ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума

Лилјана Мазова
(Претставата на Владимир Милчин и Марјан Неќак во Народниот театар во Битола е жесток концепт за неподносливата тежина од/на уривањето на општествената рамка во која човекот се бори со небиднините на времето/времево)

Црна се чума зададе е претстава која ја враќа изгубената радост за и од добро осмислен и одигран театар. Особено меѓу творците во Народниот театар во Битола и публиката која поприлично ја имаше изгубено вербата во него. Создадена е сценска пасија, како што ја именуваат творците, со единствена цел: катадневни чувства кои се последица на распространетата болест - чумата, како симбол на затвореноста, на маката и на безизлезноста во која се врти тркалото на животот. Меѓутоа, како проект со многу музика, со жестока и синхронизирана игра и со етно елементи.
Целата изведба има цврст став кон потребата за преобразба. Концептот ги следи страдањата на човекот предизвикани од разноразни причина кои му ги наметнуваат времето и условите, а гледачот е сместен на сцената заедно со протагонистите на изведбата. Во текот на дејствието и многу потоа, никому не му е лесно. Сите долго ја чувствуваат мачнината од чумата како најголемо општествено зло. Претставата има две нивоа:локално и глобално. Двете се подеднакво црни и подеднакво ја исликуваат реалната црна приказна. Идејата низ рамноправен однос кон авторскиот ангажман ја спроведуваат режисерот Владимир Милчин и музичарот Марјан Неќак.
Дејствието поаѓа од народната песна „Црна се чума зададе“ и други песни за чумата, продолжува со стихови на Михаил Ренџов и текстови за чумата на Џон Вилсон, Александар Пушкин, Георг Бихнер, Даниел Дефо, Антоан Арто... Како жесток концепт за неподносливата тежина од/на уривањето на општествената рамка во која човекот се бори со небиднините на времето/времево. На сцената која преку низа елементи ги вклучува, симболизира и отвора просторите на играта и симболиката на настаните што ја изработил Крсте С. Џидров и костимите на Марија Папучевска кои исто низ сите назнаки и елементи ја следат идејата на В. Милчин, актерите во ликовите ја живеат низ темната страна на догмите што, како сценски приказ, бараат конкретно соучесништво. Како приказната што концентрирано се движи во и од речиси сите смерови на просторот кој е полн со слики што се нижат една на друга, и се речиси буквално во музичката слика на Неќак кој токму низ музиката создава дејствие/лик.
За да ја постигне компактноста на дејствието и на играта, Милчин прво направил актерска аудиција. И ги одбрал оние кои ќе се надоврзуваат во синџирот во кој секоја алка има свое значајно и најзначајно место. Затоа и дури осумаесетмината актери (има и студенти по актерска игра) - Маја Андоновска, Катерина Ацевска, Петар Горко, Валентина Грамосли, Радојка Димеска, Марјан Ѓоргиевски, Иван Јерчиќ, Васко Мавровски, Мартин Мирчевски, Филип Мирчевски, Соња Михајлова, Елена Мошева, Соња Ошавкова, Никола Пројчевски, Викторија Степановска, Јулијана Стефановска, Александар Стефановски и Илина Чоревска - функционираат компактно и комплексно во секој миг од изведбата. Концептот на идејата и на играта е изразен директно низ музиката, низ движењата, низ влезните и излезни слики кои перманентно одат кон длабината на црнилата на чумата. Има и маски, и бои и костими и елементи кои на сценскава пасија не и дозволуваат да скршне од суштината: да ги  демаскира лагата, лицемерноста, расипаноста... Ликовите се херои кои во нашево време говорат за состојбата од која, ни покажуваат, нема излез.
Би сакале да има! Но, тоа не е предмет на претставата. Таа само покажува: промислено и совршено компактно, состојба на духот (па дури и на телото) кој оди надолу, реализиран како идеја и како изведба со кружен тек и целосна посветеност. Па затоа и мачнината, на еден начин, се претвора во радост која е последица на ритамот и здруженоста на авторите/реализаторите на Црна се чума зададе: на Владимир Милчин, Марјан Неќак, на актерите и на гостите на овој проект на Народниот театар во Битола.

Macedonia In, 29.12.2008