ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација

(За „Маме му ебам кој прв почна“ на Дејан Дуковски, режија Дејан Пројковски, проект на Битолски театар)
Цветанка Зојчевска
Кружна метална конструкција од чие средиште на метален држач, високо поставен се издига уште еден круг. Во фонот со Морзеовите знаци повик за СОС. Од горниот круг шара светлинка како на светилниците. Ова е почетната сцена со која режисерот Дејан Пројковски ја почнува „Маме му ебам кој прв почна“. Значи, работава ни е нож под грло, насукани сме и бараме помош.
И после веќе Дејан Пројковски сака да објасни што ни се случува. Се појавува инкасаторот, го игра Рубенс Муратовски, ја бара смислата и ја наплаќа цената. Со тоа, всушност, почнува и бесмислата на овој испервертиран свет. И наеднаш кај Дејан Пројковски, истава сцена, што на отворањето на претствата (ми) личеше на светилник, станува циркус. Еден метален темен циркус во кој сите живееме, оти наместо одразот на вистинските емоции, на лицата се имаат маски, а внатре е болката. Во претствата најмногу одговори за потрагата по љубов, а се завршува со силување или со убиства. Тоа е свет кој го изгубил ангелот, а на негово место е дојден шејтанот. И што се случува? Изгубени се сите критериуми на вреднување, самоволието е систем, граница меѓу доброто и злото нема, исто како и на моралното и неморалното, различните се уништуваат, тој што не мисли како тебе - убиј го, и во сиот тој хаос има само еден вкус. Крв. Дејан Дуковски со „Маме му ебам кој прв почна“ установи нов жанр - параноја, тој неа ја смести во седум сцени како седумте Божји денови во создавањето на светот каде што ги стави седумте клучни доблести: Смисла, Љубов, Радост, Вера, Надеж, Чест, меѓу нив Грев (от) како човекова особина. Дејан Дуковски, во принцип е автор кој е тежок за изведување. Ако режисерот најде клуч за изеведбата, тогаш успехот е гарантиран. Кај Пројковски претставата се одвива во седум концентрични кругови. Со нив раководи гревот, кај Пројковски Сатаната. Ни соопштува Пројковски, во травестијата на новиот поредок, емоција нема, кодовите се изгубија некаде по патот, сакајќи сите да станеме Богови. Дозволивме да живееме во циркус. Само како врзивно ткиво на сцените, кои се слики на компплетен хаос. Пројковски прави интервеници и во редоследот на сцените напишани од Дуковски. Со некои сцени оди напред - назад, ги повторува: во една верзија со женскиот принцип, втората верзија со машкиот принцип. И тоа во варијанта на травестија.
Но, има една работа што најчесто ме збунува во режиите на Пројковски, кој во турбо темпо влегува од проект во проект, а тоа е: не ја истерува до крај идејата што ја зацртал за правење на претствата. Факт е дека тргнува со здрава идеја, ама кога не ќе може да се направи селективност од желбата да се покаже многу, многу што се знае, таа водечка идеја во реализцијата на проектот како целовитост се губи некаде на патот. Исто е и со „Маме му ебам кој прв почна“. Интеракцијата на релација сцена - публика изостана. Се имаше впечаток дека останало нешто недоразбрано и во комуникацијата режисер - актер. Улогите ги толкуваат Иван Јерчиќ, Васко Мавровски, Рубенс Муратовски, Методија Колоски, Илина Чоревска, Јасмина Василева и Габриела Петрушевска, која покажа што игра и што е што. За другите тоа потешко може да се каже.

Вест, 19.11.2004