ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината

Цветанка Зојчевска
Светскиот бестселер и театарски хит на Американката Ив Енслер „Вагинални монолози“ се одигра и во Битола. На премиерата беше провокативно. На битолската сцена се атакуваше на традиционалистичката ментална структура. Се разголуваше женското тело, а главна тема е вагината која си ги доби сите свои имиња, наместо конвенционалното медицинско. Конечно, тоа е и намерата на Ив Енслер која својот глобалистички поход го почна со драмскиот текст со намера да ги освести и да ги напише сите трауми на женскиот пол, за да нема полова дискриминација, насилство, малтретирање, тепање и сексуално изживување врз жените.
Енслер, чие мото е „Сакајте ја својата вагина“, беше и во Скопје пред пет години. Дојде како лидерка на нејзиното движење наречено „В- деј“, што е кратенка на вагина ден, со верба дека еден ден таа кратенка ќе значи „Виктори деј“ (Ден на победата).
Вагиналната револуција на Ив Енслер толку ги смени работите што, на пример, во предворјето на седиштето на „В-деј“ во Сан Франциско е изложена двометарска скулптура на вулва (усни на вагината), а во Северна Каролина се изложени огромни челични усни.
Проектот го постави режисерот Мартин Кочовски.
Петте ликови на исто толку типови на жени кои ја раскажуваат својата приказна за себенепостоењето како вистинска жена ги играат четири жени и еден маж. Така улогите ги гледа Кочовски, затоа што ликот на лезбијката му го доверува на Петар Спировски, како тип на своевидна травестија, на тој начин влегувајќи и во територијата на мажот кој не си го сака својот пол, а бега во женски лик скриен од сопствената средина.
Четирите жени во Битола ги играат Илина Чоревска, Менка Бојаџиева, Јулијана Стефанова, Елена Моше.
Кочовски претставата ја гради низ форма. Или така ја замислил идејно, за да го добие потоа, низ актерската градација на ликовите, климаксот на монолозите.
Меѓутоа, низ целата претстава, дефинитивно, остана само формата, во која клучно место доби знаковно обликуваната сценографија (кругот, триаголникот), полна и со светлосни ефекти. А монолозите заличуваа на рецитална изведба. Немаше динамика, иако се работи за трауматични ликови.
Каде претставата застанала некаде на половина пат од замислата до реализацијата, не знам. Ама секако дека станува збор за некакво недоразбирање меѓу режисерот и актерките.
Без оглед на тоа, „Вагинални монолози“ ќе си имаат публика и ќе си одат на репертоарот.

Вест, 02.05.2007