ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Тодор Кузманов: Хамлет за почетници

(„Хамлет за почетници“ авторски проект на Деан Дамјановски; продукција, Народен театар Битола)
Тодор Кузманов
Деан Дамјановски  уште на почетокот на својата кариера се легитимира како режисер со еден посебен сензибилитет и вокација како творец кој сака да експериментира и да истражува во доменот на театарскиот израз. Изборот на претставите  кои ги поставува го покажуваат неговиот интерес за понеобични сценски решенија, за оригиналност и секако иновација . Станува збор за постановките, на пример, на „Чернодрински се враќа дома“, „Жив чоек“ и „Духот на слободата“ од Горан Стефановски, „Во самотијата на памучните полиња” од Бернар Мари Колтес, „Горчливите солзи на Петра фон Кант“.... Оваа авторска линија продолжува и со неговиот најнов проект праизведен на сцената на Битолскиот народен театар и тоа на неговата мала сцена. Дамјановски овој пат се пројавува и како автор на драмската предлошка под наслов „Хамлет за почетници“ конструирајќи претстава – коментар на антолигиската тема за неодлучниот дански принц. Претставата во која се вклучени коментари на Шекспировата трагедија, изводи од неговата биографија и извори за нејзиното настанување, Дамјановски ја разложува на два дела, на два сценски простора. Дејството тече паралелно за две групи на гледачи, а актерите имаат сложена задача за прецизна изведба на обата дела. Самата претстава е структурирана како колаж или мозаик од клучните сцени на „Хамлет“ како што се на пример, Хамлет и духо, Хамлет и Офелија, Стапицата, Сцената во будоарот, Лудилото на Хамлет, Патот за Англија, Лудилото на Офелија, Двобојот со Лаерт...Притоа, изведбата на сцените е придружена од коментари (понекогаш тоа се и напатствија за тоа што ќе гледаме и што треба да очекуваме, односно каква е смислата на одредени сценски случувања кои ни ги упатуваат двајца раскажувачи).
Во ваквиот постмодернистички пристап во градењето на претставата (текст и режија), препознатливи се цитатите од „Хамлет – машина“ од Хајнер Милер кои и не значат друго туку подведување на класичната трагедија на современите поимања и конотации. Како е можна трагедијата денес и сега! Тоа понатаму претпоставува дека  психолошкиот  реализам во актерската игра е априорно исклучен како нешто што е безмалку анхронизам во добата на технократското информациско општество и епохата на глобализацијата. Токму, така. Претставата кореспондира со современите глобални процеси во кој индивидуата е бесчуствителна машина. Ликовите се речиси сведени на марионети кои исполнуваат одредени задачи по автоматизам. Тоа консеквентно значи стилизација на актерскиот учинок. Тие овде не доживуваат туку претставуваат и покажуваат, на примеер, како е убиен кралот Хамлет, како Полониј, како мајката на Хамлет, кралицата Гертруда му паѓа во прегратки на братот на мртвиот сопруг, Клавдиј, како Офелија полудува, како на патот за Англија принцот Хамлет ја открива заверата што му се подоготвува и како ги надитрува Розенкранц и Гилдестерн....Крајот ни донесува една мега смрт и сцена исполнета со лешеви. Останува Хорацио кој ќе ја раскажува и понатаму приказната и молкот. Барем привремено, додека се не почне одново. Тоа е уште еден наклон на постмодернизмот, рециклажата на настаните. Еден од методите или моделите применети во претставата, а особено во актерската игра секако е тавтологијата: некои сцени се играат неколкукратно. Се менува само интензитетот, темпото. На повидок е ставот дека ако го забрзате темпото од трагична ситуација добивате комичен ефект. Ваквото забрзано темпо во некои сцени го потсилува впечатокот на автоматизмот односно актерите како да се машини-роботи кои изведуваат програмирана матрица. Сето наведено оди во прилог на сфаќањето дека претставата всушност како да е создадена од  покуси етиди на зададени теми истргнати од Шекспировата трагедија и организирани во нов систем под наслов „Хамлет за почетници“.
Во вака конструираната претстава играта на целиот актерски ансамбл е, за жал, непродуктивна. Тие се на граница на позерство и себе покажување. Неповратно се губи можноста за поголем учинок отколку што е тоа стерилното дејствување. Иако со ова не се доведени во прашање поединечните проблесоци во одделни сцени или би се рекло секвенци на претставата генерално општиот впечаток не е изменет, па останува уверувањето дека е нужно нешто да се доработи, да се дефинира или можеби да се симне нешто што стои на патот за актерски вознес на сцената кој понесува и плени.
Огнен Дранговски и Иван Јерчиќ се во улога на наратори кои го водат и најавуваат дејството, женските ликови ги толкуваат Габриела Петрушевска, Илина Чоревска и Јулијана Мирчевска, а повеќе машки улоги им се доверени на актерите Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски и Васко Мавровски. Она што е недвојбено сигурно тоа е секако фактот дека станува збор за млади актерски сили и потенцијал со завидни можности, како индивидуално, така и како ансамбл.

Радио Скопје, 31.03.06