ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот

Борче Грозданов
Слободниот пад на идејата за осознавање на себеси и својот род, а притоа преминувајќи низ лавиринтите недогледни и непрегледни на светската историја и Универзумот, е темата и голготата која преку нему својствената специфика ја раскажува авторот Јордан Плевнеш. Но, овој пат, тој бива раскажан на еден специфичен начин во кој режисерот Владо Цветановски ја апстрахира и крајно редуцира репликата, а во име на визуелниот пад преку кој театарскиот исказ е спој на поетиката на сликата, ритамот, чувственоста... Сето тоа заедно, како нарација и режисерски дискурс, е дополнето со аудио-визуелната естетика која оваа претстава ја чини привлечна и „материјал“ кој се голта речиси во еден здив. На тој пат (лавиринт) се говори за коренот, за седумте светски чуда низ кои патувал и Македонецот неимар и во кој тој, истиот Македонец, учествувал. Целата приказна преку која самоубиецот паѓајќи ја разгледува  за само еден миг во кој се разделуваат присутното и неприсутното, сетилното и вечното е проследена од неговата персона Ѓаволот лично (во одлична и сугестивна игра на Мартин Мирчевски), која ја зачинува со сосема свој (анти)човечки атрибут... Не постојат ни Времето ни Просторот, постои само потрагата која завршува некаде (или, пак, не?!) помеѓу уметничкото и имагинативното Време на кое само привидно постои Просторот. Идентитетот се меша со несовршеноста, коренот по кој трагаме неодминливо се откорнува, во зависност од тоа „дали тиквата ќе роди или не“, а сето тоа по наша желба и видување?! Значи, оваа тема ги руши, а воедно и не потсетува колку се привидни сите тие цивилизациски „придобивки“, кога немаш корен.    На сето тоа остро и докрај наметливо не потсетува сликата на аудио-видео дизајнот на Тоше Поп Симонов и Христо Бојаџиев, како и сценската поставеност на горенаведениот спој на визуелното и вербалното, Валентин Светозарев, заедно со костимите на Благој Мицевски. За комлетно театарскиот впечаток „виновна“ е и драматизацијата на Владо Ѓоревски. По патот и потрагата по есенцијата на постоењето минуваат, со помалку или повеќе свој дел, но во секој случај преку неодминлива добра тимска работа, 15-тина актери на Битолскиот народен театар, „предводени“ од Бошко Бозаџиевски (кој за волја на вистината на моменти знаеше да го изгуби „сценскиот компас“) Соња Михајлова, Петар Горко, Маја Андоновски, веќе споменатиот Мартин Мирчевски, Соња Ошавкова, Огнен Дранговски, Филип Мирчевски... заедно со Васко Мавровски, Никола Пројчевски, Јулијана Стефановска, Елена Моше, Софија Нацевска, Јулијана Мирчевска, Викторија Степаноска, Елена Чореска и Петар Спировски. „Осмото светско чудо“ на Плевнеш, Цветановски и Битолскиот народен театар, не понуди чудо, но секако даде една поинаква слика, убаво естетизирана, за тоа кој е патот меѓу сетилноста и идејата, меѓу ограниченоста на времето и просторот како опозит на вечноста…

Вечер, 07.06.2006