ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо

Цветанка Зојчевска
(За „Духот на слободата“ на Чернодрински - Горан Стефановски, режија на Мартин Кочовски, Дејан Пројковски и Деан Дамјановски, проект на Битолски театар)

Во Речникот на македонскиот јазик за именката слобода има еден куп значења, меѓу другото дека е „состојба на оној што не е затворен, лишен од слобода“, дека „слобода е отсуство на политичко и економско ропство – независниот“.
Е па, во „Духот на слободата“, проект на Мартин Кочовски, Дејан Пројковски и Деан Дамјановски, ликовите својата слобода си ја живеат затворени зад решетки, во сценографско решение, автор е Ненад Ждеро, што е класична затворска ќелија.
Целата претстава „Духот на слободата" всушност се занимава со прашањето „како индивидуата ја сфаќа слободата“ овде кај нас од пред 100 години и сега. И како на Балканов луѓево ќе ја сфаќаат слободата и во некоја си 2103 година. Дали сите мислиме на исто кога го изговараме зборот слобода.
Претставата се игра во Битолски театар, оригиналот на „Духот на слободата“ е едночинка на Војдан Чернодрински, се случува во 1903 година - во илинденскиот период, а два нови чина, врз таа матрица, напиша Горан Стефановски со истите ликови што ги има кај Војдан Чернодрински. Главен лик е Маноил, го игра Огнен Дранговски. Како ликови се и неговата невеста Темјана, ја игра Јулијана Мирчевска, чорбаџијата Димо, татко му на Маноил, го игра Борис Чоревски, тие имаат и свои слуги Тодор со Мартин Мирчевски и Вета, Елена Моше, имаат и стројничка што ја игра Ратка Радмановиќ. Слободата ја персонифицира Габриела Петрушевска.
Ако кај Чернодрински пука од романтичарски занес дека треба да се брани татковината, па на Маноил спроти неговата свадба му проработува совеста дека треба да оди во борба за слобода, натаму се што напиша Горан е комплетна иронија на
нашата ментална состојба и за значењето на поимот слобода. За Македонецот од 60-тите години Слободата е сонот за одење во Америка и земање иселеничка виза, а Маноил се чувствува слободен во моментот на одлуката да емигрира.
Иако кај Горан стои дека третиот чин се случува во некое идно време, всушност е копија на сегашноста. Сите сме си влезени во латинскоамериканска сапуница. И веќе Слободата ни има смисла, ни некој е подготвен, како оној Маноил од пред 100 години, да направи крупни потези за да стори нешто и да ја спаси од нејзиното непостоење.
Сето ова е одлична идеја, со одлична матрица, ама утка како краен „производ“ од тројцата режисери. Се гледа дека момците инсистирале претставата да го има шмекот на поп-културата. Се гледа дека и дека си уживале додека ја работеле, додека ја гледаш претставата, имаш чувство дека се реди сложувалка и чекаш „Каква ќе биде конечнава слика?“. Оти во неа има парчиња и со Мерилинка, сонот на Маноил и поимот за Слободата, го има и Мики Маус, ја има и „Саботната треска“, има, има, има, многу нешта. Ама, сепак, се е „ти ме кјеро, ја те кјеро“, лимонада. Па добро, таква ни е и живејачкава.
Слободата си заминува по улиците гола и пијана и беспомошна. Тие се враќаат на своите мали животи и ситни радости.
Нешто ретро и пластично и сенишно
Слободата е симбол на пожртвуваност, јунаштво, национални идеали, долг кон татковината
Сите треба да живеат заедно во двособен лумпенпролетерски стан, среќни и ситуирани, ко во мексиканска сапунска опера...

Вест, 19.05.2005