ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Борче Грозданов: Катастрофален филм

Борче Грозданов
Кога желбата е поголема од идејата, реализацијата од можностите, кога се лута и буквално претрчува низ сцената, за да се направи нешто денешно, модерно, од кое нема ни „М“ од зборот, тогаш имаме крајно лош театарски резултат, како што беше оној виден во петокот навечер на сцената на Битолскиот народен театар, наречен „Ова не е американски филм“. Ако тргнеме да го парафразираме насловот, според она што се понуди ќе дојдеме до заклучокот дека тоа не беше никаков филм. Не може се да се подведе под театар, а никако: недефинираните ликови, незавршените реплики, пинг-понг драматургијата од која ништо не разбравме, недоречените драмски односи меѓу ликовите, речиси никаквата драмска предлошка...

И уште кога од текстот на режисерот и директор на МНТ Сашо Миленковски, се прави обид енергичноста да се пренесе само преку пукање, од кое освен зуење во ушите не добивме никаков повратен ефект и кога единствен напад на сетилата ја имавме преку нападната музика, тогаш ниту од режисерот Синиша Евтимов не можевме да добиеме заокружен, а уште помалку квалитетен театарски чин.

Претставата „Ова не е американски филм“ не остави со чувство на непријатност, нелагодност, бидејќи публиката за која и постои театарот, денес не е неука, разбира, а во случајов разбра дека нема што да се разбере и остана зачудена полна со недефинирани прашалници... Значи, постигнат е контраефект, дури ни главната потпора - сегментот гледач во Битола кој знае да ја награди убавата естетска понуда и форма, овојпат остана со млака реакција.
Оттука ниту актерите кои го играа она што го нуди режисерот и драмскиот автор, не можеа да дадат ништо повеќе од просечна игра.

Впечаток беше дека двајцата преку кои „врвеше“ дејствието, браќата Мартин и Филип Мирчевски, не можеа да се извлечат од претераната вулгарност, пцостите кои произлегуваа од јазикот на нивните ликови. Не се снајде ниту Елена Моше, која пак повеќето свои ликови се обиде да ги подведе во позитивна насока, да ги направи гледливи, но за жал и таа се вклопи во сивилото на целиот овој проект. Дури и искусниот Митко С. Апостоловски својата босовска работа ја заврши како што ја почна: неенергично и еднолиниски. Истото важи и за Петар Горко, кој пак својот мафијаш го предимензионира и со тоа остави крајно лош впечаток.

Не се снајдоа ниту Оливер Дранговски, Сашо Огненовски, Иван Јерчиќ и Никола Пројчевски, како протагонисти и извршители на мафијашкото дејство на сцената. Во целиот тој склоп на околности беше ставена и епизодната Куртизана на Маја Андоновска. Лошиот впечаток не можеше да го поправи или макар неутрализира ниту солидната поставеност на сцената и единствено верните на случајот... Американски филм..., костимите на Илина Ангеловска.

Вечер, 12.11.2007