ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Анета Јанчевска: Театар кој се доживува

(Кон претставата „Хамлет за почетници“ во режија на Деан Дамјановски)
Анета Јанчевска
Она што можеби најмногу воодушевува во „Хамлет за почетници“ е принципот на кој Деан Дамјановски успеал математички точно да ги реши промените на сцените. Таму ништо не е едноставно и здодевно. Актерите постојано превираат од едната на другата страна водејќи се по принципот - излегувањето од една сцена, значи влегување на друга, си ги менуваат ликовите меѓусебно, мигновено излегуваат од една и влегуваат во друга ситуација... А, тоа е нешто што подразбира сериозен пристап кон осмислувањето на режисерскиот концепт и прецизност во решенијата

Изминаа цели пет века, а се уште се нема родено доволно вичен драмтург кој би можел да ги вкрсти копјата со незаменливиот британец Вилијам Шекспир. Веќе петстотини години овој гениј на пишаниот збор не создава, но се чини не доволно долго време за светот да престане да ги истражува неговите стихувани драми и да се обидува да одгатне некои нови тајни испишани по маргините на неговото творештво. Дека има уште многу што да се каже за овој елизабетански мајстор на трагедијата потврдува и најновиот театарски проект на Деан Дамјановски кој овој пат одлучи да се позанимава со феноменот „Хамлет“. Имено, тој на сцената на Народниот театар од Битола постави една многу необична пиеса насловена како „Хамлет за почетници“, која во петокот ја доживеа својата премиерна изведба.

Првата средба со сценографијата на оваа претстава открива дека Дамјановски ги напушта клишеата и конвенционалниот начин на играње театар. „Хамлет за почетници“ ја поставува камерно, но ја дели сцената на два дела. Што значи тоа? Актерите всушност добиваат две различни публики, одвоени меѓусебно со сценографијата-двоен параван, кој оневозможува следење на дејствието на другата страна. Публиката единствено може да чуе што се говори на другата страна од параванот, но не и да види. На секоја публика одделно и е доделен по еден водител кој најчесто на микрофон укажува на она што моментално го прават актерите на сцената, поточно ја прераскажуваат Шекспировата трагедија „Хамлет#. Но! Многу е важно да се напомене дека паралелното одвивање на дејствијата не е идентично, затоа што не секогаш она што се случува пред едната соодвествува со она што се случува пред другата публика. Дури и кога дејствието е исто, Дамјановски одлучил да постои разлика во интонацијата и расположението во репликите на протагониститте, кои во тој даден момент паралелно играат една иста сцена. Факт кој е за поздравување, бидејќи на тој начин се разбива монотонијата во слушањето на ехото кое доаѓа од другата страна. Воедно со тоа се добива можноста за проследување поинаква интерпретација на една иста сцена. Како актерите да добивале инструкции од двајца различни режисери.

Друг момент кој е особено потеницаран и кој го дефинира жанрот на „Хамлет за почетници“ е гротеската. Иако пиесата се занимава со една од најгенијално осмислените трагедии во историјата на светската литература, кај Дамјановски таа е преиначена во гротеска, но притоа не губи од својата повеќеслојна суштина, напротив укажува на тоа. Сето време актерите успешно манипулираат со можностите кои ги отвора тој жанр, но сепак имаат на ум дека нивна основна задача е држење час по „Хамлет“. Со ваквиот атрактивен начин на прераскажување на Шекспировата драма, режисерот добива на симпатии кај публиката која се повеќе бива вовлечена во она што неговата инсценирана студија има да и го понуди. Значи, гледачот добива можност целосно да ужива во театарот - да го збогатува своето знаење, а воедно и да се забавува.

Кога веќе го споменав збогатувањето на знаењето веројатно ќе прашате што уште може „ново“ да се научи за оваа толку проучувана и поставувана драма? Работата не е во тоа дека со „Хамлет за почетници“, режисерот претенциозно настојува да го наметне она што го научил и знае за оваа трагедија, туку едноставно да потенцира неколку интересни, значајни и не секому познати факти, притоа користејќи се со стручна литература од автори кои го минале својот живот во проучување на животот и делото на Вилијам Шекспир. Во тој контекст, оваа претстава помага да се појасни потеклото на приказната за данскиот принц Хамлет, некогаш, во некоја друга приказна познат и како Гонѕаго. Друг момент е употребата на првидението, духот на таткото Хамлет, кој во случајов Шекспир генијално го употребил во функција на развивање на дејствието како дух-пролог и дух-одмазда. Па, потоа и укажувањето на згрозеноста од сексот која Шекспир ја чувствувал приватно и која ја вемтнал во голем дел од своите драми, па важноста на ликот на Офелија, па смислувањето план за одмазда, па важноста на популарната реплика „Да се биде или не?“ и конечно начинот на кој Шекспир ја разрешува оваа драма со еден од најмаестрално напишаните пролози.

Она што можеби најмногу воодушевува во овој проект е принципот на кој Деан Дамјановски успеал математички точно да ги реши промените на сцените. Таму ништо не е едноставно и здодевно. Актерите постојано превираат од едната на другата страна водејќи се по принципот - излегувањето од една сцена, значи влегување на друга, си ги менуваат ликовите меѓусебно, мигновено излегуваат од една и влегуваат во друга ситуација... А, тоа е нешто што подразбира сериозен пристап кон осмислувањето на режисерскиот концепт и прецизност во решенијата. И од овој аспект, режисерот успешно го положил испитот.

Повторно Дамјановски за свои соработници одбира млада актерска екипа од Битолскиот театар. Габриела Петрушевска, Иван Јерчиќ, Огнен Дранговски, Јулијана Мирчевска, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски и Васко Мавровски како и секогаш расположени за театар и за експериментирање на полето на театарската уметност. Во секој момент, на секое ќоше од сцената се чувствува нивната силна пзоитивна енергија. Издвојувањето поединци во”Хамлет за почетници“ е тешко бидејќи место за поединци нема. Таму се мора да функционира тимски, уиграно и со максимална концентрација. А, очигледно таа тешка задача за овие осуммина актери не претставувала ама баш никаков проблем. Голема улога за успехот на оваа претстава игра и сценскиот дизајн на Филип Јовановски, кој не само што создал едноставно, но функционална сценографија, туку се потрудил и претставата да добие атрактивен, професионално изработен и високо квалитетен пропаганден материјал.

На крајот ќе си дозволам да се повикам на последните два од десетте совети за гледање на „Хамлет за почетници“ напишани од Деан Дамјановски, а објавени во брошурата, бидејќи со тие неколку реченици сосема искрено и едноставно е објаснета идеологијата на овој проект. Тој ќе рече: „Не обрнувајте внимание на гласовите кои се слушаат од другата страна на сцената. Таму некои други актери играат некоја друга претстава. Зашто нели, целиот свет е сцена..., а кога актерите ќе ја напуштат сцената, тие, просто, се појавуваат на некоја друга сцена, во некоја друга претстава... И последно, не заморувајте се премногу со тоа дали сте разбрале нешто или не. За ’Хамлет‘ и онака е веќе се кажано. А, ова... ова е сепак, Театар, а тој не треба да се разбира, туку да се доживува“.

Македонија денес, 03.2006