму уште понекој проект, главно е создадена на мускули и за мали пари (колку пари - толку музика). Една копродукција, „Тимон од Атина“, две куќи си ја бројат како своја (Битолскиот и Турскиот театар), таа има и трет учесник (Италија), а екипата се собира за фестивалски учества, една македонско-француска продукција „Последниот маж - последната жена“ нема простор за игра и чека покани за фестивалски настапи надвор од земјава.

Од шумата не се гледа дрвото. Иако не станува збор за густа шума, сосема е мал бројот на новите претстави на кои им се израдуваа театарот и публиката. Најрелевантни за 2005 се „Црнила 005“ и „Слепци“ на Македонскиот народен театар, па „Дон Жуан“ на Драмски, „Вишновата градина“ во Кумановскиот театар. Како вредност и радост за авторите и за публиката, тука некаде завршуваат врвовите на посната театарска 2005, во која речиси е урната магијата. Иако е сосема јасно дека во 21 век театарот и претставата се производ што се пакува и продава.

Брехтовата идеја за уметност е невиност и апетит. Невиноста не се враќа - таа доаѓа со новата младост која, рече еден режисер, не треба да се силува. Апетитот е нешто друго. Да си сит треба да си подлизурко, потупнувач на рамота на Али Баба или негов близок. Мора да си роднина по стрико од братучед на вујкото на тетката на кумата од сватот.

Дискурсот на смислата е секогаш линеарен и предвидлив. Се случува како рефлексија на духовната средина во која митовите шетаат на стаклени патерици. Важи само партикултуралната аргументација, или позиција на безопасност во која, одвреме-навреме, се протура „големата“ идеја. Од типот: ќе градиме нов театар - стариот објект на Македонскиот народен театар; решен е просторниот проблем на Турскиот театар по разделбата со Албанскиот театар (објект уште е неупотреблив); само што не почнала реализацијата на објектот за Театарот во Велес!!!

Од лансираните идеи, презентации, претконкурсите и изложбите на „големите и сериозни“ зафати во 2005, на прагот на 2006 нема ништо. Промоторите го наплаќаат своето. Екстремната диверзификација на зборот битното го направи ужасно небитно, а небитното тотално небитно.

Крајно поларизирана е ситуација на општа зомбификација во која моралот е безопасна категорија. Системот е корумпиран и многу болен кога е ставен во естетски дискурс. Парите за програма неограничено доцнат. Сепак, мачениците создадоа нови претстави, ги играат старите и натаму во него влегуваат со радост. Излегуваат поинаку: не веруваат што им се случува. Одземена им е радоста - онаа на која секогаш најмногу и верувале. Како и да веруваат кога, на пример, во 2005 е вработен само еден сега и не толку млад актер (МНТ), кој со години таму беше на некаков договор. Или, како во Албанскиот театар (или кој било друг) да се направи нова претстава кога со години не е примен ниту еден актер - младите дипломирани актери (подостарени) од улица ја чекаат својата прва шанса. Како актерите во Битолскиот театар да се радосни кога сега тој не се грее, а важеше за најорганизиран. Не се греат и другите театри - се палат печките на нафта или системите за греење само пред претстава, колку публиката да не рече: ау, многу студи, налет театар! Никој не ги прашува актерите како им е ним. Тие се мачениците кои, без елементарни услови, ги создадоа 40-тината претстави. Колку Али Баба, луто, да не им пререче: толку ви е, тоа е, сите гостувавте некаде (со стари автобуси и со торби со храна од дома) или: ова ќе се игра таму, а тој гостин ќе режира ваму...

Ентериерот е исфрлен во екстериерот. Колку да не се заборави мудроста за занимавање со небитното како димензија на преживување.

Дневник, 04.01.2006