ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!

(За „Хамлет за почетници“; режија Деан Дамјановски; продукција НТ Битола)
Борче Грозданов
Легендарната приказна за данскиот принц, кој не се помирува со прељубата на својата мајка и за кого приказната завршува отровно е тема и дилема испишана и раскажана пред повеќе векови. Перото на мајсторот Вилијам Шекспир одлично (не вака бегло како во првата реченица) ја раскажал приказната за Хамлет, не знаејќи дека таа ќе повлече цела лавина на етичко-естетски размисли за тоа „Да се биде или не“ што е всушност и целта и битот на постоењето.  
Затоа и не зачудува интенцијата на режисерот Дејан Дамјановски да ни понуди еден наш, овдешен, денешен (а зар не е тоа?!) свеж Хамлет овојпат за почетници. Тој како на неопитни вљубеници во театарот ни ја раскажува својата приказна и светоглед за тоа кој бил и како опстоил данскиот принц Хамлет. Тој зборува за една конвексна приказна во која јунаците прават сцена во сцена, дишат искарикирано (не)морално, „недоволно учтиво“ ни предочуваат дека и ние сме дел од играта наречена Театар. Тоа сето на сцената (на која бевме и ние) на Битолскиот театар, ни го понудија разиграните трагикомичари Огнен Дранговски, Иван Јерчиќ, Габриела Петрушевска, Мартин Мирчевски, Ирина Чоревска, Никоја Пројчевски, Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски. Неисе, ќе речете непотребно редење зборови, особено имиња! Но, токму во идејата и светогледот се „стопени“ трудовите на овие осуммина актери без двојба подадени на проектот.
Дополнителен мотив за да се прифати играта „Хамлет за почетници“ е упатството кое Дамјановски, заедно со инвентивниот дизајнер Филип Јовановски и музичките секвенци избрани од Христо Бојаџиев ни ја „преџвакува“ содржината на тоа што и како ќе гледаме, што и како може да очекуваме, завршувајќи иронично поетски „И повторно раскажувачите и актерите излегуваат на сцената. Се подготвуваат за почеток на претставата. Но, која претстава! На која сцена“. За да видите зошто сето останато... „Е молчење!“, појдете, видете ја претставата!

Вечер, 16.03.2006