ФДУ
   Институт за театрологија
 Проекти
 Контакт
 Линкови


© Институт за театрологија, 2004.

[ фестивали | time-line | личности ] [ театролошки изданија | театар-текст мак-драма ]


Рецензии: Народен театар - Битола

Народен театар - Битола

Борче Грозданов: За насушната потреба - животот
Иван Додовски: Пожар и нежност
Лилјана Мазова: На работ на спознајната (не)извесност
Цветанка Зојчевска: Поетика и манипулација
Цветанка Зојчевска: Изгубена комуникација
Цветанка Зојчевска: Во Битолски театар се бранеше честа
Илија Упалевски: Без режисерски концепт и актерско остварување
Илија Упалевски: Интертекстуалноста - стапица за актерската екипа
Цветанка Зојчевска: Аста ла виста Слободо
Илија Упалевски: Естетскиот крик како жртва на детаљот
Борче Грозданов: Тимон ги разбуди сетилата
Борче Грозданов: Се видовме во шекспировото огледало
Емилија Матаничкова: Нови барања и потреби на театарот
Цветанка Зојчевска: Одамна е се прочитано, ништо не е сменето
Ердоан Максут: Претстава од соништата со три принципи
Илија Упалевски: Пот и „недоразбирања“
Илија Упалевски: За моќта и за нејзините жртви
Анета Јанчевска: Оригинален перформанс на живи тела и енергии
Илија Упалевски: Просечна комедија и изморен хумор
Лилјана Мазова: Знаци на заедништво меѓу актерите и публиката
Наташа Бунтеска: „Женидба“ - претстава што ветува
Тодор Кузманов: Подзаборавениот Островски
Анета Јанчевска: Ние во огледалото на Гогољ
Панде Манојлов: „Женидба“ на ниво
Тодор Кузманов: Модерна постановка
Наташа Бунтеска: Експеримент кој ја нагласува севременоста на темата Хамлет
Борче Грозданов: Хамлет е и ова - ДА!
Анета Јанчевска: Театар кој се доживува
Тодор Кузманов: Хамлет за почетници
Борче Грозданов: Една поинаква слика на потрагата по коренот
Цветанка Зојчевска: Чудото на Цветановски
Борче Грозданов: Шекспир и Јонеско како опомена
Цветанка Зојчевска: Моќта како гротеска
Лилјана Мазова: Јазол во кој е жртвувана актерската енергија
Лилјана Мазова: Принципот еднаков - претставите различни
Цветанка Зојчевска: Сакајте си ја вагината
Борче Грозданов: Свирачот... не крена на нозе
Лилјана Мазова: Емотивна приказна со збор, музика и игра
Борче Грозданов: Катастрофален филм
Цветанка Зојчевска: Навредливо лошо
Александра Бошковска: Разидување меѓу текстот и режисерскиот концепт
Лилјана Мазова: Црна пасија за црната чума
Лилјана Мазова: Низ лавиринтот на животот
Лилјана Мазова: Зошто свињите не летаат?
Александра Бошковска: Сосема обична претстава
Александра Бошковска: Композиција со добри актерски остварувања
Лилјана Мазова: „Медеја“ во народниот театар во Битола: Крик против рамнодушноста
Лилјана Мазова: Моќна приказна за борбата против злото

______________________________________________________

Тодор Кузманов: Модерна постановка

(„Женидба“ од Гогољ; режија Лилија Абаџиева к.г. од Бугарија; продукција, Народен театар Битола)
Тодор Кузманов
Апсолутно модерна и невообичаена постановка на антологиското дело на Гогољ, „Жендиба“. Тоа е очекуваниот резултат од ангажманот на гостинскиот режисер од Бугарија Лилија Абаџиева, инаку  за нашата театарска публика веќе позната по гостувањето на нејзините претстави на Младиот отворен театар во Скопје, на сцената на Битолскиот народен театар. Согласно на своите принципи за сфаќањето на театарската претстава како показ на животот на духот, како копнеж по апсолутното, како познание и самопознание, како субјективност која се апсолутизира и слично на тоа (овие нејзини тези се поместени во спиаснието „Хомо Луденс“), таа и во постановката на „Женидба“ се интересира за филозофските и есенцијални значења на самиот поим и феномен на соединувањето меѓу мажот и жената, неговото значење кое е спротивно за половите, ( за мажот тоа е страв од губење на сопствената личност, за жената пак апсолутна самореализација). „Женидба“ на Абаџиева и на Битолскиот драмски ансамбл е непрекинато приближување и оддалечување, привлекување и одбивање кое на фонот го следат општествените нормирања на материјата во формата на брачната врска,  која Абаџиева ја дефинира како романтична утеха.
Промислувајќи ја суштината на љубовта и интеракцијата помеѓу половите Абаџиева „Женидба“ ја преточува во ведра и динамична театарска претстава со ефектна и изобразена актерска креација низ која ликовите се трансформираат во кукли - центри за прием и емитување на сигнали. Тоа се сигнали на симпатија или антипатија кои соодветно ги организираат ликовите и ситуациите односно мизансценот. Во режиската постановка се испочитувани клучните моменти на текстот за да се пресоздаде приказната за љубовта во необични околности и варијанти со неспорна поетичност и лиричност, наспроти на моменти исценираниот трагизам на ситуациите. Ведрината и динамиката на сценската постановка само треба да ја олесни средбата со апсурдот и премрежијата низ кои минуваат главните ликови Поткалјосин и Агафја Тихоновна. Сите ликови без исклучок се предадени во една карикатурлна и карикирана форма со анимација која е еквивалент на можностите на новата технологија за монтажа на ситуациите и мизансценот.
Во оваа констелација на групна и ансамблова актерска игра сепак со своите индивидуални креации се наметнуваат Викторија Степановска во ролјата на момата за мажење, маанџиката Агафја Тихоновна. Во приодот на Степановска можат да се почуствуваат валерите на ликот кој страда и се радува и кој во даден момент ќе биде во екстатичен љубовен занес. За миг. Потоа се ќе се сруши. Идилата завршува неочекувано и брзо како што и дошла. Ова, може да се смета и за промотивна ролја на младата Викторија Степановска инаку се уште студент на четврта година на ФДУ во Скопје. Со својата креација на ликот на еден од кандидатите за женење, Жевакин, Мартин Мирчевски го потврдува својот веќе препознатлив актерски сензибилитет, истенчен усет за пласирање на реплика комбинирана со соодветна гестикулација кои заедно резултираат во ефектни и виртуозни актерски минијатури. Тука уште би ја издвоиле и креацијата на Иван Јерчиќ во улогата на Кочкарјов, наводаџијата и пријател на несудениот младоженец , Потакалјосин. Јерчиќ гради лик кој што е сврзно ткиво и анимир мајстор за сплеткарење за ја постигне целта. Негов пандан во женскиот дел на ансамблот е Кристина Христова Николова во ролјата на стројничката Фјокла која со завиден успех креира замешатлество низ итрина и лукавост. Габриела Петрушевска во ролјата на тетката на Агафја Тихоновна е ангелот чувар на семејната чест и достоинство. Симпатични епизодни ролји  понудуваат Илина Чоревска и Никола Пројчевски. Како успешни, но не толку индивидуализирани и оригинални можат да се сметаат и креациите на останатите актери во оваа претстава. Тоа се Огнен Дранговски, Методија Колоски, Рубенс Муратовски и Никола Пројчевски.
Сценографијата на Васил Абаџиев, исто така, гостин од Бугарија е сведена на детализиран декор и главно чист, празен сценски простор во кој се распостила и доминира во суштина разиграниот и амбициран актерскиот ансамбл, облечен (а во некои сцени и соблечен) во живописните костими на Благоја Мицевски. Изборот на музиката е на режисерот Лилија  Абаџиева.
„Женидба“ во секој случај означува успешен старт во тековната 2006-та година и вонсериско театарско остварување на Битолскиот драмски ансамбл кое навестува и нова актерска енергија и потенцијал.

Радио Скопје, 02.2006