ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност

(Одговорите се во нашата сегашна приказна. Се разбира, не од оваа на  театарската сцена. Изведбата на таа наша приказна во претставата на Александар Поповски на сцената во Битола, сместана во драмата на „Трите сестри“ од Чехов, е дали може да се почне од почеток. Силината на застанатото, жабуркаво време, е повод да се видиме себеси во одразот на театарско огледало.)
Лилјана Мазова
На сцената на Народниот театар во Битола „Три сестри“ се претстава која мисли. Уште поточно е ако се каже дека таа кон себе ја собрала енергијата на нејзините создавачи кои пак, од своја страна, ја привлекуваат енергијата на гледачот. Тоа взаемно привлекување, кое е градено врз осмислено провокативен и точно поставен концепт, за крај го има она што во театарот е повеќе несвесно одошто свесно и од поодамна заталкано во вителот на небиднината: проектот е ангажиран театар. Таков какви што се претставите на режисерот Александар Поповски - „Диво месо“, „Маме му ебам кој прв почна“, „Балканот не е мртов“ (Скопје) по текстовите на Дејан Дуковски, „Вишновата градина“ на Чехов (Белград).
Со „Три сестри“ на Чехов ангажираниот творечки/театарски дух на Поповски оди понатаму. На сцената во Битола, во оваа претстава е вградено многу енергија, знаење, љубов и потреба за бунт против состојбата на неизвесност кон она што значи „заспано време“. За предлошка е земено минатото, а за надградба сегашноста. Претставата има  цврста вертикала во чија основа е човековата заринканост во времево. Јунаците на Антон П. Чехов се фон од кој на прв план се следиме себеси. Фонот е условен, зашто иако јунаците „се стари“ повеќе од еден век (од крајот на 19.тиот) Поповски низ идејата/реализација со целиот тим, не вовлекуваат во нашата сегашна приказна.
Трите сестри - Олга, Маша и Ирина, нивниот брат Андреј, полковникот Верешчагин и останатите, се само луѓе кои се затечени, заринкани на теснецот на пристанот/пристаништето од кое нема напред. Водата е длабока и матна. Има само стоење во место, и назад. Напред нема. Или, иако се копнее за враќање кон нешто што било, часовникот којзнае кое време го покажува.
Во таа атмосфера на мечтаење, на помиреност со неможноста да „се вратат“ во Москва за која ги врзуваат спомените од детството и поубавиот живот, во желбата да се почне од почеток, изборот е ист: животот минува во надеж за подобри времиња. Секој е во својата корупка. Инсект на кој му е најудобно кога е стуткан во лушпата/листот/куќарката во која може да се скрие. На крајот сестрите се пак сами, трите на отворено, но илузијата/магијата е во идејата дека го прескокнаа малиот ѕид. Заминаа некаде, во своите мечти.    
Колку и да си поведен од ангажираноста на Поповски да го покаже кругот кој е секогаш затворен, а ликовите во него чувствуваат дека нешто ќе се случи, дека по мирно море доаѓа бура која ќе го однесе мирот на прикрепените за  пристанот, јасно е дека многу побитно му е да покаже дека неговите јунаци го чувствуваат невремето, но многу повеќе не знаат како да се однесуваат кон она што доаѓа. Пораката е: кога војските ќе заминат, од мртвата точка ќе се поместат и животите на јунаците, на сите нас денес и тука. Но каде и кон што!
Во тоа сурово старо/ново време на Поповски, има место за сите. За тимот  со кој постојано прави ангажиран театар - сценографката и костимографка Ангелина Атлагиќ, музичарот Кирил Џајковски, актерот Никола Ристановски, актерката Николина Кујача, и сега со актери од ансамблот на Битолскиот театар.
Во точно и докрај остварената идеја зошто сега и тука да се поставуваат „Три сестри“, екипата функционира во деталот на комплексноста на реализацијата. Јазолот на дејствието е на раскошно „соголената“ сцена на  Атлагиќ на која, како на подигнат ѕид над водата (пристан за мали кајчиња или бродчиња) се сите, освен на крајот војската и оние на кои, можеби, часовникот ќе им го покаже времето на новите простори на животот и љубовта. Сите во текот на дејствието менуваат повеќе костими кои Атлагиќ точно ги меша според идејата, потеклото, надежта, состојбата, вистината. Во таа состојба во која нема одговори на клучни прашања, фон е музиката на Џајковски.
На раскошниот лустер има место само за еден - за најмалата сестра Ирина на Николина Кујача која не сака да е мртва - сака да живее - но како!? Живеат ли другите - Олга на Елена Моше и Маша на Габриела Петрушевска!? Не, само се дават во времето/животот во кој се заринкани. Кој, и што е за нив Верешчагин на Никола Ристановски. Зошто е Андреј на Петар Горко заталкан во себе!? Зошто се сите насукани на животот кој има само една видлива страна: истекува од нив.
Одговорите се во нашата сегашна приказна. Се разбира, не од оваа на  театарската сцена. Изведбата на таа наша приказна, сместена во драмата на „Трите сестри“ на Чехов, е дали може да се почне од почеток. Во силината на проектот на Поповски, застанатото, жабуркаво време, е повод да се видиме себеси во одразот на театарско огледало. Силината на интерпретацијата извира од идејата и од играта на актерите гости: Никола Ристановски и Николина Кујача. Меѓутоа, и двајцата таа своја сила на интерпретацијата и на толкувањето на театарот на Поповски, ја пренесуваат и на другите. Сите влегуваат во жестокоста на бавноста на времето во кое само се копнее, мечтае, очекува, знае... и не се знае како натаму. Актерите и ликовите што ги интерпретираат Елена Моше, Петар Горко, Митко С. Апостоловски, Габриела Петрушевска, Валентина Грамосли, Петар Мирчевски, Иван Јерчиќ, Илко Стефановски, Михајло Петровски и Јоана Поповска, се нивни и за некои од нив шанса да покажат кои се и што с? можат на сцената. И во текот на речиси полните два часа на сцената, од нив извира нова актерска индивидуалност.
Како и секогаш кога инспирцијата и поттикот имаат основа и покренувачка сила врз другите, така е и сега. Ристановски и Кујача ги поведуваат другите во тивката битка со јазлите на времето, по љубовта, копнежот, немоќта за која, можеби, други ќе раскажуваат. Оние што ќе го најдат писмото откако тоа, ставено во шишето, ќе исплива до нечиј пристан.

Нова Македонија, 03.03.2004 г.