ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа

(„Банкрот“, режија Александар Славутски, Битолски театар)
Илија Упалевски
„Банкрот“ е театарска претстава водена од искуството (играат: Јоана Поповска, Митко С. Апостоловски. Јулијана Стефанова...), а развиена низ препознатливи актерски навики и стереотипни сценски движења (за кои се добива впечаток дека актерот веќе ги прифаќа по инерција) - игра на која публиката во Битола е повеќе од навикната.

Комедијата на Островски обработува тема што често може да се сретне во книжевната традиција: Обичен, млад човек, кој повеќе години работи како помошник во една фирма и живее со семејството на својот претпоставен, станува наследник на неговиот семеен имот и сопруг на неговата ќерка. Смената на генерации во едно семејство по правило завршува со морален пад на помладата генерација, која се препушта на раскош, незаинтересирана за судбината на своите претходници. Текстот укажува на последиците од фетишизацијата на парите како што се: извештачената комуникација помеѓу луѓето и објективизацијата на жената, која станува средство преку кое ќе се одржи материјалниот статус на едно семејство.

Режијата на Александар Славутски речиси и не отстапува од ознаките во текстот. Интервенциите на режисерот од почетокот на претставата се повлекуваат зад актерската игра. Тоа што треба да биде музичка заднина е еден мотив што се повторува помеѓу сцените, а промените на подвижната сценографија функционираат како замена за затемнувањата. Иако текстот укажува на се уште актуелни феномени, Славутски не се решава за промени или експерименти во својата режија: временските и просторните ознаки остануваат исти (Русија, 19 век), а актерската игра (уште еднаш) е организирана од препознатливиот реалистичен, миметички принцип.

Интертекстуалноста на еден актер (фактот дека една улога потсетува на некоја претходна) и во оваа изведба претставува стапица за поголем дел од актерската екипа. Тоа посебно се однесува на играта на Јулијана Стефанова и Соња Ошафкова, која по правило ги исполнува очекувањата на публиката, веќе навикната да ги прифаќа нивните стандардизирани сценски движења и гласовни варијации. И другите актерски остварувања или не отстапуваат од оваа забелешка или не одат подалеку од атрибутот просечно. Единствено кај ликот на Лазар Подхаљузин (го игра Иван Јерчиќ) може да се препознае процес на креација и трансформација. Тоа е оној лик што ги поврзува двата заплета во оваа комедија, а и сите сцени одделно.

И кога би одбегнале да зборуваме за комуникациското ниво на оваа претстава, и кога би се апстрахирале од вредносни судови за нејзините уметнички квалитети и потенцијали, сепак, едно важно прашање околу неа ќе остане отворено: колкав е потенцијалот на публиката што би ја гледала оваа претстава? Помладиот дел од неа со сигурност ќе се најде во расчекор со она што го гледа, а преостанатиот дел, кој на комедија поаѓа со стереотипот дека она што ќе го гледа треба да го насмее, повторно, ќе се најде себеси изневерен. Колку почесто гледаме вакви претстави толку повеќе ни станува јасно дека отуѓувањето на театарот од идеолошкиот и естетскиот контекст во кој настанува не е некој среќен избор. За оваа година на битолскиот Народен театар доста му се претстави сами за себе.

Дневник, 19.04.2005