ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо

Цветанка Зојчевска
(За „Ова не е американски филм“ на Сашо Миленковски, режија Синиша Евтимов, проект на Битолскиот театар)

Во петкот во Битолскиот театар се играше премиерата на „Ова не е американски филм“ на Сашо Миленковски, режија Синиша Евтимов со десетмина актери толкувачи на улогите: Митко С.Апостоловски, Петер Горко, Филип и Мартин Мирчевски, Сашо Огненовски, Иван Јерчиќ, Огнен Дранговски , Елена Моше, Маја Андоновска и Никола Пројчевски.
Дека сообразно на насловот претставата не е ни американски, ни филм факт е. Ама тешко ќе е и театарска претстава што си личи на професионална, сцена од национален интерес. Таа најмногу би си личела на кабаре, приватно направено, во кое што во една релаксирана кафеанска или клубска атмосфера ќе си се забавуваат и глумците, и режисерот и гледачите.
Авторот на синопсисот Сашо Миленковски , кој пред десетина години сам си го режираше текстот во Драмски театар во Скопје, и со самиот наслов упатува дека во претставата ќе се случува приказна видена во холивудските филмови, со ликови и типчиња кои ги има и во нашево опкружување. Така и почнува претаствата на сцената во Битола: на завесата на видео бим течат сники на петмина типчиња како полни себе се шетаат на Широк сокак, за после тие да ја раскажат „приказната“ на сцената. Но, приказна нема, иако таа би требало да се гради врз два лика. Едниот е главниот бос, вториот е министер на полиција кој тргува со оружје. И едниот и другиот до гуша се во корупција, а околу нив се сите нивни послушници - типчиња од урбаното подземје.
Натамуна во сцените течат со резови од типот упали се - изгасни се, има само пцости, реплики во кои сочно се изговраат сите гениталии, има серење и мочање, и има само убивање. Секој секого го убива, така од ќеиф.
Не е работата дека сочниот речник не е виден и чуен во филмовите на еден Тарантино, не се работи ни за крут конзерватизам. Се работи што во оваа претстава се прават алузии кои комуницираат локално, што добива присзук на лечење приватни фрусатрации. Бидејќи театар не е само збор, ами и знак, а во „филмот“ во кој влегеле и актерите и режисерот сешто се лучува во „Ова не е американски филм“ . Најмногу алузии од микро карактер , актурелни само за Битолски театар. Ако еден од „ликовите“ излегува од дупката на сцената во бомбаст манир и го пее Канио од „Палјачи“, што е една од носечките оперски улоги на новиов директор во Битолски, што е знакот, ако не е микро локален? Или ако така, попатно, се изговори реплика од типот „не се прчи, оти ако не се разбере филмот, после на конференција за печат ќе ти бараат извинување“- што е ако не е евтинно справување со дел од публиката?
И за крај, како парафраза на насловот на текстот: не ова не е претстава. Оти не станува збор за добра, ами е навредливо лоша претстава. Најдоброто што се случува во неа е ликот на Малиот. Оти за цело време уста не отвора на сцена. И на крај сите ги упукува.

Вест, 12.11.2007