ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни

(Рецензија „Отело“ и „Женидба“ на Лилја Абаџиева на МОТ)
Лилјана Мазова
Млад отворен театар, на почетокот, понуди две претстави што му припаѓаат на режисерскиот ракопис на Лилја Абаџиева, денес едно од водечките имиња на бугарската театарска сцена, испочитувано и во меѓународен контекст. Нејзиниот принцип, сензибилитет, егзибиционизам, не создава само гола убавина. Се' е поткрепено со комплексни решенија што ги спроведуваат актерите низ начинот/стилот/енергијата/културата на телото и говорот како клуч на реализација. Такво е нејзиното „Отело“ што на сцената на Македонскиот народен театар - Скопје го изведоа шестмина актери на Народниот театар „Иван Вазов“ од Софија, Бугарија. Две вечери подоцна го видовме истиот принцип на работа и решенија за чувствување на светот на Абаџиева преку „Женидба“ со актерите на Народниот театар во Битола на сцената на Македонската опера и балет. Меѓутоа, принципот на работа на Абаџиева низ двете претстави различно функционира во актерската интерпретација. Ако кај првите играта е доведена речиси до совршенство, кај вторите има големи недостатоци во самодисциплината и заедничката сценска култура на говорот и на телото.

Шекспировата трагедија „Отело“, текст со јасно измоделирана драмска структура во кој сите сомнежи се разрешуваат со дејствување, без разлика дали е точно или погрешно, во режијата на Абаџиева и интерпретацијата на шестемина актери - Владимир Карамазов, Дејан Донков, Димитар Рачков, Евгениј Будинов, Веселин Анчев и Владислав Виолинов, е претстава што ја враќа довербата во театарската уметност. Абаџиева има цврст став дека „секој маж што длабоко и целосно ќе се вљуби во жена е изгубен“. Излезот е најден во решението Дездемона и нејзината придружничка да ги играат мажи. Тој пресврт во однос на половата припадност и новата чувствителност, е стожерен во концептот на претставата. Како познавач и почитуван толкувач на севременоста на Шекспировото дело, Абаџиева од „Отело“ создава претстава што тангира директно: радоста од љубовта на Отело и Дездемона во зададените околности на љубомора се претвораат во злосторство - Отело ја убива Дездемона која без вина е негова жртва! Лулашката на љубовта се двои на две, радоста на смрт. Енергијата на Абаџиева е силна, и таква е и во играта и на актерите. Се користат разни елементи на говор, на движење, на пантомима, сценски борби, акробатика... Играта мајсторски се води низ убавината, чувствителност и емотивноста, среќата и несреќата. Нема импровизации и индивидуални скршнувања. Се функционира низ принцип на чисти слики и состојби.

Истиот принцип на работа - говор, движења, гротескни ситуации, популарна музика, сцени и слики во кои се истражува културата на владеење со сопственото тело, Лилја Абаџиева го применува и во Гогољевата „Женидба“ што како гостинка ја режира во Народниот театар во Битола. Меѓутоа, во тој јасен процес на театар кој тангира, Абаџиева има друга актерска екипа - Габриела Петрушевска, Рубенс Муратовски, Викторија Степановска, Иван Јерчиќ, Огнен Дранговски, Методија Колоски, Мартин Мирчевски, Илина Чоревска, Николче Пројчевски. Гротеската за Абаџиева е процес преку кој ликовите-марионети ќе го одживеат привлекувањето и оддалечување на двата пола. За машкиот бракот е страв од губење на идентитетот, за женскиот е реализирање на мечтите за брачен дом. Абаџиева е доследна во комбинациите на елементите. Проблемот е во префорсираната игра на актерите за кои стилизацијата, наместо гротескност, преминува во комичност. Добро почнуваат, но не ја задржуваат ниту самодисциплината ниту дисциплината на ниво на заедничка игра.

Оттука е и различноста на вредноста на „Отело“ и на „Женидба“ на Лилја Абаџиева. И фактот што таа има свој доследен принцип на ново читање на светската драмска класика која денес и тоа колку тангира.

Дневник, 04.10.2006