ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

„Јане Задрогаз“ во Народниот театар во Битола
Лилјана Мазова
На Горан Стефановски, драмски автор кој уште две-три години па ќе заокружи четири децении како пишува драми и само драми, прв напишан и изведен текст му е „Јане Задрогаз“. Текстот се појави во 1974 година и на 26 декември истата година ја имаше праизведбата на сцената на Драмскиот театар во Скопје. Претставата ја режираше Слободан Унковски, а со „Јане Задрогаз“ започна да се сложува театарската сложувалка на театарскиот тандем Стефановски - Унковски кој во времето потоа е режисер кој најчесто ги поставува првите изведби/праизведби на драмите на Стефановски. Токму тој и тогашен „Јане Задрогаз“ стигна на некогашните ју-сцени, гостуваше во Париз, во Каракас...

Кон текстот Горан нагласува дека „при неговото пишување обилно користев мотиви од македонското народно творештво собрано од Марко Цепенков, како и елементи од неговите етнографско-филолошки материјали и автобиографија“, а во поднасловот бележи дека е тоа народна фантазија со пеење.

Интересни се податоците, или она што на театарски план исто е реализирано во таа 1974 година, но во рамките на светскиот театар. Во Германија се бележи подемот на режисерскиот театар, Петер Штајн ја режира драмата „На летување“ од Максим Горки, а Петер Задек го режира „Крал Лир“ на Вилијам Шекспир.

Одржана е праизведбата на „Травестин“ од Том Стопард (драма за средбата на Ленин, Џојс и Тристан Цара во Цирих во 1916 година) и праизведбата на „Бинго" од Едвадр Бонд, драма за смртта на Шекспир. Ингмар Бергман ја екранизира „Волшебната флејта“ на Моцарт...

„Јане Задрогаз“ пак, по онаа изведба во Драмски, во следните години и децении е поставен и на други сцени.

И еве, од 24 декемрви 2011, „Јане Задрогаз“ го има пак - на сцената на Народниот театар во Битола, во режија на Љупчо Ѓорѓиевски кој тоа (мала дискреција!) одамна го мечтаеше/посакуваше - да создаде свој „Јане Задрогаз“ врз текстот на Горан Стефановски.

МУЗИЧКА ПРИКАЗНА
Околу овој „Јане Задрогаз“ Љупчо Ѓорѓиевски обединил творечка екипа која ја споила енергијата. Создадена е претстава која ја демонстрира посветеноста на секој што е во и од неа. Претставата „ја води“ музиката на Марјан Неќак, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимите се на Благој Мицевски а асистент му е Андреј Ѓорѓиевски, кореографијата на Рисима Рисимкин, светлото на Илија Димовски, а фотограф е Phil lampron. Оние кои го одразуваат спојот се актерите: Габриела Петрушевска (Царицата), Николче Пројчевски (Јане), синови на Царицата се Мартин Мирчевски (Јанкула), Пеце Спировски (Секула) и Филип Мирчевски (Петрула), Огнен Дранговски (Тасе свирачо); Катерина Аневска (Дафина), Патар Горко (Божин лебаро), Викторија Степановска (Магда), Марјан Ѓоргиевски (Најде екимо), Марија Стефановска (Васка), Иван Јерчиќ (Димче ковачо), Илина Чоревска (Костадинка), Борче Ѓаковски (Ицо терзијата), Маја Андоновска (Цена) и Борис Чоревски (Тоде мудрецот). Низ нивната игра режијата на Ѓорѓиевски не само што ја нагласува енергијата која ја има низ целиот тек на претставата, туку и нагласено се гледа работата на секој од актерите. Со единствена насока - да доминира актуелноста на темата и енергијата која секој од нив ја креира низ вкупната идејна и музичка насока и поставка.

Приказната е за еден народ, за еден змеј и еден Јане. Мотивие се од македонското народно творештво - од огромната ризница собрана од страна на најголемиот собирач на народни умотворби Марко Цепенков. Во текстот се натаму е драмски приказ кој Стефановски го води кон целта/идејата: вечната човекова борба за подобар живот, но сместена меѓу ритуалот и митот, со акцент на гротескност и ситуации/елементи кои создаваат конфликтни драмски ситуации.

Народната фантазија со пеење, како и самата претстава, на има две страни. На едната е незадоволната царица чија единствена цел е да роди царчиња (девет години е трудна), а на другата страна е народот кој и угодува, но и добро знае како да се фати во костец со секое зло. Народот во борбата против злото го поведува Јане Задрогаз. Царицата е над народот: таа е горе (и на сцената) а народот е долу.

БЕЗ СКРШНУВАЊА
Интензитетот на изведбата е поврзан со моќната музика на Марјан Неќак која за основа ја има народната музика но со силен/моќен ритам ја контруира во сосема нова и модерна музика низ сите елементи на ритамот и изведбата. Музиката ја води приказната/дејствието за злото, за причините и за тоа како истото се совладува/преживува. Во изразено модерните костими на Благој Моцевски во црна боја и светлиот на Царицата, во ритмички сообразенто темпо на кореографијата на Рисима Рисмкин, на сцената и низ гледалиштето се следи игра/приказна која режисерот Ѓорѓиевски ја сместува денес и тука. Моќната музика на Неќак и дава сигурност на целата изведба. Особено на актерската игра која низ идејата на режисерот се лоцира во актуелен тренд кој се граничи меѓу мјузикл и експресионистичка оперета. Ниту режијата, а особено музиката, не дозволува никакво скршнување. Народот е тој кој се бори со злото, актерите се доминантни во пренесувањето на енергијата која ја поставуваат пред нив сега сосема современата приказна од дејствието на „Јане Задрогаз“ - за борбата против злото, режијата на Ѓеорѓиевски, костимите на Мицевски и, уште еднаш, силната музичка подлога и водилка на вкупната изведна на овој „Јане Задрогаз“ на Марјан Неќак.

Глобус, 27.12.2011