ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација

(За „Хасанагиница“ на Љубомир Симовиќ, режија Љупчо Ѓоргиевски, проект на Битолски театар)
Цветанка Зојчевска
„Некој со некого за твојата судбина решава во мракот“ е една од најклучните реплики врз кои режисерот Љупчо Ѓоргиевски ја гради претствата „Хасинагиница“ по текстот на Љубомир Симовиќ. Ја изговара Хасанагиница, ја игра Габриела Петрушевска., во моментот кога други одлучуваат за нејзината судбина. Таа е ставена во своевидна трговија со луѓе. Во состојба на помрачени умови каде ништо не е поопасно од успехот и тоа само сопствениот, се поместуваат и границите на етичност. Важно е да се задоволи суетата, да се покаже помоќноста од другиот, па ако треба во трговијата со луѓе дилот се прави и со мртовци.
„Хасанагиница“ на Симовиќ (пишувана во 70-ттите години) по структура е силно лирско - поетичен текст, апо тема жестока политичка драма за власта како порив и драма за човекот како жртва на политичка манипулација. Драма за одземената слобода. Во средиштето е драмата на Хасанагиница која во еден општествен контекст кој претпочита крајна покорност, токму со таа нејзина покорност успева да го разобличи општествениот, социолошкиот и политичкиот систем. Актуелна и што би се рекло „жив театар“ и денес. Кај Љупчо Ѓоргиевски сцената е во полумрак, со тишина во темнина, има вкоченети лица, има страв на нив како да чекаш кога ќе ти дојде редот на каков начин и со што ќе те изманипулираат. На сцената има и многу ковчези од оние страрински за рубата на невестата. Кај Ѓоргиевски тие имаат и своевидна семиотика (знак) како огромно бреме што ќе ти го натоварат да си го носиш со себе. Во таа знаковност Ѓоргиевски има направено одлична сцена кога Хасанагиница избркана од Хасанага го влечка тешкиот сандак, а тој пара од шкрипење. Габриела Петрушевска го гради ликот од почеток до крај, го нијансира и низ внатрешниот набој - на моменти со лиричност на вљубена жена, но и како жив мртовец на кого му е одземено се. И душата Исто како и на мајката на Хасанага. Ја игра Соња Михајлова. Направи одлична сцена на жена која преку скаменетото лице ја оддава и скаменетата душа оти веќе нејзе совршено и е јасно се.
Хасанагиница е жртва на двајца мажи: Хасанага за кого без желба е омажена, а потоа истерана од него, и брат и бегот Пинторовиќ. Пинторовиќ е Никола Ристановски. Го гради расно. Има маска на деспот, на тоталитарен тип, наспроти сестра му која говори со јазикот на вистината, тој говори со јазикот на надмудрување. Со јазикот на политичарите, Под маската Пинторовиќ на Ристановски е уплашен човек , во него е насобран дегенериран страв , од некој да не му ја одземе надмоќноста, како наследник од генерацаијата на еден друг систем. Уште повеќе што неговиот ривал Хасанага е новокомпониран моќник. Никола Ристановски прави моќни трансформации. За жал нема доследен партнер. Митко С. Апостоловски Хасанага го игра некако битово, и тука е крај - конфликтот изостанува. Убави епизоди реализираа Петар Мирчевски, Слободан Степановски, Јоана Поповска , Сашо Огненовски и Душко Јовановски и Борис Чоревски.

Вест, 18.10.2004