ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски

(За „Осмото светско чудо“ на Јордан Плевнеш, режија Владо Цветановски, проект на Битолски театар)
Цветанка Зојчевска
Режисерот Владо Цветановски во Битола направи одлична претстава. Премиерата беше пред десетина дена, а во театарот има правило- ако претствата ти останала во сеќавање до секој детал, значи дека е релевантен театарски проект . Оти може, и се случува, да ја заборавиш претствата на патот од театарот до дома.
Владо Цветановски визуелно на театарската сцена го стави романот на брат му Јордан Плевнеш „Осмото светско чудо“ во одлична драматизација на Владо Ѓоревски, кој покажа дека се разбрале со режисерот да се извлече есенцијата од романот, за да се добие синтезата помеѓу сликата и зборот.
Ова, од причина што во концептот на Цветановски оваа претстава е градена како тотален театар: со своевидна поетика на гестата, со ритмика и аудитивни средства, кои сите заедно прават претствата да се доживее како едно цело. Всушност, во режијата на Цвтановски го има Еуџенио Барба, а тоа значи дека претствата е градена како на монтажен стол: се испреплетуваат сите елементи заедно и се создава драма, која ја восприемаш со сите сетила.
Во драмата има и приказна. Приказната е за Македонија, иако по принципот на посмодерната во неа се случува комплетно релативизирање и на просторот и на времето. Значи приказната не е воопшто патетитична, и не е раскажана класично. Класични се само двата лика, со архетипските имиња за Македонија: Цвета и Александар. Тие двајцата низ препознатлива знаковност на сликата и знаковноста што визуелно исто така ја покажуваат ликовите, со живите актери, кои излегуваат од камарите на времето, ги поминуваат сите цивилизациски кодови, и тоа со манир напред-назад. Во тој огромен цивилизациски од на препознатливите ликови и пејзажи и слики со иконографија на Македонија, Александар е во потрага по аманетот на татко му - да пронајде осмо чудо, што ќе му се приклучи на седумте светски чуда. Во таа потрага по осмото чудо, Александар со својата Цвета и со поколенијата пред него и по него, ја покажува чистата мисла, иако за цело време е следен и исмејуван од Дијаболикот Мунди.
Цветановски направил и чудесен крај - низ сцената летаат ноќните пеперутки, ама овој пат во контекст на едно ново раѓање, а не дека ќе изгорат од светлината.
Визуелизацијата на претствата ја направија Тоше Поп-Симонов со одличниот аудио дизајн, Валентин Светозарев со сценографијата и Благој Мицевски со костимите. И актерите прават чуда во овој проект.

Вест, 15.06.2006