ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт

„Многу врева за ништо“ е можеби едно од најдобрите дела на Вилијам Шекспир.Иако жанровски спаѓа во комедија,овој текст има необична драмска структура, бидејќи авторот воведува климакс кој лесно може да го одведе дејството во спротивниот жанр - во трагедија. Така, всушност, од него се рефлектираат две, како со нож пресечени расположенија: првото, романтично - исполнето со смеа, досетки, додворувања, страстен еротски набој, добронамерни љубовни сплетки и надмудрувања; второто, драматично - исполнето со изневерени очекувања, гнев, тага, очај... при што на моменти сериозно е нарушена можноста за (реалниот) среќен крај.Во центарот на интересот е љубовта, потребата од љубов од една страна и стравот таа да се даде - љубовта, нели, не' прави ранливи и податни на изневерување и отфрлање. Дејствието го водат два пара љубовници: едниот, Хера и Клаудио, романтичен и емотивно отворен, и Беатриче и Бенедик - комичен пар, полн со задршки и предубедувања дека љубовта е само за слабаци што се подготвени поради неа да станат робови и роглиња. Првите двајца ќе мора да поминат низ страшно искушение за да ја оправдаат својата безрезервна љубовна подаденост, а вторите ќе мора да се помират со фактот дека се обични смртници, ранливи на стрелата на Купидон, како и сите.Тоа што изненадува во режисерската постапка на Красимир Спасов е идејата да се земе ваков текст полн со емотивен набој од секаков вид за да се направи постановка лишена од искрени чувства. Неговото режисерско читање се темели врз тезата дека е ова текст за „неможноста љубовта да се случи, да се постигне, да се ‘раскаже’“, при што смета дека љубовните односи меѓу карактерите не се резултат на нивните „слободни чувства“, туку потекнуваат од „насилните манипулаторски дејства“. За жал, под манипулаторски дејства тој ги подразбира љубовните игри и подбуцнувања, толку слатки и толку понекогаш неопходни за љубовта да се случи, така што слободно велам дека овој режисерски концепт не соработува со овој текст. При неговата примена добиваме сакатење и на двете горенаведени расположенија, карактери изложени на потсмев при нивните најстрасни и најболни моменти. Се чини дека и оваа постановка страда од нешто што е својствено за театарот во Македонија денес - немоќта на сцена да се отворат и прикажат автентичните и човекови чувства. Се' е ставено во еден контекст на исмевачка дистанца, во која се нема мерка и која актерите без успех се обидуваат да му ја наметнат на овој топол и романтичен текст. Како резултат на тоа актерското битие (физичко, вербално, духовно) се бунтува, па добиваме неприродно интонирање на текстот поткрепено со вештачка поставеност на телото и позерство. Она што особено растажува е што игривиот, симпатичен и одмерен текст на Шекспир е заматен со бескорисни и крајно неинвентивни физички дејствија и илустративни гестови кои до крајност го вулгаризираат. Ансамблот составен од Петар Горко, Душко Јовановиќ, Огнен Дранговски, Иван Јерчиќ, Борис Чоревски, Слободан Степановски, Петар Спировски, Васко Мавровски, Викторија Степановска, Маја Андоновска, Илина Чоревска, Соња Ошавкова, Митко С. Апостоловски, Филип Мирчевски и Никола Пројчевски, кој во други пригоди сме го гледале во исклучително унисоно и уиграно издание, звучеше фалшиво и раштимано, без изградени меѓусебни односи, комуникација и густина. Со оглед на генералноста на проблемот, нема да извлекувам анализа на поединечна актерска игра.Режисерот прави уште една интервенција врз текстот: чиновникот и неговата „банда“ ги става во функција на хор, еден вид пролог, кој во оригиналниот текст не постои. Всушност, тој пролог би требало да ни го даде кодот за читање на постановката. Но и тука, во досетката за користење погрешни зборови, благо дозирана од авторот, режисерот и актерите претерале, па затоа нивната функција станува напорна за следење. За сценографијата, костимите и музиката ниту му помагаа ниту му одмогнуваа на режисерското читање. Постоеја сами за себе како украс, а понекогаш дури и во расчекор, што особено се однесува на женскиот сосема обичен бескарактерен костим, и машкиот, кој во некои детали (како што е предимензионираниот цилиндер) беше извлечен на ниво на карикатуралност и униформност. За жал, уште еден мртовечки, здодевен Шекспир „протрча“ низ Македонија.

Дневник, 16.06.2008