ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет

Наташа Бунтеска
Втората премиера на Народниот театар од Битола за ова сезона, претставата „Хамлет за почетници“ во режија на Деан Дамјановски,  ансамблот ја изведе во петокот вечерта.
Претставата е своевидна компилација од оригиналниот Шекпиров текст и од наследството кое го остава ликот на Хамлет во историјата на светската книжевност и култура.
„Хамлет за почетници“ е камерна постановка која се игра паралелно на две поврзани сцени, а предмет на претставата, колку што се варијациите на темата Хамлет, толку е и  експериментот наречен правење претстава. На сцената константно се умножуваат текстови, движења, звуци, правејќи еден повеќеслоен и повеќезначен мозаик. Режисерот Дамјановски, користејќи ја интереткстуалноста, оригиналните сцени од драмата за данскиот принц ги испресекува со коментари за историјата на овој текст пред Шекспир, за релацијата меѓу ликовите, вметнува  псигхоаналитички анализи за едиповиот комплекс,  детаљи кои можат да се искористат за учетсво на некој квиз, во претставта упаѓаат „академици“ и „доктори“ кои од денешен аспект ја коментираат приказната за Хамлет, асето тоа е зачинето со сцени кои ги допишал режисерот.

Вметнатите елементи тој ги позајмил, меѓу другите, од Том Стопард, Хајнер Милер, Брехт, Фројд.
Со сите изразни средства кои ги користи овој „Хамлет за почетници“, чиј наслов е позајмен од познатите стрип изданија од историјата на цивилизацијата, успева да ја потенцира севремената димензија на Хамлетовиот лик, кој подеднакво успешно се вклопува и во елизабетанската ера и во 21 век.
Во експериментот на Дамјановски одлично пливаат осуммината актери од Битолскит театар: Огнен Дранговски, Иван Јерчиќ, Габриела Петрушевска, Мартин Мирчевски, Илина Чоревска, Николче Пројчевски, Јулијана Мирчевска и Васко Мавровски.

Време, 13.03.2006